Следете не

Спорт

АМС со номинација за ФФМ – „Најуспешна национална спортска федерација“

Објавено пред

на

Агенцијата за млади и спорт ја номинираше Фудбалската федерација на Македонија за најуспешна во категоријата „Најуспешна национална спортска федерација“.

#Најдобри2020

Нашиот капитен, Горан Пандев е номиниран во категоријата „Спортист на годината“, а Игор Ангеловски е номиниран за најдобар тренер / селектор на годината.

#НајдобриВоСпортот

Македонската А репрезентација е меѓу фаворитите за наградата најуспешен национален тим.

#НапредМакедонија

Надежната Сара Велкова е е во конкуренција за најдобра млада спортистка на годината.

#СегаЕНашеВреме

Извор: ФФМ

Спорт

Австралиската држава Викторија ја отфрли можноста невакцинираните тенисери да играат на АО

Објавено пред

на

Австралиската држава Викторија, чиј главен град Мелбурн е домаќин на тенискиот грен слем турнир Австралија Опен, денеска ја отфрли можноста да им се дозволи на невакцинираните играчи да учествуваат на турнирот.

„Забрануваме невакцинирани луѓе да влегуваат во пабови, кафулиња, ресторани и на главниот стадион за крикет. Нема да бараме исклучок од оваа одлука. Значи, прашањето е суштински решено“, рече викторијанскиот премиер Ден Ендрјус.

Оваа најава на локалните власти доаѓа неколку месеци пред почетокот на Австралија Опен, традиционално првиот Грен слем во годината (17-30 јануари).

Австралискиот премиер Скот Морисон изјави претходно дека на невакцинираните играчи ќе им биде дозволено да влезат во земјата доколку добијат изземање, за што државата Викторија треба да ги пријави.

Одлуките за визите и влезот во земјата ги носи австралиската влада, но за време на пандемијата на корона вирус, самите држави одлучуваа за сопствените правила во врска со влезот, како што се карантин или задолжителна вакцинација.

Првиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, победникот на последните три турнири во Мелбурн и деветкратен шампион на тој Грен слем, претходно одби да одговори на прашањето дали е вакциниран против корона вирусот.

„Не знам дали ќе одам во Австралија, не знам што се случува. Ситуацијата не е добра во моментов“, изјави Ѓоковиќ на почетокот на овој месец.

Според АТП и ВТА организациите, вакцинирани се околу 65 отсто од тенисерите и повеќе од 60 отсто од тенисерките.

На овогодинешниот Австралија опен, тенисерите мораа да бидат во двонеделен хотелски карантин, а бројот на гледачи беше одреден на 30.000 гледачи дневно или 50 отсто од капацитетот.

Извор: Danas
Фото: Unsplash

Прочитај повеќе...

Спорт

УЕФА и ФИФА со највисоки оценки за финансиското работење на ФФМ

Објавено пред

на

На барање на Фудбалската федерација на Македонија изминатиот период претставници на ФИФА и УЕФА вршеа ревизија на финансиското работење на Фудбалската федерација на Македонија, поврзано со проектите и активностите на ФФМ од користењето на средства од програмите „FIFA Forward“  за 2020 на ФИФА и „HatTrick 3 и 4“- инвестициски програми на УЕФА.

Фудбалската федерација на Македонија добила највисока оценка од ФИФА во однос на користењето на средствата од програмата Forward за 2020 година на ФИФА.

Наведено е дека средствата од развојните фондови на ФИФА, Фудбалската федерација на Македонија ги користи исклучиво наменски, односно по пропишаната процедура која вклучува детален опис на проектите, документација, процес на одобрување, имплементација и известување за проектите.

Претставници на УЕФА, оваа седмица на барање на ФФМ, врши ревизија на трошоците и искористувањето на средствата од „HatTrick 3 и 4“- инвестициски програми  на УЕФА. Преку оваа програма на УЕФА, ФФМ инвестира во подобрување на инфраструктурата на стадионите во државата, отворање на нови терени или реконструкција на постоечките со природна или вештачка трева, поставување рефлекторско осветлување итн.

