Кичево
Bacardi Lounge: Летна сезона – 4 слободни места за работници во кујна, придружи се!

Нашите пријатели од „Bacardi“ Lounge не известија дека токму од денес поради летната сезона која доаѓа, за поголема ефикасност, побрза услуга и достава, потребно е проширување на дополнителен персонал за работа, така да слободни се 4 работни позиции за лица со или без работно искуство во кујна.
Сите кои сакаат да бидат дел од тимот кој успешно работи децении наназад, нека контактира на тел: 075/416-550 или директно во објектот.
Со почит.
Bacardi Lounge Bar – Кичево
Кичево
(ФОТО) Дали сте знаеле дека кичевскиот тунел е најдолгиот на Балканот со свои 7062 м, во свое време бил и инженерски подвиг

На Балканскиот полуостров, со исклучок на тунелот Караванки помеѓу Словенија и Австрија, долг 8 км, еден од најдолгите тунели е и кичевскиот железнички тунел под планината Буковиќ, долг 7062 м и ги поврзува Гостивар-Кичево во железничкиот патен сообраќај, позициониран помеѓу селата Падалиште и Зајас.
Тоа е најдолгиот тунел не само во Македонија туку и на Балканскиот Полуостров, од тоа што се знае изграден бил во 1960-тите години, но наши извори говорат дека 1970-та година бил изграден и за тоа време важел за извонреден инженерско-градежен подвиг.
Кичево
ЕВН КЕЦ Кичево: Времен прекин на електрична енергија – МВР Кичево, дел од ул. 11-ти Октомври, бул. Ослободување, детали повеќе..

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре на ден 25.02.2021 година – четврток, ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на следните локации:
Од 09:00 до 11:30 часот – МВР Кичево, дел од потрошачи на ул. 11-ти Октомври, 11-ти Септември и булевар „Ослободување“ во близина на Полиција – Кичево
Извор: Струја
Кичево
(ФОТО) Регионалниот пат Кичево-Битола се соочува со секојдневни одрони од планините, апел за поголемо внимание во сообраќајот

До нашиот портал пристигна фотографија од возач кој патувал по регионалниот пат Кичево-Битола, каде што може да забележиме одрони на коловозот, на сама кривина во близина на рибникот „Белица“.
Апел за поголемо внимание во сообраќајот, бидејќи во овој регион често пати се случува да има лизгање на земјиштето и одроните да го попречуваат движењето. Во ваков случај известете ги службите доколку истите не се санкционирани, со цел да се избегне поголема сообраќајна катастрофа.
ФОТО: Боро П
Час: 17:25
-
Кичево12 часа
(ФОТО) Дали сте знаеле дека кичевскиот тунел е најдолгиот на Балканот со свои 7062 м, во свое време бил и инженерски подвиг
-
Кичево14 часа
ЕВН КЕЦ Кичево: Времен прекин на електрична енергија – МВР Кичево, дел од ул. 11-ти Октомври, бул. Ослободување, детали повеќе..
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за денес (24.02) среда
-
Кичево2 дена
(ФОТО) Регионалниот пат Кичево-Битола се соочува со секојдневни одрони од планините, апел за поголемо внимание во сообраќајот
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за денес (23.02) вторник
-
Занимливости3 дена
Најновите студии говорат дека луѓето кои носат очила имаат три пати помала веројатност против Ковид-19 вирусот
-
Свет3 дена
КОГА ЛУЃЕТО ЌЕ ОДАТ НА МАРС? Сè зависи од една одлука на Америка, експертите тврдат дека е поблиску отколку што мислиме!
-
Временска прогноза3 дена
Топло време и пролетни температури – Најнови детали за времето денеска