Здравје и убавина
Направете дома природен „Витамин Ц“ напиток
Витаминот Ц е еден од најважните сојузници на организмот во борбата против настинки, вируси и замор. Освен што го зајакнува имунолошкиот систем, овој витамин придонесува и за здрава кожа, побрзо заздравување на ткивата и подобра апсорпција на железо. Наместо да се потпирате само на суплементи, можете лесно да го подготвите дома целосно природно и без додадени шеќери.
Како да направите природен витамин Ц во прав
Постапката е едноставна и не бара посебни услови. Потребна ви е кора од цитрусно овошје како лимон, портокал, лимета или мандарина. Распоредете ја кората на чиста тацна и оставете ја да се суши три до четири дена, сè додека не стане целосно кршлива на допир.
Кога ќе биде сува, сомелете ја во блендер или изрендајте ја што е можно поситно, сè додека не добиете фина прашкаста смеса. Тоа е вашиот природен витамин Ц во прав.
Начини на употреба
Овој домашен витамин Ц можете да го додадете во јогурт, мед, смути, овесна каша или во оброците. Само една мала лажичка дневно е доволна за да го внесете препорачаниот дневен внес од витаминот.
Зошто да ја користите кората?
Иако секогаш е препорачливо да се јаде свежо овошје, вреди да се знае дека кората содржи многу поголема концентрација на витамин Ц. На пример, во 100 грама кора од портокал има околу 136 mg витамин Ц, додека во истата количина од плодот има околу 71 mg речиси двојно помалку.
Затоа, со користење на кората не само што го зголемувате внесот на витамин Ц, туку и добивате дополнителни антиоксиданси и растителни влакна кои придонесуваат за подобро варење и детоксикација.
Совети за чување
Домашниот витамин Ц во прав можете да го чувате во стаклена тегла со херметички затворање. На темно и суво место ќе трае до три месеци, а ако го ставите во замрзнувач и до шест месеци.
Здравје и убавина
Домашен напиток од свежи билки против болки во Бубрезите од бубрежните камења
Бубрезите се еден од најважните органи во човечкото тело, а нивната здравствена состојба е клучна за целокупното функционирање на организмот. Болките предизвикани од бубрежни камења се меѓу најинтензивните што човек може да ги почувствува, а проблемите со бубрезите можат да се појават од различни причини.
Бубрежниот каменец е чест здравствен проблем што ги погодува милиони луѓе ширум светот. За оние кои сакаат природен начин да ги поддржат своите бубрези, постои едноставен домашен напиток од свежи билки.
Состојки:
-
Една рака свеж першун или листови кориандер
-
Вода
Подготовка:
Исечкајте ги листовите на ситно и ставете ги во лонец. Полијте ги со вода и варете околу 10 минути. Откако ќе се олади смесата, процедете ја и сипете ја во чисто шише. Чувајте ја во фрижидер.
Начин на употреба:
Пијте по една чаша од напитокот дневно. Се верува дека овој природен тоник помага во прочистување на бубрезите и отстранување на насобраните токсини преку урината.
Здравје и убавина
Овие шест работи предизвикуваат висок крвен притисок
Високиот крвен притисок (хипертензија) претставува сериозно здравствено состојба која може да доведе до опасни, па дури и фатални последици, како што е срцевиот удар. Еве кои се најчестите причини и како може да се спречи оваа болест.
Многу лица со хипертензија често не чувствуваат никакви симптоми, па затоа лекарите препорачуваат сите лица постари од 40 години редовно да го мерат својот крвен притисок. Дополнително, важно е да се провери дали постои наследна предиспозиција за оваа состојба.
Меѓу најчестите фактори кои придонесуваат за појава на висок крвен притисок се: дијабетес тип 1 или тип 2, прекумерната телесна тежина и исхраната богата со сол.
Покрај тоа, секундарната хипертензија може да се развие како последица на заболување на бубрезите или хормонална нерамнотежа. Експертите советуваат дневниот внес на сол да не надминува 6 грама, да се консумира повеќе свеж зеленчук и овошје, да се одржува редовна физичка активност и да се избегнува алкохол.
Дополнително, се препорачува ограничување на кофеинот, престанување со пушење и обезбедување најмалку шест часа сон секоја ноќ — како клучни чекори за подобро здравје и стабилен крвен притисок.
Здравје и убавина
Прескокнување на доручекот на утро не е најдобра работа според експертите, во најмала рака тоа заменете го со чашка вода или парче овошје
Можеби звучи клише, но доручекот и понатаму останува најзначајниот оброк во денот без разлика колку често го заменуваме со шолја кафе или едноставно го прескокнуваме.
Иако на прв поглед изгледа како безначаен пропуст, прескокнувањето на доручекот може да има повеќе последици од само зголемување на телесната тежина или ризик од дијабетес. Постојат и други причини зошто вреди да започнете денот со нешто во стомакот.
Кога не јадете ништо веднаш по будењето, бактериите што се насобрале во усната празнина преку ноќ остануваат активни и токму тие се главните виновници за непријатниот здив. Најдобар начин да ги отстраните не е само четкање на забите, туку и внесување храна што го поттикнува лачењето плунка и ги елиминира овие бактерии.
– „Прескокнувањето на доручекот е една од најштетните навики, бидејќи создава идеални услови бактериите да се размножуваат во устата,“ вели естетскиот стоматолог Мервин Дриан. Ако навистина немате време за класичен доручек како јајца, овес или смути, тогаш барем испијте чаша вода и изедете едно парче овошје.
Дриан предупредува и да се избегнуваат засладени пијалаци и енергетски напитоци, бидејќи големата количина шеќери само им дава дополнителна храна на бактериите и ја влошува ситуацијата.
-
Кичево2 денаНа градскиот плоштад во Кичево и оваа година ќе блесне хуманитарниот „Божиќен Базар“ покрај најубавиот украс „Витлеемската Пештера“
-
Кичево2 дена(ФОТО) Д-р Александар Јовановски денеска со свеченост ја презеде функцијата градоначалник на општина Кичево, „За мене како што знаете поделбите не постојат, ќе продолжиме напред заедно“
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (11 ноември)
-
Македонија16 часаТелефони во рака, да му помогнеме на нашиот другар Ивица Попоски од Охрид, треба да оди итно на операција во Турција
-
Хороскоп15 часаХороскоп за среда (12 ноември)
-
Кичево3 часаОВР Кичево лиши од слобода жител на струшко, кај с.Другово „летал“ со 107 км/ч, на место каде дозволено е 50 км/ч максимална брзина
-
Здравје и убавина2 денаДомашен напиток од свежи билки против болки во Бубрезите од бубрежните камења
-
Временска прогноза1 денОд утре целосна стабилизација на времето ширум Македонија, ова се деталите
