(МЕГА ГАЛЕРИЈА) Car Club – Кичево присуствуваа на традиционалното дружење „10 години Car Show“ – Прилеп

Нашите членови од автомобилскиот клуб – Кичево денес на официјалната покана од пријателите и организацијата на шоуто на град Прилеп беа присутни и зедоа свое учество по повод 10 годишното традиционално автомобилско шоу-представување кое е во покровителство на Општина Прилеп.

На истото можеше да се видат голем број на спремни и модифицирани возила, многу труд, забава и награди за највредните, за најспремен мотор, најбрз, најспуштено возило, и другите категории..
Се помина во најдобар ред и љубителите буквално уживаа поминувајќи го времето таму..

Во знак на благодарност на учеството, Кичевчани заслужено добија плакета од организаторите..

Во прилог официјална галерија преку нашиот објектив на Порта.МК