Следете не

Без категорија

11-ти Март (На денешен ден)

Објавено пред

на

1544.- Во Соренто бил роден Торквато Тасо, италијански поет. Се сметал за најголем италијански поет во периодот меѓу Петрарка и Леонардо. Живеел во времето на ренесансата, а во својот богат опус настојувал да ги изрази моралните дилеми на своето време, да го фиксира судирот меѓу доброто и злото, меѓу пороците и доблестите. Најпознати негови дела се „Ослободениот Ерусалим“, „Аминта“ и „Реторисмондо“. Умрел во Рим, на 25 април 1595 година.

1820.- Умрел американскиот сликар Бенџамин Вест. Последните години од животот ги помина во Лондон, каде што го портретирал британскиот крал Џорџ Трети.

1885.- Роден е англискиот возач на брзи автомобили и чамци Малколм Кемпбел, кој меѓу 1924 и 1935 година деветпати го соборил светскиот брзински рекорд во возење автомобил, а меѓу 1937 и 1939 година трипати во возење чамци. Во 1935 година станал првиот човек кој со автомобил возел побрзо од 300 милји на час (483 километри). Неговите рекорди ги соборил синот Доналд, кој во 1967 година загинал со чамецот „Сина птица“, при поставувањето на новиот светски рекорд на вода од 527,9 километри на час.

1892.- Роден е американскиот филмски режисер Раул Волш. Филмови: „Багдатскиот крадец“, „Цената на славата“, „Умреа во чизми“, „Џентлменот Џим“, „Сребрената река“, „Светот во негови раце“, „Голи и мртви“.

1908.- Умре Едмондо Де Амичис, италијански писател и патописец. Неговите дела, романот за деца „Срце“ и патописот „Холандија“ се преведени на сите јазици во светот. Роден бил во 1846 година.

1915.- Велика Британија ја почнала блокадата на Германија во Првата светска војна.

1916.- Роден е англискиот државник и публицист Џејмс Харолд Вилсон, водач на Лабуристичката партија и премиер на Велика Британија од 1964 до 1970 и од 1974 до 1976 година. Дело: „Војна против сиромаштијата во светот“.

1917.- Избувнала Февруарската буржоаска револуција во Русија (според стариот календар – на 26 февруари).

1917.- Британските трупи го зазеле Багдад во Првата светска војна.

1918.- Советската влада на чело со Владимир Илич Ленин и ЦК на РКП се преселила од Петроград во Москва. Тогаш Москва станала престолнина на првата социјалистичка земја во светот.

1931.- Во Куманово е роден Драгутин Аврамовски – Гуте, македонски академски сликар и графичар. Тој е еден од првите македонски припадници на апстрактното сликарство и има особен придонес за развитокот на современиот графички израз во Македонија. Се занимавал и со сценографија и илустрација. Умрел во Скопје, на 12 септември 1986 година.

1938.- Трупите на фашистичкиот Трет Рајх влегле во Австрија.

1941.- Американскиот Конгрес, на иницијатива на претседателот Френклин Рузвелт, го усвоил „Законот за заем и наем“, со кој било овозможено државата да може сите воени материјали да ги продаде, пренесе, замени, позајми, да ги даде под закуп. Со овој закон Велика Британија добила значителна помош во оружје во Втората светска војна, а САД официјално останале надвор од војната.

1943.- Фашистичките окупатори извршиле општа блокада и рација за собирање на Евреите во Македонија. Недвижните имоти на Евреите биле конфискувани, а покуќнината ограбена. Откако сите Евреи (од Скопје, Битола, Велес, Штип и од други места) биле собрани во Монополот во Скопје, на 22 март биле транспортирани во логорот на смртта „Треблинка“ во Полска, во кој, по извесно време, германските фашисти ликвидирале над 7.000 лица.

1945.- Во Македонија почнале првите слободни избори за селски, градски и околиски народноослободителни одбори. На овие избори кои траеле до 25 март, за првпат гласале и жените, лицата со навршени 18 години и сите припадници на тогашната армија.

1955.- Умрел Александар Флеминг, шкотски микробиолог. Во 1928 година открил дека габите на мувлата го спречуваат развитокот на некои микроорганизми. Ова откритие Флеминг го нарекол пеницилин, чија масовна примена започнала во 1942 година. За ова откритие, заедно со Флореј и Чаин, во 1945 година ја добил Нобеловата награда за медицина. Роден е во Лохвилд, на 6 август 1881 година.

1975.- Во Лисабон згаснала буната на падобранските единици против левичарската воена влада, а поранешниот претседател генералот Антонио Рибеиро де Спинола побегнал со група офицери во Шпанија. Следниот ден бил основан т.н. Револуционерен совет за продолжување на револуционерниот процес започнат на 25 април 1974 година со соборувањето на режимот кој во наследство го оставил Антонио де Оливеира Салазар.

1976.- Поранешниот претседател на САД Ричард Никсон признал дека во 1970 година и наредил на Централната разузнавачка агенција да спречи Салвадор Аљенде да стане претседател на Чиле. ЦИА при соборувањето на Аљенде во 1973 година пресудно го помогнала воениот заговор на генералот Аугусто Пиноче.

