Спорт
А селекцијата на Македонија поуспешна од Работнички

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски за мини кампот успеаја со 2-0 да го победат Работнички на контролен натпревар што се играше денеска на теренот на ФФМ во Скопје.
Тоа беше добра контрола, интересен меч, на кои селекторот имаше што да види од евентуалниот потенцијал во пресрет на репрезнетативните настапи.
Првиот гол за избраниците на Ангеловски беше дело на Дориев во 15 минута. Вториот гол пак беше дело на Фатих Исмали во 65.минута за конечни 2:0 за екипата на селекторот Ангеловски.
Репрезентација: Захов, Китановски, Манев, Личина, Ашковски, Тотре, Радески, Стоилов, Дориев, Д. Елези, Цветаноски.
Играа и: Јанков, Тимовски, Шеји, Исмаили, А. Елези, Адем, Станковски, Ѓорѓиевски, Ибиши.
Работнички: Мустафа, Ристески, Кировски, Ѓорѓевиќ, Пецов, Стојков, Тодоровски, Ристовски, Стојкоски, Ѓурѓевиќ, Станковски.
Играа и: Герасимовски, Зекири, Зука, Лазаров, Ангелов, Рушту, Максимов, Петковски, Јефтоски, Прелчец.
Спорт
Македонската футсал репрезентација во петок гостува против Србија, три дена подоцна ќе одиграме реванш во Скопје

Македонската футсал репрезентација во петок против Србија во Врање ќе го одигра натпреварот од третиот круг од квалификациите за Европското првенство. Три дена подоцна во С.Ц. „Јане Сандански“ ќе го одиграме возвратниот дуел со Србија.
Нашата најдобра футсал селекција освои бод на воведните два меча. Загубивме со 2:1 против БиХ на гости, а на домашен терен одигравме 2:2 против Романија.
Селекторот Васко Скендеровски за двомечот со Србија нема да смета на Даниел Де Соуса поради повреда, а неизвесни за настап се и Ранготов и Крстевски. Во конкуренција за настап се следните играчи:
Голмани: Антонио Петровски (СК Проект Цујо), Иван Стојановски (Шкупи);
Одбрана: Реџеп Сулејмани (Шкупи), Таулант Исмаили (Арбен Бајрами), Ферид Агуши (Шкупи), Драган Петровиќ (Шкупи), Орхан Ибиши (Приштина Мабетекс, Косово), Харис Омеровиќ (Арбен Бајрами);
Напад: Иван Крстевски (СК Проект Цико), Игор Леовски (Славија Прага, Чешка), Адријан Мицевски (Бетон бојс, Германија), Дарко Ранготов (СК Проект Цико), Мартин Калчевски (Велес), Петар Даиловски (Железарец), Еркан Сефери (Шкупи), Јакуп Рамадани (Арбен Бајрами), Џокица Арсовски (Стуттгартер, Германија);
– Не очекуваат два исклучително тешки натпревари против петтата најдобра селекција во светот. Хендикеп за нас е отсуството на еден од нашите најдобри играчи, Даниел Де Соуса, како и повредите на Крстевски и Ранготов. Исто така, поради Ковид протоколите тимот се комплетираше пред два дена, но се додека постојат шанси нема предавање и ќе се обидеме да направиме изненадување на овие два натпревари со што би ни се отворил патот за Европското првенство.
Како што ветив и минатиот пат, продолжува трендот на подмладување. На овој собир вклучивме тројца дебитанти за да ја почувствуваат атмосферата во националниот тим. Овие натпревари се голем притисок за Србија, освоија само бод, а беа посочени како топ фаворити во групата и можеби тука е нашата шанса за изненадување, изјави селекторот Васко Скендеровски.
Спорт
ФФМ: Дисквалификувана екипата на Вардар Форино од натпреварувањето во Втора МФЛ – Запад

Комисијата за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија според член 82. од Правилникот за натпреварување на ФФМ донесе одлука за дисквалификација на екипата на ФК Вардар с. Форино од понатамошно натпреварување во Втора МФЛ – Запад поради неоправдано непојавување на натпреварот од 17. коло на Втора МФЛ – Запад помеѓу ФК Вардар с.Форино – КФГ Гостивар закажан на 27. февруари 2021 година во Гостивар. Комисијата за натпреварување овој натпревар го регистрираше со службени 0:3 за екипата на КФГ Гостивар.
Екипата на ФК Вардар с.Форино се враќа во најнизок степен на натпреварување во Општинскиот сојуз каде што припаѓа – ОФС Гостивар.
Спорт
Хаос во Барселона, денес уапсен поранешниот претседател Бартомеу, по предходен претрес на канцелариите од финансиската полиција

Во акцијата на шпанската полиција по претресот во канцелариите, денес бил уапсен поранешниот претседател на фудбалскиот клуб Барселона – Хосеп Марија Бартомеу, а по претресот во канцелариите, објави шпанското радио Кадена Сер.
Регионалната полиција потврди дека се уапсени неколку лица, а по истрагата на финансиската полиција, пренесува Ројтерс.
Барселона потврди дека биле извршени претреси во канцелариите на клубот, но повеќе детали за самата акција не биле откриени.
Шпанските медиуми објавија дека операцијата е поврзана со минатогодишниот „Барсаж“, во кој клупските власти беа обвинети за одредена кампања на сегашни и поранешни играчи кои беа критички настроени кон клубот и тогашниот претседател Хосеп Марија Бартомеу.
Бартомеу и неговиот одбор на директори минатата година поднесоа оставки поради полемиката околу Лионел Меси.
Новиот претседател на Барселона ќе биде избран следната недела.
ФОТО: metro.co.uk
-
Македонија2 дена
Хороскоп за денес (02.03) вторник
-
Временска прогноза2 дена
Месечна временска прогноза – Снегот сеуште неизвесен, март месец може вистински да не изненади
-
Македонија1 ден
Нови 726 случаи на Ковид-19, починале 7 лица од кои 2 се од Кичево
-
Случувања11 часа
(ВИДЕО) Страшни снимки од силниот земјотрес кој ја погоди Грција предмалку, истиот почуствуван и во делови од нашата држава
-
Хороскоп1 ден
Дневен Хороскоп (3 март) среда
-
Временска прогноза1 ден
Следува промена на времето и пад на утринските температури, за време на викендот дожд на секаде во државата, детали..
-
Македонија2 дена
РКЕ одлучи од вечерва горивата да поскапат, ова е новата цена
-
Временска прогноза3 дена
Од денес започнува климатолошката пролет, потоплиот дел од годината