Македонија
🚨 792 нови случаи на Ковид-19 и 10 починати лица е денешниот биланс
Во последните 24 часа се направени 9.270 тестирањa, а регистрирани се 792 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 245 • Тетово – 136 • Гостивар – 127 • Куманово – 59 • Кичево – 42 • Струмица – 37
• Охрид и Дебар – по 23 • Струга – 16
• Битола – 15 • Ресен – 11 • Велес – 9 • Штип – 8 • Радовиш – 7 • Прилеп, Кочани и Делчево – по 5 • Кавадарци и Виница – по 4 • Свети Николе и Берово – по 2 • Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Демир Хисар, Македонски Брод, Пехчево и Дојран – по 1.
Пријавени се 10 починати лица: 4 починати лица од Гостивар (44г,65г,69 и 74г), 3 од Скопје (33г,71г и 83г), 2 од Тетово (67г и 84г) и едно починато лице од Куманово (60г).
Регистрирани сe 104 оздравени пациенти од:
• Скопје – 31 • Тетово – 26 • Гостивар – 16
• Куманово – 8 • Кичево, Струмица и Берово – по 3 • Велес, Штип, Кочани, Кавадарци и Пехчево – по 2 • Битола, Радовиш, Прилеп и Македонски Брод – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.055.312 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 161.359 бројката на оздравени пациенти е 150.774, на починати е 5.542, а бројот на активни случаи изнесува 5.043
Македонија
Викендов започнува летното сметање на време, ноќта во недела стрелките на часовникот ги поместуваме еден час по напред
Летното сметање на времето во 2024 година започнува викендов, односно на 31 март (недела) во 02:00 часот по полноќ, така што со поместување за еден час нанапред во 02:00 часот, се смета како 03:00 часот.
– Летното сметање на времето завршува на 27 октомври во 03:00 часот, така што со поместување за еден час наназад времето во 03:00 часот, се смета како 02:00 часот.
Одлуката на Владата за воведувањето летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето и согласно европски директиви. Инаку Владата, на предлог на Министерството за економија, вчера на седница донесе Одлука за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2024 година.
Македонија
Од среда целосно затворање на делница Прилеп – Битола државен пат „P1101“
Времена измена на режим на сообраќај на државен пат Р1101 делница Прилеп – Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект „Санација на трупот на патот кај мост на река Шемница на Државен пат Р1101 км 85+903, делница Прилеп – Битола“ и тоа од 27.03.2024 ќе има целосно затворање на делницата, истакна АМСМ.
Македонија
(ВИДЕО) Ноќва превој „Стража“ под снежна бура, апел за поголемо внимание додека минувате
Предмалку до нашиот портал пристигна видео од превој „Стража“ каде се забележува дека паѓа снег и се задржува на коловозот.
Имено состојбата моментално може да се карактеризира како алармантна со оглед на тоа дека законот за поседување зимски гуми и опрема заврши, така што апелираме за поголемо внимание додека преминувате преку овој превој.
До сега немаме дополнителни информации како се останатите превои каде често знае снегот да изненади и на пролет.
Исто така се забележани екипи на ЈП Македонија Пат кои работат активно на терен, така што се очекува овој снежен бран кратко да не создава дополнителни проблеми за движење.
Имајте безбеден пат, возете почитувајќи ги патните сообраќајни знаци и услови на патот.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (28 март)
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за петок (29 март)
-
Кичево39 минути
Утрово се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Кичево-Гостивар
-
Кичево14 часа
Во петок сите патишта водат на хуманитарниот концерт за Владо Симјановски, бидете дел и уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост на дело!
-
Кичево2 дена
ССНМ во Кичево организира работен состанок со новинари од локални медиуми
-
Спорт2 дена
Нова победа на македонската репрезентација до 18 години на силниот меѓународен турнир „Анталија Куп 2024″
-
Lifestyle2 дена
Дали знаете што значи WC?
-
Кичево21 час
МВР: Вкупно 15 кичевски возила-јавни превозници вчера биле пратени на вонреден технички преглед