1985.- Ден по смртта на Константин Черњенко, за генерален секретар на Централниот комитет на владејачката Комунистичка партија на Советскиот сојуз бил избран Михаил Горбачов.

1990.- Литванското собрание ја објавило независноста од Москва. Литванија е првата советска република која излегла од Советскиот Сојуз.

1992.- Постариот водник Санко Ангеловски, за првпат на македонски јазик, ја прими должноста командир на караулата „Рамна Нива“ на македонско-бугарската граница во близина на Крива Паланка од својот претходник, старешината на сојузната војска Радослав Милошевиќ. На граничниот јарбол се завиорило македонското знаме.

1996.- Република Македонија била примена за 39-ти рамноправен член во Северноатлантскиот совет за соработка.

1996.- Со одлука на Советот на европските министри, Република Македонија била примена во Клубот на земјите-членки на ФАРЕ.

2002.- Во Скопје умрел Илија Милчин, македонски артист и преведувач, почесен член на Друштвото на писателите на Македонија. Роден бил во Прилеп, на 19 јуни 1918 година.

2003.- Во Хаг бил инаугуриран Меѓународен кривичен суд. Пред овој суд, кој има мандат да суди само за дела сторени по 1 јули 2002 година, можат да се поднесат тужби за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото.

2004.- Во терористички напад на Ал Каеда на возови во Аточа, главниот железнички јаз во Мадрид, загинале 191, а повредени биле околу 1.500 луѓе.

2006.- Умрел Слободан Милошевиќ, поранешниот претседател на Србија и на Сојузна Република Југославија. Милошевиќ бил пронајден мртов во својата ќелија во затворот на Хашкиот трибунал во Шевенинген, во кој се наоѓал од јуни 2001 година.

2011.- Силен земјотрес со интензитет од 8,8 степени според Рихтеровата скала го погодил североисточното крајбрежје на јапонскиот остров Хоншу, создавајќи четириметарски бранови кои предизвикале разурнување во префектурите Мијаги и Фукушима. Епицентарот на потресот бил на 125 километри источно од островот Хоншу, на 10 километри под дното на Тихиот Океан. По првиот земјотрес следувале уште серија вторични потреси меѓу кои четири со интензитет од 7,1 степени. Потресот предизвикал прекин во снабдувањето со електрична енергија на единствениот реактор на „Фукушима 1“.

2012.-Умрела Нелја Алексеевна Гулчук, руски филмски режисер, сценарист и писателка. Авторка била на повеќе сценарија и режисер на повеќе музички, долгометражни, сериски и стереоскопски филмови. Освен на трите романи за Александар Македонски, авторка е уште на неколку историски романи – „Круна од трње“, Катерина де Медичи“, „Кралот на Сонцето“ и „Бисерот на Валоа“. Родена била на 6 јули 1941 година во Москва.

2016.- Починал Александар Стојановиќ, балетски уметник од првата генерација на уметници кои ја втемелиле оваа уметност во Македонија. Стојановиќ посебно ќе биде запаметен по улогите на Алберт и Хиларион во „Жизел“, Жан де Бриен во „Рајмонда“, Ромео „Ромео и Џулиета“, Лабин во „Лабин и Дојрана“, Капетанот Кука во „Петар Пан“ и многу други. Бил и успешен кореограф и репетитор во редица неповторливи балетски проекти.

2016.- На 71-годишна возраст починал познатиот српски актер Драган Николиќ кој во 1964 година ја добил првата филмска улога во „Вистинска состојба на работите“, а првата значајна улога ја играл во филмовите „Кога ќе бидам мртов и бел“ и „Животот е убав“ од 1967 година. Се прославил со улогата во ТВ-серијата „Отпишани“. Николиќ 45 години бил во брак со актерката Милена Дравиќ. Бил роден на 20 август во 1943 година во Белград.

Без категорија

Нова луда закана од YouTube: „Ако блокирате реклами, плеерот ќе биде оневозможен“ (ФОТО)

Објавено пред

на

Новата закана на YouTube е дел од продолжувањето на неговата агресивна кампања против блокаторите на реклами и предупредува некои корисници дека плеерот престанува да работи по три блокирани видеа.

Популарната платформа повторно експериментира со кампања против блокирање реклами за да ги принуди корисниците да се префрлат на платената услуга „YouTube Premium“. Некои корисници пријавиле дека додека го користеле, добиле закана од YouTube во скокачки прозорец со предупредување дека плеерот ќе биде блокиран по три видеа ако продолжат да користат блокатори на реклами.

Исто како и во претходното тестирање за забрана за блокирање реклами, скокачкиот прозорец понуди „објаснување“ што требаше да го оправда потегот. Имено, платформата посочува дека рекламите ја прават услугата достапна за милијарди корисници ширум светот, а со платената верзија, рекламите исчезнуваат додека креаторите на содржини продолжуваат да заработуваат.

