Следете не

Македонија

АМСМ со важно известување за сите возачи

Avatar

Објавено пред

на

Во извештајот добиен од АМСМ во 06:00 часот на ден 14.05.2019 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Известуваат и дека на неколку други места низ државата се изведуваат градежни работи на пат, каде е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Македонија

РКЕ одлучи: Од ноќеска по оваа цена ќе точиме гориво

Avatar

Објавено пред

на

Регулаторната комисија за енергетика си објави новите цени на нафтените деривати кои ќе стапат на сила од полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 денар/литар.

Од полноќ малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 57,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 59,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 49,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со Одлуката од 26.05.2020 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 37,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,167 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 26.05.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 23,260 ден/кг.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Македонија

Денес 89 нови случаи на Корона вирус во нашата држава

Avatar

Објавено пред

на

Во последното деноноќие бројот на заразени повторно се зголеми. Бројот на нови позитивни случаи на Ковид-19 изнесува 89 случаи и има починато осум лица, објави Локално.мк

По олабавување на мерките, укинувањето на полицискиот час и постепеното отворање на економијата, надлежните апелират граѓаните да ги почитуваат мерките на заштита како одржување дистанца од два метра, носење заштитна маска на устата и носот и негрупирање.

Без почитување на овие мерки, велат надлежните, вирусот ќе продолжи да се шири и натаму.

Извор: Локално

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Македонија

Од денес започнува уписот на првачињата

Avatar

Објавено пред

на

Во период од денес, 1 јуни, до 30 јуни, во основните училишта во земјава ќе се запишуваат ученици во прво одделение за учебната 2020/2021 година откако роковите за упис со уредба на Владата беа одложени за еден месец поради заштита од заразата со ковид-19.

Наместо во мај, како што е утврдено во Законот за основно образование, оваа година уписите се во јуни и родителите ќе имаат на располагање еден месец да ги запишат децата во основните училишта, а тие до 15 јули треба да ги објават резултатите.

Владата во петокот на седница усвои протокол за спроведување на уписот на првачињата со утврдени мерки за заштита на јавното здравје и спречување да се шири коронавирусот.

Според протоколот, уписот се спроведува во термин утврден од Комисија за запишување ученици формирана од директорот на училиштето. Треба да има пауза од најмалку 20 минути помеѓу термините за разговор на членовите на комисијата со секое дете. Во паузите се забранува групирање на присутните во училиштето.

Во просторијата за разговор може да присуствуваат само членовите на Комисијата за запишување, детето и еден од неговите родители/старатели. Најмалку два метра оддалеченост треба да има меѓу присутните, возрасните лица да носат заштитни маски и ракавици, а по секој разговор просторијата треба да се дезинфицира.

На влезот од училиштата задолжително треба да има средство за дезинфекција на обувките и рацете, како и поставени едукативно-информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки.

Извор: Taratur.com

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МакедонијаПред 9 часа

РКЕ одлучи: Од ноќеска по оваа цена ќе точиме гориво

Регулаторната комисија за енергетика си објави новите цени на нафтените деривати кои ќе стапат на сила од полноќ. Малопродажните цени...

МакедонијаПред 10 часа

Денес 89 нови случаи на Корона вирус во нашата држава

Во последното деноноќие бројот на заразени повторно се зголеми. Бројот на нови позитивни случаи на Ковид-19 изнесува 89 случаи и...

КичевоПред 12 часа

Случаи со кучиња скитници како и 186 решенија за изолација, 585 казни за заштитни маски

Во текот на изминатото деноноќие (31.05/01.06.2020 година) на територијата на Македонија на 186 лица им се издадени решенија за изолација,...

МакедонијаПред 15 часа

Од денес започнува уписот на првачињата

Во период од денес, 1 јуни, до 30 јуни, во основните училишта во земјава ќе се запишуваат ученици во прво...

Временска прогнозаПред 20 часа

И денес слично како и вчера, краткотрајни локални врнежи од дожд можна е и ретка појава на грмежи, од четврток стабилизација на времето

Времето денес ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено во западните делови. Можна е и ретка појава...

ХороскопПред 23 часа

Дневен Хороскоп (01.06) понеделник

ОВЕН Доаѓате до нови идеи, креативноста ви е денес нагласена и посветете се на тоа. Го променивте мислењето за саканата...

Живот и стилПред 1 ден

Ослободете се од целулитот за само 30 дена

Благодарение на овој рецепт за природен лосион, резултатите ќе ги забележите веќе за 30 дена. Не трошете пари на креми...

МакедонијаПред 1 ден

Бројките не стивнуваат, денес нови 62-ца заболени од Ковид-19 кај нас

Во последните 24 часа направени се 771 тестирање, а регистрирани се 62 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-24,...

Живот и стилПред 2 дена

Недела е ден за..

Иако многумина ја сметаат неделата за монотон и досаден ден, сепак неделата е онаква каква што ќе направите да биде....

ЗанимливостиПред 2 дена

(ВИДЕО) Како храбрите кученца ги штитат своите бремени сопственички

Некои кучиња би го дале својот живот за доброто на своите сопственици. Овие храбри кучиња во оваа компилација ги обожаваат...

НАЈЧИТАНИ