Спорт

Како „Македонскиот Тигар“ го демолираше Ирецот во Рим во ММА лигата (ВИДЕО)

Во видеото подолу видете ја целата борба на “Македонскиот Тигар” Ален Амедовски кој синоќа со нокаут во првата рунда го демолира Ирецот Вил Флејри на настанот на салата Белатор во Рим.

Ова е шеста победа на Амедовски во ММА кој се бори во категоријата до 84 килограми. Ален сега живее во Италија.

На 29 годишниот борец од Центар Жупа ова му беше шестата последователна победа и е без пораз.

Досега во Италија и главно во Милано ги има совладано Мамду, Самарко, Дорошкин, Ткачи и Фантасија, и тоа со брзи и ефектни победи.

На сите свои борби Амедовски при претставувањето и прогласувањето задолжително го носи македонското знаме.

https://youtu.be/EAW70CW3mC8

Close