Следете не

Здравје и убавина

4 причини зошто да се напиете чаша вода во овој момент

Avatar

Објавено пред

на

Водата е извор на живот и се содржи во секој дел од телото. Но нејзините квалитети се пошироки отколку што мислиме. Она е двигател на нашиот организам, а неколку чаши вода дневно прават чуда. Дознајте зошто е корисно и во овој момент да се напиете една чаша:

1. Повеќе енергија – Една од главните причини за умор и исцрпеност е дехидрацијата. Со помош на водата ќе ја вратите енергијата, ќе ја подобрите концентрацијата и меморијата.

2. Здрава кожа – Баш како и на телото, и на кожата ѝ е потребна хидратација. Водата ќе го направи вашиот тен блескав, кожата мека и ќе спречи проширување на порите, а има улога и во детоксикација на организмот.

3. Слабеење – Оптималната хидратација на телото им помага на сите ваши органи во телото да функционираат нормално. Тоа значи дека водата го забрзува метаболизмот, а со самото тоа му помага на телото при согорување на маснотии. Исто така, има нула калории, а чаша вода пред оброк – го намалува чувството на глад.

4. Едноставно ви е потребна – Водата на нашето тело му е потребна на разни начини. Со нејзина помош кислородот и хранливите материи патуваат низ нашето тело, органи и клетки. Таа ја регулира телесната температура, ги исфрла негативните материи и токсини.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Здравје и убавина

Зошто е здрава брусницата и кој лековити својства ги поседува

Avatar

Објавено пред

на

Таа е природен антибиотик кој содржи голем број на витамини, неопходни за нормалното функционирање на организмот.

Таа содржи минерали, витамини А, Ц и Б, калиум, растителни влакна и омега 3 масни киселини, а нејзиното редовно конзумирање може да спречи или намали инфекции на уринарниот тракт. Биофлавоноидите кои ги содржи делуваат антибактериски, уништувајќи ги штетните бактерии во телото.

Богата е со влакна, антоцијаним, проантоцијаним, бета-каротен, калциум, магнезиум и други микронутриенти. Концентратот од брусница се вика брусницин и најчесто се користи во лечење на инфекции на мочниот меур предизвикани од ешерихија коли.

Проантоцијанидните соединенија со кои што брусницата е особено богата делуваат со уништување на бактеријата ешерихија коли, со тоа што и оневозможуваат да се закачи на површинскиот слој на матката и бешиката.

На сличен начин, материите од брусницата делуваат во намалувањето на бројот на бактерии во усната празнина, а со тоа се намалуваат и наслагите од плак на забите.

Освен тоа, брусницата дејствува одлично во уништувањето на хеликобактер бактеријата, која е главен причинител на чирот на желудникот, а исто така го намалува и ризикот за појава на болести на забите и непцата, но и ракот на градата и дебелото црево.

Широкиот дијапазон на позитивно делување на брусницата оди и во прилог на обновување на видот, намалување на шеќерот во крвта, а нејзините плодови делуваат одлично и во исхраната на луѓето подложни на стрес и кардиоваскуларни болести. Воедно, го зајакнува имунитетот и отпорноста на организмот.

Брусницата содржи антиоксиданс – фенол, кој спречува срцеви болести, неколку видови карциноми и предвремено стареење. Изобилува со танини кои се важни за здравјето на срцето. Содржи и големи количини флавоноиди и полифеноли кои служат како природна одбрана од атеросклероза, зошто го инхибираат лошиот холестерол и ја подобруваат циркулацијата.

Брусницата можете да ја конзумирате во вид на сок, чај, во џем или едноставно како свеж, замрзнат или сушен плод.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Симптоми кои ќе ви покажат дека имате недостиг на железо во крвта

Avatar

Објавено пред

на

Проблемот со недостигот на железо лесно се решава.

Недостигот на железо предизвикува слабокрвност, телото не произведува доволно хемоглобин што е еден од најважните протеини во нашето, а директно е одговорен за преносот на кислород во црвените крвни клетки.

Ако се соочувате со следниве симптоми, тогаш е препорачливо да посетите лекар или да ја проверите крвната слика.

