Кичево
Акција за садење зеленило за почист воздух, спроведена од ученици на Мирко Милески и припадници на АРМ (ГАЛЕРИЈА)

Во склоп на акцијата за садење зеленило за почист воздух на граѓаните на Кичево, во организација на Министерството за одбрана, а со поддршка на локалната самоуправа и двете средни училишта од Кичево – ОСУ “Мирко Милески” и ОСУ “Дрита”, во училишниот двор беа засадени 85 садници.
Во акцијата учествуваа војници од кичевската касарна “Чеде Филипоски – Даме”, ученици од двете училишта, претставници од локалната самоуправа, како и раководителот на секторот за цивилно-воена соработка при Министерството за одбрана, Тони Петрески, и директорите на двете училишта, Милка Спасевска и Фестим Ахмети.
– Во борба против аерозагадувањето, денес во соработка со Министерството за одбрана, локалната самоуправа, двете средни училишта од градот и касарната, спроведовме акција, во која беа засадени 85 стебла јавори, зелени и сребрени елки. Акцијата се спроведува со цел да имаме почист воздух и помало аерозагадување, а во истата покрај нашиот град се вклучени и Тетово и Скопје. Пред засадување на овие стебла, вработените од ШС „Лопушник“ вчера извршија подготовка на теренот, за непречено да се спроведе денешната акција- рече Милка Спaсевска , директор на ОСУ „Мирко Милески “Кичево.
Во продолжение прилог на галерија од настанот:
Превземено од официјалната страница на Мирко Милески и Зоран Антоски
Кичево
(ВИДЕО) Суспектниот кичевчанец на мајмунски сипаници денес бил тестиран, неговите резултати ќе се објават во текот на вечерта

Кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници кој неодамна се вратил од Австрија, конечно е тестиран и е во изолација, потврдија од Комисијата за заштита од заразни болести. По три дена брканица денеска или најдоцна утре Македонија конечно ќе донае дали во државата има мајмунски сипаници. Во меѓувреме, по наредба на Министерот за здравство веќе е испратен инспектор до неговиот дом за да му биде доставено и решение за здравствен надзор.
– „Пациентот од Кичево денеска беше исконтактиран, а потоа и тестиран од страна на Центарот за јавно здравје во Битола. Во моментов, тој е во изолација, а резултатите од тестот ги очекуваме до 20 часот.“ – изјави Мехмедовиќ
Видео од прилогот како и целиот натпис погледнете го на порталот од Алфа Телевизија ТУКА
Кичево
Алфа ТВ: Прв сомнителен случај со „мајмунски сипаници“ жител на град Кичево

Според извори од Алфа Телевизија пациент од Кичево е првиот сомнителен случај со „мајмунски сипаници“. Според информациите до кои дојде Алфа пациентот имал закажано термин на инфективна клиника во Скопје, така што го очекуваат да пристигне во секој момент.
Според истиот извор, кичевската брза помош одбила да го пренесе, па тој со сопствено возило се упатил кон клиниката во Скопје.
Дополнително како што наведуваат, врз пациентот најверојатно ќе му бидат извршени лабараториски испитувањa за да се потврди дали се работи за мајмунски сипаници.
Видео од прилогот на Алфа ТУКА
Извор и повеќе информации: Алфа Телевизија
Кичево
Кичево: Ноќеска избувнал пожар во с.Другово, нема повредени

На 08.08.2022 околу 20 часот, во полициска станица Кичево, пријавено е дека во кичевското село Другово, настанал пожар кој целосно опожарил плевна и куќа, сопственост на В.М.(62) од истото село. Интервенирала Територијалната противпожарна единица Кичево. Увид на местото на настанот изврши екипа од полициска станица Кичево. За Порта извести портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
-
Кичево2 дена
(ВИДЕО) Суспектниот кичевчанец на мајмунски сипаници денес бил тестиран, неговите резултати ќе се објават во текот на вечерта
-
Хороскоп1 ден
Викенд Хороскоп -(сабота 13 август)-
-
Македонија1 ден
Заврши испитувањето на брисот земен од кичевчанецот по сомнежот дека имал „Мајмунски сипаници“
-
Хороскоп10 часа
Дневен Хороскоп (14 август) – недела
-
Lifestyle1 ден
(ВИДЕО) Теа Таировиќ се оправда и распали со нашата „Македонско девојче“ – нема поубаво од Македонче!
-
Lifestyle7 часа
(ВИДЕО) Лозано: Дома си е дома, „Ја излези Ѓурѓо“ од многу грла во еден глас ❤️ Кичево!
-
Временска прогноза20 часа
Поизразено невреме проследено со интензивен пороен дожд – ова се најновите метео информации
-
Македонија19 часа
СВР Охрид со активности на г.п. Ќафасан – „На пат секогаш тргнувај одморен“