Следете не

Кичево

Акциска контрола во Кичево: 24 возила на технички преглед, 2 се исклучени од сообраќај

Објавено пред

на

Вчера на 20.03.2019 година, на целото подрачје на СВР Охрид, беа извршени зајакнати акциски контроли во сообраќајот посебно насочени кон возила кои вршат јавен превоз на патници.

Притоа, полициските службеници контролираа вкупно 111 моторни возила (Охрид-25, Струга-13, Кичево-60 и Дебар-13) од кои, на дополнителен преглед во станиците за технички преглед упатени се вкупно 46 возила кои вршат јавен превоз на патници (Охрид-12, Кичево-24 и Дебар-10). Таму, констатирани биле вкупно 8 неисправности (Охрид-6 и Кичево-2 од кои, еден неисправен уред за запирање).

При акциските контроли, од сообраќај исклучени се 8 возила со кои се вршел јавен превоз на патници (Охрид-6, Кичево-2).

По овие, но и по други одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, полициските службеници издале вкупно 16 прекршочни платни налози (Охрид-6, Струга-8, Кичево-2)

Акциските контроли беа спроведени со цел подигнување на степенот на безбедност во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Извор: СВР Охрид

Кичево

(ВИДЕО) Конечно во етер „Spring Waltz“ на Лука Лазарески од Кичево, големиот виртуоз на пијано за кој допрва времето доаѓа..

Објавено пред

на

©porta.mk

После солистичкиот концерт на 22.12.2023 со мотото „Stars without a Sky“, тимот на Лука Лазарески продолжува со макотрпна работа, сега со креирање на аудио и видео записи. Во агендата ова е прво видео, додека на плејадата се токму 8.

Овој млад виртуоз кој ја има поддршката речиси од сите, се разбира и од нас како медиумски покровители, додека неговата работа ја следат токму сите светски и реномирани компании кои следат многу млади таленти, а вредно е да се споменат „iStyle Premium, Atlantic Grupa, ATVA Residence, Маркети „АТВА“ и останати“

Сега, ве препуштаме да уживате во одличниот видео запис и прекрасната „Spring Waltz“, отсвирена на 8-ми мај 2022 година во чест на Владиката Партениј, Игумен на Бигорската обител, на големиот Велигденски концерт во Кичево – „На многаја лета, Владико на нашите срца!

Повеќе за неговиот концерт ќе најдете на официјалниот линк ТУКА

Прочитај повеќе...

Кичево

(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас

Објавено пред

на

Министерство за внатрешни работи

Мнистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на Одделението за внатрешни работи Кичево и Полициските одделенија Зајас и Осломеј кои се во негов состав.

Во рамки на посетите министерот Тошковски одржа состаноци со раководствата на организациските единици и беше запознаен со структурата, тековните активности, движењето на криминалитетот и состојбата со човечки ресурси и техничка опременост.

– „Генерално на територијата на ОВР Кичево каде живеат повеќе од 50 илјади жители има стабилна безбедносна состојба и има над 50% реализација на кривични дела и покрај фактот што има ниска пополнетост со полициски службеници и стари возила. Што се однесува до Полициските одделенија Зајас и Осломеј се забележува намалување во делот на евидентирани нарушувања на јавниот ред и мир, а во делот на човечки ресурси и материјално-технички средства состојбата е како и во најголемиот дел од организациските единици“, за медиумите истакна министерот Тошковски.

ФОТО:

Извор: Министерство за внатрешни работи

Прочитај повеќе...

Кичево

ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“

Објавено пред

на

©porta.mk

Кичевското осново училиште Д-р „Владимир Полежиноски“ оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска во рамките на проектот „Размислувам, избирам, учествувам, Ученикот како активен граѓанин.“

Утре петок, 19.04.2024, со почеток од 11:00 до 13:00 часот во училиштето ке се одржи „Safe Spot Festival“ со тема – Интернет безбедност, така што колегиумот упатува покануваме до сите, да присуствуваат на овој настан, ќе биде забавно.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп53 минути

Хороскоп за сабота (20 април)

ОВЕН Се чувствувате одлично и ќе треба да го споделите вашиот оптимизам со другите, но исто така и финансиите. Само...

Балкан2 часа

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во нејзиниот стан, жалната вест силно одекна во Србија, колегите и блиските се простуваат од неа

Водителката Бојана Јанковиќ (поранешен Николиќ), која се прослави како водителка на култното шоу на Пинк „Град“, е пронајдена мртва во...

Кичево2 часа

(ВИДЕО) Конечно во етер „Spring Waltz“ на Лука Лазарески од Кичево, големиот виртуоз на пијано за кој допрва времето доаѓа..

После солистичкиот концерт на 22.12.2023 со мотото „Stars without a Sky“, тимот на Лука Лазарески продолжува со макотрпна работа, сега...

Спорт11 часа

Во недела град Велес е домаќин на футсал финале во рамките на „Купот на Македонија“, за трофејот ќе се борат „Клими“ и „Форца 2015“

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македонија. Финалната пресметка...

Гејминг12 часа

World of Warcraft доаѓа на конзоли?

Идејата дека World of Warcraft би можел да дојде до конзолите е пуштена безброј пати, а изгледа дека Blizzard конечно...

Култура12 часа

Кичевчанецот Зоран Стефаноски го претстави својот нов соло проект наречен Fly Above

Неговиот седми музички проект „Fly Above“ штотуку е објавен на Youtube, зад себе има уште шест музички проекти наречени “The...

Lifestyle12 часа

Дали витаминот Д може да го запре процесот на стареење?

Витаминот Д долго време се сметаше за поволен кандидат бидејќи е важен за градење мускули и коски, кои имаат тенденција...

Магазин12 часа

Meta интегрира чет-бот со AI во пораките на Instagram

Зошто да разменувате пораки со пријателите кога можете со бот? Meta го инјектира истиот четбот во секоја апликација што ја...

Магазин12 часа

Apple во Кина ги отстрани WhatsApp и Threads од AppStore на барање на властите

Американскиот технолошки гигант Apple ги отстрани апликациите WhatsApp и Threads на Meta од својот App Storea во Кина. Тоа било...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (19 април)

ОВЕН Денес, се ќе се сведе на достигнувања, а не на тоа што сте или како се чувствувате за другите...

НАЈЧИТАНИ