Спорт
Адеми ќе биде надвор од терените подолг период со посложена рехабилитација, сепак се работи за тешка повреда
Нашиот македонски репрезентативец Аријан Адеми ќе паузира околу два месеци поради повреда што ја заработи на натпреварот помеѓу Македонија и Германија кој заврши со исход од (0:4) во квалификациите за СП.
Имено на натпреварот против Германија, играчот на Челзи Каи Хаверц лошо нагази врз ногата на Адеми, така што поради сериозноста тој мораше да ја напушти играта, додека деталните прегледи ги направи во Загреб, по што беше утврдено дека ќе има подолга пауза. Како што дознаваме хрватски „Индекс“ – Адеми се здобил со тешка повреда на скочниот зглоб, која бара посложена рехабилитација и тешко е да се очекува да се врати пред зимскиот распуст.
Инаку Динамо ќе ги одигра последните два натпревари во 2021 година на 15 декември против Истра и три дена подоцна против Драговоjац, дури и ако дотогаш се опорави, речиси сигурно нема да биде принуден на тие натпревари.
Доколку не се случи чудесно закрепнување, што е малку веројатно, Динамо ќе остане без Адеми на сите натпревари од групите во Лига Европа (Рапид, Вест Хем, Генк). Адеми треба да ги пропушти и дербито со Риека во сабота, Осиек (20 ноември) и Хајдук, кои ќе играат на Максимир на 4 декември.
Ова е втора тешка повреда на капитенот на Динамо оваа сезона. Во јули, тој се здоби со повреда на мускулот на десната нога на натпреварот против Омонија, поради што пропушти десет натпревари и токму кога почна да се враќа во форма, се повреди на натпреварот со репрезентацијата.
Спорт
КМФ „Форца 2015“ е освојувач на Купот на Македонија во футсал
Форца 2015 е освојувач на Купот на Македонија во футсал, по издвојуваната победа над тимот на Клими од Кавадарци, на финалниот натпревар одигран во спортскиот центар Гемиџии во Велес. Екипата на Форца 2015 во еден интересен натпревар успеа да слави победа со вкупен резултат од 6:2.
Зоран Левски го постигна првиот гол на средбата за предност на Форца 2015 од 1:0. Екипата на Клими брзо се вратија во игра и преку Мартин Никовиќ успеаа да го израмнат резултатот.
Во продолжението Форца ја наметна својата игра и успеа да постигне 5 голови за убедлива и сигурна предност. Стрелци на головите беа Харис Омеровиќ, Зоран Левески, Берат Рамадани, додека Иван Крстевски стрелаше два пати.
Голот за намалување на предноста и поставување на конечните 6:2 го постигна Димче Андов, истакнаа од ФФМ.
Спорт
Голем ден за македонскиот билиард, кичевчанец помеѓу шампионите
Во Софија Бугарија, покрај голема конкуренција на јуниорски играчи од 6 држави 🇲🇰🇧🇬🇷🇸🇲🇪🇧🇦🇺🇦 на пиедесталот во две категории се искачија 2 Македонски шампиони:
У-17 Андреј Ѓурчиновски 🇲🇰🏆
У-19 Блендијан Ќазими од Кичево 🇲🇰🏆
Огромни честитки и за финалистот во категорија У-17 Илија Димовски 🇲🇰🥈
Честитки до Македонските јуниорски натпреварувачи, нивните фамилии, нивните клубови и до сите што ги поддржуваат на нивниот веќе докажан шампионски пат!
Активностите во Македонскиот биљард покажуваат резултати, иднината на овој спорт е во сигурни раце.
Честитки и до организаторите на оваков тип на натпревари и се надеваме само овака да продолжи, покрај натпреварувања, да имаме и размена на искуства и дружења со сите наши соседи во регионот, истакна претседателот на Билиард федерацијата на Македонија, Дејан Сипковски.
Резултати од У-17 може да најдете ТУКА
Додека за У-19 резултатите исто така се запишани ТУКА
Спорт
(ВИДЕО) Илиевска Божиновска ја пофали досегашната работа во Фудбалската федерација, додека администрацијата преку видео запис го истакна годишниот извештај на сработеното
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го одржа своето Редовно генерално Собрание. На Редовното генерално Собрание беа присутни 58 од вкупно 60 делегати кои ги ги усвоија низа точки од дневниот ред.
– Завршна сметка за 2023;
– Извештај од независен ревизор за 2023;
– Извештај од Надзорен одбор за 2023;
– Потврдување на одлуката за суспензија на ОФС Струмица;
– Усвоен извештајот од претседателот и Управниот одбор на ФФМ;
– Извештај од администрацијата за исполнување на стратешките планови;
– Усвоен е буџетот за 2024 година;
Генералниот секретар на ФФМ, Наталиа Илиевска Божиновска во своето обраќање истакна дека федерацијата има одлична соработка со Општинските фудбалски Сојузи, како своја база, но и ја потенцираше извонредната соработка со УЕФА и ФИФА.
– Наталиа Илиевска Божиновска – генерален секретар на ФФМ: „Од мое лично и од име на Фудбалската федерација на Македонија би сакала да истакнам дека имаме извонредна соработка со сите вас и би сакала искрено да ви честитам на досегашната работа. Да ви посакам многу среќа, сила и успех во соочувањето со новите предизвици.
Како дел од ФФМ, среќни сме што во Општинските фудбалски Сојузи имаме одличен партнер. На тој начин градиме уште посилна федерација со подобра структура, но и одлични односи со другите асоцијации. Секогаш ќе ја помагаме својата база. Затоа и во иднина ќе ве повикувам да разговарате, да се борите, да работиме заеднички, да даваме придонес во насока на унапредување на македонскиот фудбал.
Ние сме еден тим. Тоа значи дека заеднички се трудиме да одговориме на сите, па и на тешки прашања и проблеми. Мораме и во иднина јасно да го препознаеме секој проблем и јавно да ја посочиме неправилноста на која наидуваме.
Како ФФМ, се трудиме фудбалот да биде модел – место каде што се почитуваат правилата и им се дава шанса на сите. Ние сме мала федерација, но добиваме многу од нашите пријатели од УЕФА и ФИФА. Тие се нашите партнери. Организации кои навистина се грижат за вистинските фудбалски вредности. Организации кои им даваат целосна поддршка на сите свои членки кои имаат за цел да реализираат значаен проект за нашиот спорт.
Во продолжение видео од прифатениот Годишен извештај на администрацијата на Фудбалската федерација на Македонија согласно стратешките планови.
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за вторник (23 април)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (22 април)
-
Македонија1 ден
Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува
-
Lifestyle1 ден
Колку долго можеме да ја чуваме мократа облека во машината за перење?
-
Магазин1 ден
Netflix налути многу корисници со еден потег, но се покажа како одлична одлука
-
Магазин12 часа
iPhone 16 може да остане без физички копчиња
-
Магазин12 часа
Meta се затвора во Турција
-
Спорт6 часа
КМФ „Форца 2015“ е освојувач на Купот на Македонија во футсал