Еве една поучна приказна за оние кои постојано се жалат

Еден ден, човек поминувал покрај некоја куќа кога видел старица во столица за лулање. Покрај неа, во иста столица се лулал старец и читал весник, а помеѓу нив на прагот од куќата лежело киче кое завивало, како нешто да го боли.

Човекот кој поминувал се изненадил, и се запрашал зошто кучето толку жално завива.

Следниот ден повторно поминал покрај истата куќа. Повторно го видел стариот пар кој седел во столиците, а кучето како завива.

Загрижен човекот си ветил дека доколку и утре ја види истата слика, ќе ги праша кој е проблемот со кучето.

Третиот ден, на свое изненадување повторно ја видел истата ситуација: старицата се лула, старецот чита весник, а кучето на истото место, жално завива.

Повеќе не можел да издржи:

-Извинете, госпоѓо – и се обратил на старицата – што се случува со вашето куче?

-Со него? – Он лежи на своите шајка.

Изненаден човекот прашал:

-Доколку кучето лежи на шајка, и доколку го боли, зошто тогаш едноставно не стане?

Старицата се насмеала и со пријатен глас одговорила:

-Значи, драг мој, го боли толку за да може да завива, но не доволно за да стане од тоа место.