Претходните скокачки прозорци само ги предупредуваа корисниците дека екстензии на веб-прелистувачи за блокирање реклами не се дозволени на платформата и дека се против условите за користење. Меѓутоа, бидејќи не многу луѓе го пријавиле проблемот, се чинеше дека експериментот можеби нема да започне.

Прочитај повеќе...

Без категорија

Колку чини производството на iPhone 14 Pro Max?

Објавено пред

на

Сите знаеме колку iPhone 14 се продава за различни варијанти на телефони на Apple, но сигурно често сте се прашувале колкава е нивната цена на производство. Кога станува збор за моделот iPhone 14 Pro Max, Counterpoint Research ни го дава одговорот на тоа прашање. Според податоците собрани од нивна страна, вкупната цена на компонентите што го сочинуваат телефонот, во верзијата со 128 GB простор за податоци чини 464 долари.

Според Counterpoint Research, споменатата цена на чинење на делови за iPhone 14 Pro Max е за 3,4 проценти повисока од деловите инсталирани во iPhone 13 Pro Max. Разликата во цената е затоа што новата верзија користи понапредна (поскапа) главна камера со резолуција од 48 MP, како и нов дисплеј. Од друга страна, некои други компоненти поевтинија, со најголем пад, поради масовното производство, на компонентите поврзани со 5G технологијата (13 проценти). Инаку, чипот A16 Bionic е за 11 долари поскап од чипот A15 Bionic, а неговата цена сочинува околу 20 отсто од вкупната цена на сите компоненти во телефонот iPhone 14 Pro Max.

Секако, за да се добие конечната цена на производството, потребно е да се додадат трошоците за работа на склопување на телефонот, трошоците за пакување и дистрибуција до продавниците. Дополнително, во цената на чинење треба да бидат вклучени и активностите за истражување, развој, продажба и маркетинг на Apple. И покрај малку повисоката цена на компонентите, iPhone 14 Pro Max чини исто како и iPhone 13 Max (кога беше пуштен во продажба). А еден од најголемите „скокови“ на трошоците за производство се случи помеѓу производството на сериите телефони iPhone 11 и iPhone 12. Тогаш цените на компонентите пораснаа за цели 26 отсто, пред се поради инсталирањето на тогаш новите (и прескапи) 5G модеми.

Извор: 9to5mac

Прочитај повеќе...

Без категорија

Кичевскиот оператор „Cable Call“ распишува оглас за работа, аплицирај и стани дел од успешен тим!

Објавено пред

на

Кабелскиот TV оператор, телефонија и интернет „Cable Call“ кој поседува иновативно портфолио на услуги за приватни и деловни корисници поради проширување на својата работна дејност за претстојниот период има потреба од теренски работници (монтер) за кичевскиот регион.

Cable Call“ нуди одлучни услови за тимска работа, навремена плата, осигурување на работникот од моментот на започнување со работната дејност.

Сите заинтересирани може да испратат „CV“ преку електронска форма на [email protected], да контактираат на тел. бр 078/410-393 или да ја посетат канцеларијата на „Cable Call“ на адреса ул. Бул. Ослободување бр. 60 – Лок./4 Кичево.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза2 часа

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите...

Кичево7 часа

Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда

На 23.04.2024 во 21.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „фолксваген голф“ со...

Свет7 часа

Кина докажа зошто Конгресот сака да го забрани „TikTok“

Кина ја докажа поентата на законот за забрана на TikTok преку Конгресот. Претставници на кинеската амбасада неодамна лобираа против нацрт-законот...

Спорт11 часа

Ѓоковиќ: Српскиот „ас“ силно го посакува 25-иот „Грен слем“ и мисли само на победа, ништо друго.

Новак Ѓоковиќ, најдобриот светски тенисер силно ја посакува 25-тата. Грен слем титула во кариерата и тоа не го крие. Српскиот...

Хороскоп20 часа

Хороскоп за среда (24 април)

ОВЕН Многу сте незадоволни и загрижени со ситуацијата на финансиско поле. Со своето однесување уште повеќе го поттикнувате партнерот да...

Спорт1 ден

КМФ „Форца 2015“ е освојувач на Купот на Македонија во футсал

Форца 2015 е освојувач на Купот на Македонија во футсал, по издвојуваната победа над тимот на Клими од Кавадарци, на...

Автомобили1 ден

„Cupra“ ја најавува светската премиера на новиот „Cupra Formentor“ и новиот „Cupra Leon“

„CUPRA Formentor“ е најпродаваниот модел и најпродаваниот „A-CUV“ во Европа, на врвот на продажната листа со над 120.000 испораки низ...

Магазин1 ден

iPhone 16 може да остане без физички копчиња

Претстојните телефони од серијата iPhone 16 на Apple би можеле целосно да ги заменат физичките копчиња, сугерираат најновите гласини Apple...

Магазин1 ден

Meta се затвора во Турција

Од 29 април Meta нема да биде достапна во Турција. Meta планира „привремено“ да се затвори во Турција од 29...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за вторник (23 април)

ОВЕН Само кога ќе помислите дека сте сфатиле сè, ќе откриете како се појави нешто ново. Слободно обрнете внимание на...

НАЈЧИТАНИ