Македонија Случувања

АМСМ со важни информации за утрово

ПОНЕДЕЛНИК, 10 ДЕКЕМВРИ 2018 06:23:00

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажни коловози, на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи на Македонија пат. Врнежи од снег во раните утринските часови се бележат на Попова Шапка, Страцин, планинскиот премин Стража и во Маврово.

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ: Намалена видливост поради појава на магла од 20 до 30 метри има на планинскиот премин Стража.