Следете не

Lifestyle

Утре слават 60-ти роденден: Што сè знаете за славните Штрумфови? (ВИДЕО)

Објавено пред

на

Со малите, сини, добродушни суштества кои живеат длабоко во шумата, и нивните авантури пораснаа голем број генерации кои имаа среќа редовно да ги гледаат на малите екрани.

Тешко е да се поверува, но славните Штрумфови утре го слават нивното 60-годишни постоење. Веселите мали сини џуџиња прв пат се појавија на 23 октомври, 1958 година, како споредни ликови во стрипот „Johan et Pirlouit“.

Нивниот творец, белгискиот цртач Пјер Калифорд, познат под уметничкото име Пејо(Peyo), после тоа одлучи да им даде главна улога и сопствени возбудливи авантури. Денес ги знае речиси секое дете, и тоа не само во Европа, туку и многу пошироко.

„Во секој случај, говориме за глобализација“, вели за агенцијата DPA Вероник Калифорд, ќерка на Пејо.

После смртта на нејзиниот татко во 1992 година, таа, заедно со нејзината мајка и братот, ја продолжија неговата работа. Благодарение на тоа, Штрумфовите, освен во Европа, се популарни и во Кина, Индија, Русија и Латинска Америка. Индустријата поврзана со Штрумфовите годишно прави заработка поголема од една милијарда евра.

Пресвртницата во нивната популарност стигна во 1975 година, со филмот „Штрумфовите и волшебната флејта“. Во ’80-те години од минатиот век, тоа беше надоградено со ТВ серија од 270 епизоди која освои многу Emmy награди.

Во светот предизвикаа вистинска штрумфоманија и немаше детска соба која не беше закитена со некој сувенир поврзан со „сините жители на шумата“.

Штрумфовите за својот успех можат да се заблагодарат на страста од нивниот автор. Пејо животот го посвети на цртање на тие симпатични суштества. Вероник Калифорд денес вели дека нејзиниот татко од своето детство најмногу го памти на масата за цртање. „Беше опсесивен, сакаше да има контрола над целиот процес“, објаснува Вероник.

До смртта постојано работел нови цртежи, смислувал сцени и сценарија. Наводно, од неговите помошници барал да легнуваат на земја покрај шумата кај Брисел со цел да го видат светот од штрумфска перспектива.

И денес, како некогаш, стриповите прво се скицирале на хартија. Дури потоа цртачите ги усовршувале ликовите со помош на компјутерски програми. Работат во мала канцеларија лоцирана јужно од Брисел, и се трудат да ги цртаат Штрумфовите што е можно послично на оригиналите од Пејо.

Вероник тврди дека на нејзиниот татко најдраг му бил ликот на Schtroumpf Farceur (Шегуваџијата), кој на другите им даваше подароци кои експлодираа. Омилена на Вероник, нормално, била Штрумфета, изворно единственото женско Штрумфче меѓу мнозинството машки.

Уште една причина за нивната долговечност е прилагоденоста на модерните времиња (дигитализација, „блуреј“ снимки и слично). Денес Штрумфовите се достапни насекаде, во секое време.

Lifestyle

Денес им е роденден, Д-р Никола Бакрачески

Објавено пред

на

Д-р Никола Бакрачески, еден од најдобрите доктори во Република Македонија. Тој е роден на денешен ден 18 ноември 1970 година. Своевремено беше градоначалник на Општина Охрид во периодот од 2013 до 2017 година. Средно образование завршил во гимназијата „Св. Климент Охридски“ – Охрид. Високо образование г-дни Бакрачески завршил на Медицински факултет – Скопје, а таму ја одбранил и својата докторска дисертација во 2011 година.

Исто така во неговата богата автобиографија бил и директор на Кардиолошкиот завод од Охрид, посетувал многу тренинг сесии по интервентна кардиологија ширум земјите во светот. Важи за голем борец, ентузијаст, комуникативен, смирен и флексибилен човек, реалист и хуманист.

 

Од нашиот медиум лично упатуваме честитки за среќен роденден на Д-р Бакрачески, многу здравје, љубов, успеси, радост и сите почести за него, за неговата работа и неговата божја мисија – Да спасува животи!

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Дали е здраво да спиете голи?

Објавено пред

на

Секој има своја рутина за спиење. На некои прагови им е потребен амбиентален шум. Други мора да користат завеси за затемнување за да ја направат просторијата доволно темна. А некои спијат голи и се убедени дека ова е рецепт за добар сон.

Дали е подобро да спиете гол?

Одговорот не е едноставно да или не.

Иако не постои директно истражување кое го поврзува спиењето гол со подобар одмор, постојат некои тангенцијални наоди кои би можеле да ве натераат да размислите за тоа. Мишел Дреруп разговараше со клиниката во Кливленд за тоа како спиењето голи може да ви помогне да спиете подобро.

