Кичево
Дечињата од Кичево маскирани во најразлични маски го одбележаа 1-ви Април (ФОТО)
Во центарот на Кичево, со заедничка забава и со маскенбал на учениците од основните училишта и градинките, беше одбележан, Денот на шегата 1 април. Во шаренилото костими најмладите жители на Кичево накратко се претворија во ликови од нивните сништа.
Можеше да се забележат индијанци, каубојци, политичари, пеперутки, балетанки, полицајци и што уште не. Настанот беше збогатен и со забава организирана од страна на аниматор, а тука беше и неизбежниот кловн, со кого повеќето костимирани деца направија заеднички фотографии. Оние најмалите дечиња од градот кои не се во градинка, на оваа забава беа во придружба на нивните баби и дедовци.
– Отсекогаш сум сакала да бидам докторка и еве денес, на први април мојата желба барем накратко ми се исполни- со насмевка рече Симона.
Присутните родители и граѓани беа презадоволни од целокупната организација и масовноста на одбележување на овој ден.
– Ова е убав настан пред многу граѓани и дечиња од училиштата. Разновидните костими и шаренилото на бои оставија преубав впечаток за сите нас. Видливо е дека родителите се потрудиле и направиле костими кои наликуваат како оние од филмското платно- вели Наташа, мајка на две дечиња дел од овој маскенбал.
Текст и фото: Зоран Антоски
Кичево
(ВИДЕО) Конечно во етер „Spring Waltz“ на Лука Лазарески од Кичево, големиот виртуоз на пијано за кој допрва времето доаѓа..
После солистичкиот концерт на 22.12.2023 со мотото „Stars without a Sky“, тимот на Лука Лазарески продолжува со макотрпна работа, сега со креирање на аудио и видео записи. Во агендата ова е прво видео, додека на плејадата се токму 8.
Овој млад виртуоз кој ја има поддршката речиси од сите, се разбира и од нас како медиумски покровители, несомнено ќе биде еден од истакнатите ликови кој Македонија ќе се гордее кога е во прашање пијаното, така што додека неговата работа ја следат токму сите светски и реномирани компании, вредно е преку нашиот веб простор да им се заблагодариме во име на тимот на Лука, а тоа се: „iStyle Premium, Atlantic Grupa, „ATVA“ Residence, Маркети „АТВА“ и останати“
Сега, ве препуштаме да уживате во одличниот видео запис и прекрасната „Spring Waltz“, отсвирена на 8-ми мај 2022 година во чест на Владиката Партениј, Игумен на Бигорската обител, на големиот Велигденски концерт во Кичево – „На многаја лета, Владико на нашите срца!“
Повеќе за неговиот концерт ќе најдете на официјалниот линк ТУКА
Кичево
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
Мнистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на Одделението за внатрешни работи Кичево и Полициските одделенија Зајас и Осломеј кои се во негов состав.
Во рамки на посетите министерот Тошковски одржа состаноци со раководствата на организациските единици и беше запознаен со структурата, тековните активности, движењето на криминалитетот и состојбата со човечки ресурси и техничка опременост.
– „Генерално на територијата на ОВР Кичево каде живеат повеќе од 50 илјади жители има стабилна безбедносна состојба и има над 50% реализација на кривични дела и покрај фактот што има ниска пополнетост со полициски службеници и стари возила. Што се однесува до Полициските одделенија Зајас и Осломеј се забележува намалување во делот на евидентирани нарушувања на јавниот ред и мир, а во делот на човечки ресурси и материјално-технички средства состојбата е како и во најголемиот дел од организациските единици“, за медиумите истакна министерот Тошковски.
ФОТО:
Извор: Министерство за внатрешни работи
Кичево
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
Кичевското осново училиште Д-р „Владимир Полежиноски“ оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска во рамките на проектот „Размислувам, избирам, учествувам, Ученикот како активен граѓанин.“
Утре петок, 19.04.2024, со почеток од 11:00 до 13:00 часот во училиштето ке се одржи „Safe Spot Festival“ со тема – Интернет безбедност, така што колегиумот упатува покануваме до сите, да присуствуваат на овој настан, ќе биде забавно.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (19 април)
-
Хороскоп17 часа
Хороскоп за сабота (20 април)
-
Култура1 ден
Кичевчанецот Зоран Стефаноски го претстави својот нов соло проект наречен Fly Above
-
Балкан18 часа
Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во нејзиниот стан, жалната вест силно одекна во Србија, колегите и блиските се простуваат од неа
-
Кичево2 дена
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
-
Кичево19 часа
(ВИДЕО) Конечно во етер „Spring Waltz“ на Лука Лазарески од Кичево, големиот виртуоз на пијано за кој допрва времето доаѓа..
-
Спорт23 минути
(ФОТО) „ФК Кичево“ со денешната победа ја потврди шампионската титула во регионалната лига за гененерација 2009, честитки за поголеми успеси!
-
Временска прогноза15 часа
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи