Следете не

Без категорија

10 беспрекорни трикови кои ќе ве направат „мајстор“ за бакнување

Објавено пред

на

„Мајсторството“ на добариот бакнеж воопшто не е лесно. Потребни се многу тренинзи, смиреност, самодоверба, прецизност и шарм. Некои луѓе имаат природен талент за бакнување, но на други не им оди баш така лесно.
За да станете вистински специјалисти во бакнувањето, видете кои техники треба да ги совладате:

1. Освежете се себеси. Прво треба да го освежите вашиот здив, па бакнежот да биде исто така пријатен и за вашиот партнер.

2. Вистинскиот момент. За да ги „стресете“ колената на вашиот/та партнер/ка треба да процените кој е вистинскиот момент за да го/ја бакнете.

3. „Работете“ со очите. Вашите очи треба да „разговараат“, да заведат, да пленат пред да го/ја бакнете вашиот/та партнер/ка.

4. Не брзајте. Бакнувањето е интимен гест каде што треба да се фокусирате на моментот и радоста. Заборавете на светот околу вас.

5. Бидете внимателни со јазикот. Не мора да одите премногу длабоко. Ниту, пак, треба да биде нестрасен. Границата е тенка. Вежбајте пред огледалото. Едно од најомразените нешта е длабокото навлегување на јазикот во устата на партнерот.

6. Бидете спонтани. Колку поспонтан е бакнежот толку е поубав.

7. Контрола на плунката. Една од најодвратните работи во бакнувањето е присуството на многу плунка. Не е потребно објаснување зошто.

8. Вклучете го целото тело во искуството.Притиснете го партнерот кон вашето тело, движете ги рацете на грбот, вратот, половината. Ова ќе ја зголеми вашата интимност.

9. Запознајте се со ерогените зони на партнерот. Додека се бакнувате, можете да ги стимулирате со рацете или јазикот.

10. Допирајте ја косата. Ова ја зголемува интимноста и го прави бакнежот бесконечно совршен.

Без категорија

Нова луда закана од YouTube: „Ако блокирате реклами, плеерот ќе биде оневозможен“ (ФОТО)

Објавено пред

на

Новата закана на YouTube е дел од продолжувањето на неговата агресивна кампања против блокаторите на реклами и предупредува некои корисници дека плеерот престанува да работи по три блокирани видеа.

Популарната платформа повторно експериментира со кампања против блокирање реклами за да ги принуди корисниците да се префрлат на платената услуга „YouTube Premium“. Некои корисници пријавиле дека додека го користеле, добиле закана од YouTube во скокачки прозорец со предупредување дека плеерот ќе биде блокиран по три видеа ако продолжат да користат блокатори на реклами.

Исто како и во претходното тестирање за забрана за блокирање реклами, скокачкиот прозорец понуди „објаснување“ што требаше да го оправда потегот. Имено, платформата посочува дека рекламите ја прават услугата достапна за милијарди корисници ширум светот, а со платената верзија, рекламите исчезнуваат додека креаторите на содржини продолжуваат да заработуваат.

Претходните скокачки прозорци само ги предупредуваа корисниците дека екстензии на веб-прелистувачи за блокирање реклами не се дозволени на платформата и дека се против условите за користење. Меѓутоа, бидејќи не многу луѓе го пријавиле проблемот, се чинеше дека експериментот можеби нема да започне.

Прочитај повеќе...

Без категорија

Колку чини производството на iPhone 14 Pro Max?

Објавено пред

на

Сите знаеме колку iPhone 14 се продава за различни варијанти на телефони на Apple, но сигурно често сте се прашувале колкава е нивната цена на производство. Кога станува збор за моделот iPhone 14 Pro Max, Counterpoint Research ни го дава одговорот на тоа прашање. Според податоците собрани од нивна страна, вкупната цена на компонентите што го сочинуваат телефонот, во верзијата со 128 GB простор за податоци чини 464 долари.

Според Counterpoint Research, споменатата цена на чинење на делови за iPhone 14 Pro Max е за 3,4 проценти повисока од деловите инсталирани во iPhone 13 Pro Max. Разликата во цената е затоа што новата верзија користи понапредна (поскапа) главна камера со резолуција од 48 MP, како и нов дисплеј. Од друга страна, некои други компоненти поевтинија, со најголем пад, поради масовното производство, на компонентите поврзани со 5G технологијата (13 проценти). Инаку, чипот A16 Bionic е за 11 долари поскап од чипот A15 Bionic, а неговата цена сочинува околу 20 отсто од вкупната цена на сите компоненти во телефонот iPhone 14 Pro Max.

Секако, за да се добие конечната цена на производството, потребно е да се додадат трошоците за работа на склопување на телефонот, трошоците за пакување и дистрибуција до продавниците. Дополнително, во цената на чинење треба да бидат вклучени и активностите за истражување, развој, продажба и маркетинг на Apple. И покрај малку повисоката цена на компонентите, iPhone 14 Pro Max чини исто како и iPhone 13 Max (кога беше пуштен во продажба). А еден од најголемите „скокови“ на трошоците за производство се случи помеѓу производството на сериите телефони iPhone 11 и iPhone 12. Тогаш цените на компонентите пораснаа за цели 26 отсто, пред се поради инсталирањето на тогаш новите (и прескапи) 5G модеми.

Извор: 9to5mac

Прочитај повеќе...

Без категорија

Кичевскиот оператор „Cable Call“ распишува оглас за работа, аплицирај и стани дел од успешен тим!

Објавено пред

на

Кабелскиот TV оператор, телефонија и интернет „Cable Call“ кој поседува иновативно портфолио на услуги за приватни и деловни корисници поради проширување на својата работна дејност за претстојниот период има потреба од теренски работници (монтер) за кичевскиот регион.

Cable Call“ нуди одлучни услови за тимска работа, навремена плата, осигурување на работникот од моментот на започнување со работната дејност.

Сите заинтересирани може да испратат „CV“ преку електронска форма на [email protected], да контактираат на тел. бр 078/410-393 или да ја посетат канцеларијата на „Cable Call“ на адреса ул. Бул. Ослободување бр. 60 – Лок./4 Кичево.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт1 час

Бугарскиот тениски судија Павел Атанасов трајно суспендиран да суди и да присуствува на тениски настани организирани од ИТИА

Бугарскиот тениски судија Павел Атанасов е доживотно суспендиран поради 21 прекршувања на тениската антикорупциска програма (TACP), извести вчера Меѓународната агенција...

Временска прогноза1 час

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи

Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд...

Хороскоп4 часа

Хороскоп за сабота (20 април)

ОВЕН Се чувствувате одлично и ќе треба да го споделите вашиот оптимизам со другите, но исто така и финансиите. Само...

Балкан5 часа

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во нејзиниот стан, жалната вест силно одекна во Србија, колегите и блиските се простуваат од неа

Водителката Бојана Јанковиќ (поранешен Николиќ), која се прослави како водителка на култното шоу на Пинк „Град“, е пронајдена мртва во...

Кичево5 часа

(ВИДЕО) Конечно во етер „Spring Waltz“ на Лука Лазарески од Кичево, големиот виртуоз на пијано за кој допрва времето доаѓа..

После солистичкиот концерт на 22.12.2023 со мотото „Stars without a Sky“, тимот на Лука Лазарески продолжува со макотрпна работа, сега...

Спорт14 часа

Во недела град Велес е домаќин на футсал финале во рамките на „Купот на Македонија“, за трофејот ќе се борат „Клими“ и „Форца 2015“

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македонија. Финалната пресметка...

Гејминг15 часа

World of Warcraft доаѓа на конзоли?

Идејата дека World of Warcraft би можел да дојде до конзолите е пуштена безброј пати, а изгледа дека Blizzard конечно...

Култура15 часа

Кичевчанецот Зоран Стефаноски го претстави својот нов соло проект наречен Fly Above

Неговиот седми музички проект „Fly Above“ штотуку е објавен на Youtube, зад себе има уште шест музички проекти наречени “The...

Lifestyle15 часа

Дали витаминот Д може да го запре процесот на стареење?

Витаминот Д долго време се сметаше за поволен кандидат бидејќи е важен за градење мускули и коски, кои имаат тенденција...

Магазин15 часа

Meta интегрира чет-бот со AI во пораките на Instagram

Зошто да разменувате пораки со пријателите кога можете со бот? Meta го инјектира истиот четбот во секоја апликација што ја...

НАЈЧИТАНИ