Следете не

Забава

5 грешки кои ги правите кога ја миете косата

Avatar

Објавено пред

на

Правите сè за вашата коса да изгледа убава и мека, но сепак не сте задоволни со нејзиниот изглед?! Можеби правите некоја од 5 грешки кога ја миете косата.

Ја миете косата секој ден – Косата непотребно е да ја миете секој ден. Освен тоа, потребно е на секои 6 месеци да го менувате шампонот, за косата да не се навикне на неговите состојки.

Не ја мокрите косата доволно – Косата треба да биде добро натопена пред нанесувањето на шампон за да можете темелно да ја исплакнете.

Шампон секогаш нанесувате на исто место – Косала полека ќе се навикне на сите постапки и тие ќе почнат да ѝ штетат. Наместо шампонот секогаш да го нанесувате на исто место, секој пат тоа правете го на различен начин.

Преинтензивно масирање – Главата треба да ја масирате за време на миењето, но тоа треба да го правите нежно и внимателно.

Користите врела вода – Таа ја суши косата. Млаката вода е најдобар избор, а последниот млаз нека биде со ладна вода.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Занимливости

(ВИДЕО) Летни гуми не се препорачани на снег, објаснување зошто ни се потребни зимските гуми во зима и нивно значење

Avatar

Објавено пред

на

Зимската гума не е наменета само за снег, туку и за температури на воздухот под 7-иот степен. Можете да имате врвен автомобил, но во услови на снег, без прикладни зимски гуми, од истиот можете да направите само луксузна и скапа санка. Летните гуми, ги губат своите својства на температури под 7 степени.

Законските одредби гласат: во периодот од 15 ноември до 15 март секоја година, задолжително треба да се поседува пропишаната зимска опрема при учество во сообраќај надвор од населено место.

Задолжителна зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg претставува:

– Зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 4mm или доколку возилото поседува летни пневматици со минимална длабочина на шарата од 4mm да поседува синџири за снег кои одговараат на големината на погонските тркала.

Дали знаете која е разликата помеѓу гумите со симболи „три планински врвови со снег“ и „М+S“?

Возачите да бидат внимателни кога купуваат зимски пневматици на старо и да водат сметка гумите да имаат знак на снегулка на стилизирана планина со три врва за да не им продадат летни гуми. Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака: MS, M+S, MиS и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Имено, „трите планински врвови со снег“ се токму она што Ви треба. Овие пневматици се тестирани за користење во тешки зимски услови.

Понатаму, ознаката „М+S“ значи „Кал + Снег“.

Овие гуми се тестирани на услови на кал, како и тврд или кашест снег. Затоа, некои од овие пневматици се продаваат и како погодни за сите сезони, а тоа значи ниту врвни перформанси во летни, ниту во зимски услови.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Занимливости

За ладните денови направете дома балзам за усни

Avatar

Објавено пред

на

Гроздовата маст или балзамот за заштита на усните од ладното и ветровито време може лесно да се направи без хемиски конзерванси и адитиви.

Состојки: 15 гр пчелен восок, 10 мл (2 лажички) нерафинирано кокосово масло, 3 мл бадемово, од јојоба или друго ладноцедено масло, 1 капка етерично масло од каранфилче, 4 капки етерично масло од портокал.

Мал сад отплика до половина наполенете го со вода и ставете го на тивок оган. Во ватростален сад ставете го иситнетиот пчелен восок како и кокосовото масло, а садот ставете го над садот со водата, односно згответе го на пареа. Загрејте на лесен оган додека восокот и кокосовото масло да се растопат.

Тргнете го огнот па во мешавината додадете ги сите етерични масла, помешајте со дрвено стапче и префрлете го во сад кој сте го намениле за балзамот. Оставете да се олади, па потоа затворете.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Занимливости

(ВИДЕО) Да испиете 70 кафиња би било лошо по здравјето, но колку вода и чоколадо е опасно по живот!?

Avatar

Објавено пред

на

На сите им се случило барем еднаш: часот е 13:30 ништо не сте јаделе, а сфаќате дека веќе го пиете четвртото кафе тој ден. Но пред да започнете да паничите, погледнете го ова видео кое ви открива дека се потребни дури 70 кафиња за да ве убијат и дека беспотребно се грижите.

Ова не е нивно едиствено откритие. Семките од црешите содржат цијанид па доколку сомелете две и го изедете тој прав, би биле мртви истиот момент.

Еве уште неколку интересни откритија

– 70 шолји кафе би можеле да убијат личност од 70 килограми.

– 48 лажици зачин на база на сол можат да предизвикаат труење со содиум.

– 13 последователни шотови алкохол се доволни да го оштетат вашиот мозок и да предизвикаат гасење на респираторниот систем

– 6 литри вода се доволни да ве испратат во кома.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ХороскопПред 5 часа

Денешен Хороскоп (26.11) четврток

ОВЕН Денес ќе се чувствувате рамнодушно, ќе се трудите да се фокусирате кон вашите цели но ќе ви недостига инспирација....

МакедонијаПред 8 часа

Нови 1288 ковид случаи, 39 починаа, две лица се жители на Кичево, ова се бројките по градови

Во последните 24 часа се направени 3349 тестирања, а регистрирани се 1288 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 570 -Куманово...

СпортПред 10 часа

Почина легендарниот Диего Марадона

Аргентинските медиуми пред неколу минути објавија дека почина Диего Армандо Марадона. Оваа вест ги шокираше сите фудбалски фанови. Марадона е...

Временска прогнозаПред 23 часа

Период на стабилно време со ниски утрински температури, од недела следува промена на времето

Под влијание на стабилна и сува воздушна маса, и во текот на следните неколку денови времето ќе биде стабилно, суво...

Здравје и убавинаПред 1 ден

Овој симптом укажува за можен срцев удар

Симптоми кои укажуваат на инфаркт во главно се болка во градите, слабост, умор, отежнато вршење на физички активности, мачнина и...

ХороскопПред 1 ден

Редовен Хороскоп (25.11) среда

ОВЕН Ќе имате среќа околу работата денес. Можно е некои деловни обврски да ги завршите побргу од планираното. Ве очекува...

МакедонијаПред 1 ден

Нови 1039 случаи на Ковид-19, 28 од Кичево, додека починаа 15 лица

Во последните 24 часа се направени 3143 тестирања, а регистрирани се 1039 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 546 -Куманово...

МузикаПред 1 ден

(ВИДЕО) „Балкан Румба“ е новото оро првенче на нашиот кичевчанец маестро Бојан Кузманоски

Маестро Бојан Кузманоски од Кичево вчера на ЈуТјуб етерот го издаде своето прво „видео и аудио“ музичко остварување насловено како...

МакедонијаПред 2 дена

Радувај се народе, се собраа средствата за лекување на малата Илина, капа долу луѓе со големо срце!

Симона Пармачка Блажевска, мајката на Илина, на својот Фејсбук профил вчера објави дека се собрани потребните средства за лекување на...

МакедонијаПред 2 дена

СВР Охрид: Напишани 66 казни за неносење маски и 76 контроли врз угостителски објекти

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 66 прекршоци за неносење...

НАЈЧИТАНИ