Навивачите со апел за помош на Напредок

Како навивачка група пред се како луѓе кои го сакаат спортот денес решивме да се собериме и да им дадеме подршка на фудбалерите на Напредок кои со срце без никаков придонес ги бранат боите на нашиот клуб Напредок и го претставуваат нашиот град. Тука сме за работите да тргнат од мртва точка да се најде некакво решение за понатамошно функционирање.

Неможеме да ги критикуваме нашите фудбалери за резултатите до сега кога немаат минимални услови за работа и без никакви приходи.Во најбрз можен рок е потребно тренер на екипата и управа на клубот која ќе се бори за подобри услови. Како навивачка група Ѓаоли стоиме на располагање за наши членови да бидат дел од управата на клубот и да помогнеме во секоја задача што ќе ни биде зададена.

Ги замолуваме сите Кичевчани кои се во можност да помогнат финансиски додека не се формира нова управа и не се средат работоте во нормала истакна еден од членовите на навивчката група Ѓаоли Дејан Деспотоски-Деко.

Сметка за донирање:
FK Napredok 1 Kicevo 200001273154286 Stopanska Banka
Одговорно лице: Злате Петрески

Фото: Бојан Велески