Македонија
66 новозаболени од КОВИД 19, најмногу во Куманово
66 нови случаи на корона вирусот во изминатото деноноќие, соопшти министерството за здравство. 76-годишната пациентка која пред два дена почина во ГОБ „8 септември“ денеска е пристигнат резултат на брис кој покажал присуство на корона вирусот, и овој случај ќе биде евидентиран во денешната статистика на Институтот за јавно здравје.
Најмногу од денешните заболени се во Куманово, 27, во Скопје се 10, Штип-3, Прилеп-4, Тетово-5, Струга-4, Велес-2, Охрид-5, Гостивар-1, Кочани-3 и Неготино-2.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 974 лица, од кои најмногу се во Скопје 339, па следува Куманово со 262-ца заболени. На 12 пациенти кои биле на домашно лекување им се констатирани два негативни теста по ред, и тие се излечени.
На Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби нема прием на нови пациенти. Хоспитализирани се вкупно 57, од кои 14 на кислородна поддршка и 6 на механичка вентилација. Во болницата „8 септември“ примени се 6 нови пациенти, а вкупно хопситализирани 34. На респираторна машина се 6 пациенти, а 8 пациенти се со потешка клиничка слика. Во битолската болница, до утрово се хоспитализрани 5 пациенти, сите се во подобрена состојба и земени се први контролни брисеви кај 3 од пациентите.
Денеска пристигнува уште еден пациент од Охрид кој ќе биде лекуван во оваа болница. На домашно лекување се следат 8 пациенти. Во болницата во Штип се лекуваат вкупно 8 пациенти, сите се стабилни а во домашни услови се следат уште 17 пациенти.
Извор: Телма
Македонија
На гранична линија со Грција приведен 23-годишник од Бангладеш, фатен бил со група од осум мигранти од Непал
На 21.01.2025 во 00.20 часот во близина на граничната линија со Република Грција, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода А.Н.(23) од Бангладеш, кој водел група од осум лица мигранти од Непал.
Мигрантите се сместени во Прифатно транзитен центар Винојуг, а против А.Н. е поднесена кривична пријава, по што од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје му е изречена мерка притвор во траење од осум дена, информира МВР.
Македонија
(ФОТО) Вчера чесниот Крст во Ростуше на река Радика го фати младиот Климент Танески
Денес Црквата Божја торжествува! Денес светот целиот е обновен! Денес водите на Радика станаа како Јордан, а гласот Божји повторно одекна низ вселената: „Ова е Мојот возљубен Син, во Кого е Моето благоволение!“
Празникот Богојавление, или Просвештение, не е само спомен на еден последователен настан од земскиот живот на Спасителот на светот, Господ Исус Христос. Тој е најголемото откровение за целото човештво, откровение за тоа Кој е вистинскиот Бог, но и за тоа кои сме ние. Во водите на Крштението Христос не само што ги освети стихиите, туку ги отвори и Небесата, внесувајќи ја човечката природа во заедницата на Светата Троица. Овој ден е повеќе од празник – тој е коренито преобразување, духовно просветлување, ден кога сите ние сме повикани кон светост и чистота, ден во кој стануваме храмови на Божествената благодат.
Во овој возвишен ден на Светлините Божји, во сечениот храм на Мајката Божја во с. Ростуше, како и секоја година, нашиот возљубен Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, заедно со манастирските браќа отслужи Божествена Архиерејска Василиева Литургија. Таа најсветга богослужба, исполнета со полнотата на Божествената благодат и просветление, беше едно чудесно тивко сјаење од таинството на Господовото Крштение. Во величествениот амбиент на ростушкиот храм на Царицата на Ангелите, каде што земното и небесното стануваат еден свет, многубројните верници, пристигнати од сите краишта на нашата татковина, се собраа за со љубов и длабока побожност да го прослават торжеството на Божјото Троично откровение.
Во молитвено расположение и со чисти срца, тие пристапија кон светите Христови Тајни, обновувајќи го својот завет со Бога и примајќи ја благодатта што преобразува, зацврстува и го води човечкиот живот кон светлината на Царството вечно.
Повеќе за настанот и фотографии ќе најдете на официјалниот линк од Бигорскиот Манастир – ТУКА
Македонија
Од ноќеска ново поскапување на дизел и бензин горивата, ова е новата цена
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки
малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.01.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ 1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.01.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 76,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 75,50 ден/лит, известуваат од РКЕ.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (22 јануари)
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за четврток (23 јануари)
-
Спорт14 часа
(ВИДЕО) ФФМ истакна видео од затекнатата состојба на Академијата, секој талент заслужува подобри услови за фудбал
-
Lifestyle13 часа
Чај од ѓумбир: Ефикасен природен лек за болки во грлото и упорна кашлица
-
Временска прогноза19 часа
Котлините под густа магла и многу ладно време, на другите места значително потопло
-
Автомобили13 часа
Најпродаваниот нов автомобил во Европа станува електричен
-
Временска прогноза5 часа
Температури во пораст и магла особено во кичевскиот регион
-
Lifestyle13 часа
Направете шампон од мед и уживајте во здрава и бујна коса