Кога се подготвувате за спиење, вашето тело природно ќе ја намали температурата за да ви помогне да влезете во вашиот деноноќен ритам, што е вашиот природен циклус на спиење и будење.

Спиењето без облека може да ви помогне побрзо да се оладите и побрзо да заспиете. Исто така, може да помогне да се елиминираат сите оние фрлања и вртења доцна во ноќта предизвикани од премногу топли пижами.

Спиењето без облека може да влијае и на вашето здравје. Постои можност жените да ги намалат стапките на габична инфекција. Квасецот успева во влажни и топли средини, а спиењето без облека ја подобрува циркулацијата на воздухот околу телото.

Што се однесува до мажите, постои потенцијал за зголемена плодност. Некои веруваат дека избегнувањето на тесна долна облека и изложувањето на топлина може да го зголеми бројот на сперматозоиди.

Значи, дали треба да спиете голи?

На крајот на денот, тоа е личен избор, и иако нема директни студии за да се докаже дека е корисно, тоа не значи дека не може да биде.

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Михаил Калашников – креатор на најдобрата автоматска пушка на 20 век

Објавено пред

на

На 10 ноември 1919 година е роден рускиот инженер Михаил Тимофеевич Калашников (1919-2013), дизајнер на најдобрата автоматска пушка од 20 век „АК-47“, наречена „Калашников“ по неговото презиме.

Желбата на Михаило од младоста била да стане поет, но како деветнаесетгодишник се приклучил на војската. Тој беше назначен за командант на тенкови, што му овозможи да се посвети на неговите пронајдоци, кои во тоа време беа главно поврзани со тенкови.

Во борбата со нацистите во 1941 година, тој беше ранет и хоспитализиран. Таму, закрепнувајќи од повредите, тој почнува да работи на дизајнот на автоматска пушка.

Недолго по завршувањето на Втората светска војна, Калашников го заврши дизајнирањето на нов тип на автоматска пушка „АК-47“. Неговиот дизајн беше избран меѓу многу други како оној од кој ќе се произведува новата пушка.

Пушката „АК-47“ се покажа како лесна за употреба и добро функционираше во различни области, дури и во пустини и џунгли.

„АК“ се иницијалите што го претставуваат целосното име на оваа пушка „автоматски калашников“, но денес се нарекува само „калашников“.

Михаил Калашников рече дека неговиот изум „претставува оружје за одбрана, а не за напад“.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп2 часа

Хороскоп за вторник (29 ноември)

ОВЕН Пред да одлучите да направите промени, размислете добро дали само досадата ве мотивира. Имено, тоа не е доволна причина...

Македонија8 часа

Предмалку регистриран земјотрес во околината на Кичево од 2 степени

Слаб земјотрес со интензитет од 2 степени денеска е регистриран во близина на Кичево, известува 4News.mk Епицентарот бил на 17...

Македонија12 часа

Од ноќеска повторно малопродажната цена на горивата се намалува, еве по која цена ќе возиме..

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Македонија12 часа

Опасноста демне, вчера 953 санкционирани возачи кои возеле побрзо, дури 500 возила пречекориле брзина во населено место

Во текот на вчерашниот ден (27.11.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија...

Гејминг13 часа

Microsoft открива кога GTA VI може да биде објавена

Се појави документ со поим за можниот временски период на издавање на играта GTA 6. GTA (Grand Theft Auto) е...

Магазин13 часа

Збогум на авионски режим: 5G поврзување со мобилен телефон наскоро во текот на летот

Европската унија ја отвора вратата за инсталирање антени 5G во авионите за да им овозможи на патниците да остваруваат повици,...

Свет13 часа

Кина утре ќе го лансира вселенското летало Shenzhou-15 кон својата вселенска станица

КИНА ќе го лансира вселенското летало Shenzhou-15 до својата вселенска станица на 29 ноември во 23 часот (1508 часот по...

Автомобили14 часа

Светот се менува: Секој втор возач ќе се откаже од возилото до 2030 година?

Возачите ќе претпочитаат да користат услуги наместо да поседуваат автомобил. Водечката консултантска компанија за менаџмент и технологија BearingPoint сугерира дека...

Магазин14 часа

Маск потврди дека Twitter ги шифрира директните пораки (DM)

Новиот сопственик на Twitter , Илон Маск, потврди дека компанијата планира да воведе end-to-end енкрипција (E2EE) за директни пораки на...

Магазин14 часа

Маск се заканува дека ќе создаде алтернативен телефон доколку Apple и Google ја забранат апликацијата Twitter

Илон Маск, кој е сопственик на Twitter, изјави дека ќе создаде алтернативен телефон доколку неговата социјална мрежа биде забранета во...

НАЈЧИТАНИ