Со оглед на тоа дека се работи за строго наменски средства, ФФМ има обврска, а токму тоа и го прави, да ги извести надлежните во УЕФА за вложувањето на средствата за проектите реализирани преку програмата на УЕФА.

ФФМ во соопштението вели дека како и досега ќе продолжи да ја обезбедува комплетноста и веродостојноста на своето финансиско работење за своите надлежни институции и останува отворена за сите прашања во однос на својата усогласеност со УЕФА и ФИФА, вклучително за распределбата и текот на финансиските средства за проектите од програмите на УЕФА и ФИФА.

Прочитај повеќе...

Спорт

Кралевите ја совладаа Барселона и го зацврстија бодовното салдо со 20 бодови

Објавено пред

на

Фудбалерите на Реал Мадрид ја победија Барселона денеска на гости со 2:1, во десеттото коло од шпанската Ла Лига. Стрелец на првиот гол за Реал беше Давид Алаба во 32. минута. Тој шутираше силно од работ на шеснаесетникот и прецизно го погоди спротивниот агол од голот на Барселона.

На 2:0 зголеми Лукас во четвртата минута од судиското обештетување, а конечниот резултат го постави Серхио Агуеро три минути подоцна.

Реал е прв со 20 бодови, додека Барселона е на осмото место со 15 бодови.

Во следното коло Реал ќе ја пречека Осасуна, додека Барселона му гостува на Рајо Ваљекано.

ФОТО: Real Madrid C.F. (Twitter)

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ХороскопПред 38 минути

Дневен Хороскоп (28 октомври) четврток

ОВЕН Вашата страст и ентузијазам денес ќе ја истакнат вашата креативност. Ова е одличен период за да започнете некое уметничко...

МакедонијаПред 6 часа

Ноќта помеѓу сабота и недела започнува зимското сметање на времето

Ноќта меѓу сабота (30 октомври) и недела (31 октомври) поголемиот дел од регионот ќе премине на зимско сметање на времето....

LifestyleПред 7 часа

🎵„La Casa“: Викендов „Скандал Састав“ и „Зоран Илиев“ во живо ќе бидат задолжени за вашето расположение

Викенд агенда на кичевските локали кои се во соработка со нас. Овој петок 29 ноември, забавите во „La Casa“ продолжуваат...

КичевоПред 10 часа

Кичево вчера: Удрен велосипедист + случен пожар на орман со електрични броила

На 26.10.2021 година во 18.30 часот, во полициската станица Кичево пријавено е дека на улицата „Арсо Војвода“ во Кичево, патничко...

МагазинПред 11 часа

Twitch го тестира копчето за премотување назад

Една од атракциите на Twitch е гледањето на работите во живо, но многумина од нас посакуваа да можеме повторно да...

СветПред 11 часа

Директор на Центарот „Гамалеја“: „Sputnik V“ е ефикасен против новата мутација на ковид

Руската спутник вакцина „Sputnik V“ штити од сите варијанти на корона вирусот, вклучувајќи го и новиот вид делта, изјави за...

Здравје и убавинаПред 11 часа

ОВА СЕ СИМПТОМИ ДЕКА ИМАТЕ ТРОМБ ВО ТЕЛОТО! Обрнете внимание – знаци кои не смеете да ги ИГНОРИРАТЕ

Згрутчување на крвта или тромб е нешто со кое треба да се биде многу внимателен, бидејќи може да го нападне...

СпортПред 11 часа

Австралиската држава Викторија ја отфрли можноста невакцинираните тенисери да играат на АО

Австралиската држава Викторија, чиј главен град Мелбурн е домаќин на тенискиот грен слем турнир Австралија Опен, денеска ја отфрли можноста...

КултураПред 12 часа

ТВ серијата на Apple зборува за хакирање на мозокот

Ѕвездата на филмот „Parasite“ ќе се појави во новата серија „Dr. Brain“, која ќе дебитира ширум светот на Apple TV...

МакедонијаПред 12 часа

Нови мерки во Македонија: Од 15.11. во локали само со 2 дози вакцина

Од 15 ноември влез во угостителските објекти во Македонија ќе можат само за лица кои примиле две дози вакцина против...

НАЈЧИТАНИ