(ВИДЕО) Гуми кои сами ќе ви дадат знак кога да ги замените!

407

Доколку немате професионално лице при рака, монетата исто така може да послужи како индикатор дали е време за замена или старите гуми уште можат да бидат во функција.

Доколку би зборувале за некаков си просек, автомобилските гуми би требало да ги менуваме по секои поминати 50.000 километри. Од прилика, тоа е моментот кога стануваат опасни бидејки престануваат квалитетно да “служат”, но не би било лошо да се проверат и порано, особено доколку често возите.

Во секој случај би било добро да го посетите најблискиот вулканизер, пред се доколку не сте сигурни во вашите гуми.

Едни такви гуми станаа хит на интернет поради корисниот индикатор (повеќето имаат некаков индикатор), па откако ќе ја погледнете фотографијата, погледнете го и видеото во кое ќе ви го претставиме т.н “penny test”. Истото можете да го направите и вие со монета од 10 денари.

Сигурноста нека ви биде на прво место.