„Instagram“ воведува нова опција која ќе се однесува на „Facebook“

Корисниците на Facebook наскоро ќе можат да гледаат Instagram Stories на своите профили.

Имено, Instagram ја тестира можноста корисниците истовремено да ги објавуваат своите постови и на Facebook, пишува Daily Mail.

Станува збор за дел од поголема стратегија преку која Facebook ќе го префрли успехот од другите платформи и на својата главна социјална мрежа.

Некои корисници веќе пријавиле дека кога нешто објавуваат на Instagram, гледаат опција и за објавување на Facebook.

Instagram веќе потврдил дека врши тестирања, но не споделиле никакви други информации.

“Секогаш ги тестираме разните начини со цел да го подобриме искуството на Instagram и да ви олесниме да го споделите секој момент со луѓето кои ви се драги”, изјавиле од Instagram.

Facebook Stories глобално започнаа да се употребуваат во март 2017. година, но не се покажаа како претерано успешни, а многумина ги сметаат за најобичен клон на Snapchat. Од друга страна, Instagram постигна голем успех со ваквата опција.