Симптоми:

– бледило на бојата на кожата

– вртоглавица

– поспаност

– слабост

– замор

– губење на апетитот

– срцебиење

– зашеметеност

– анемијата неретко води и до нерасположеност

Ниту еден од овие симптоми немојте да ги потцените. Исто така анемијата може да биде причина за сексуални дисфункции, главоболки, нервоза, заборавеност, недостиг на концентрација и лоша работна активност.

Не е неопходно да се имаат сите симптоми, кај секој човек се појавуваат други. Ако немате време да посетите лекар, внимавајте што јадете. На својата чинија ставете повеќе говедско месо, грав, ореви, овошје и зеленчук. Исто така јадете намирници богати со витамин Ц, а избегнувајте млеко и кофеин.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Не треба заедно да јадете месо и компири, еве зошто..

Avatar

Објавено пред

на

Избегнувајте го внесот на протеини и јаглени хидрати во еден оброк.

Лебот, житарките и оризот не би требало да ги јадете во комбинација со риба, јајца, месо, млечни производи или тофу. Ова се најлошите можни комбинации на намирници.

На вашето тело му е потребна алкална основа за варење на скробот и кисела основа за варење на протеините. Кога ензимите ќе започнат да го варат скробот, присуството на алкални ензими го забавува варењето на протеините. Поради тоа можете да чувствувате надуеност. Протеините и скробот одлично се сложуваат со лиснатиот зелен зеленчук, па затоа комбинирајте ги на тој начин и избегнувајте да ги јадете заедно.

Протеините јадете ги само со зеленчук, и скробните намирници, како компир, леб, ориз, тестенини и пецива исто така комбинирајте ги само со зеленчук.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

СпортПред 2 часа

Марк Гасол во Лејкерс

Шпанскиот кошаркар Марк Гасол ќе биде новиот играч на НБА шампионот Лос Анџелес Лејкерс. Според американските медиуми, помладиот брат на...

МакедонијаПред 2 часа

Бензините се намалуваат, додека дизелот се покачува

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за нови цени на горивата, која започнува од ноќеска на полноќ и ќе...

СветПред 2 часа

Worldometers: Повеќе од 59 милиони случаи на корона

ВАШИНГТОН: Во светот, 59.080.520 случаи на инфекција се потврдени од почетокот на пандемијата, покажуваат податоците на веб-страницата на „Worldometers“. 1.395.340...

СветПред 2 часа

Нема повеќе ресторани, само храна преку телефон: Лос Анџелес жестоко се бори со коронавирусот

Мерките се воведуваат затоа што просечниот број на новоинфицирани во текот на пет дена беше над 4.000 Властите во областа...

ХороскопПред 17 часа

Дневен Хороскоп (23.11) понеделник

ОВЕН Фокусирани сте кон финансиите и заработката. Не постојат промени на долгорочен план. Ако се обидувате да се справите со...

МакедонијаПред 19 часа

Официјално денес 1112 нови случаи на Ковид-19, починаа 24 лица

Во последните 24 часа се направени 2553 тестирања, а регистрирани се 1112 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 321 -Куманово...

ЗанимливостиПред 1 ден

За ладните денови направете дома балзам за усни

Гроздовата маст или балзамот за заштита на усните од ладното и ветровито време може лесно да се направи без хемиски...

МакедонијаПред 2 дена

❄️⚠️ Внимание во патниот сообраќај за предели каде има мраз, поледици, осојници!

Внимавајте периодот кој следи, во случај на мраз, подледување на асфалтот и голомразици за време на возењето во предели каде...

ХороскопПред 2 дена

Дневен Хороскоп (22.11) недела

ОВЕН Подготвени сте да работите прекувремено и да се докажете уште повеќе за еден ден да остварите напредок. Ако ви...

МакедонијаПред 2 дена

Во Кичево дневен рекорд, денес 55 нови случаи од 1182 во целата држава

Во последните 24 часа се направени 3109 тестирања, а регистрирани се 1182 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 544 -Куманово...

НАЈЧИТАНИ