Следете не

Временска прогноза

Целосна анализа за времето во Февруари, зимата не запира!

Објавено пред

на

Во следните два дена ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури.

Во петок и за време на викендот ќе има зголемена облачност со локални слаби врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места и планините, претежно во западните делови.

По одделни котлини ќе има појава на магла.

Според најновите анализи кој сега ги направивме укажуваат на тоа дека зимата со полн замав ќе продолжи и во текот на следниот месец, односно во февруари..

Поточно очекуваме температури блиску нормалните за тој месец од годината, сепак врнежите треба да бидат значително од просечните за тој дел од годината како кај нас па така и над целиот Европски Континент, секако и на Балканскиот Полуостров, прикажано на следната метеоролошка карта:

Во ваква ситуација може да очекуваме врнежи и од дожд и од снег, и понатаму ќе има услови за формирање на снежни невремиња низ Европскиот Континент.

Услови за вакви појави има и на Балканскиот Полуостров што значи зимата во полн замав треба да ја има и во текот на следниот месец, барем гледано според сегашните анализи, секако со оглед на тоа дека се работи за подолгорочна анализа на времето можни се и измени на истите.

Инаку пак во изминатиот период во поголем дел од Европа владееше вистинска зима, во алпскиот регион снежната покривка изнесува дури и над три метри каде постои опасност од појава на лавини.

Многу снег во изминатиот период е забележан и на Балканот како и кај нас.

Временска прогноза

Најнови метео вести, викендов следува промена на времето

Објавено пред

на

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и релативно топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 18 степени.

Потоа утре ќе се задржи претежно сончево, додека во петок облачноста полека ќе се зголемува, а за време на викендот ќе има повремени локални врнежи од дожд и тоа особено во недела.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени, додека од недела истите ќе бележат тенденција на пад и тоа поради продор на постудена воздушна маса од север. Во недела исто така ќе дува и умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

/Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Уште денес променливо облачно, од утре сонце и стабилизација

Објавено пред

на

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер од променлив правец. Особено во планинските региони ќе има услови за локален краткотраен дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец, додека температурата ќе се искачи до околу 18 степени.

Потоа од утре па се до петок, под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени.

Нова промена на времето, која ќе донесе нови врнежи од дожд, како и пад на температурите на воздухот се очекува за време на викендот.

Инфо: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Облачно уште денес, од утре повеќе сончеви периоди и покачување на дневните температури – Ова се деталите..

Објавено пред

на

Уште денес ќе имаме пооблачно време, локално ќе има услови за краткотраен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец, особено претпладне. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени.

Потоа од утре па натаму ќе има МНОГУ ПОВЕЌЕ сончеви периоди,  односно времето ќе биде сончево и РЕЛАТИВНО ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Само уште утре локално ќе има нешто повеќе облачност, кога ќе има услови за локален краткотраен дожд, особено во планинските региони.

Температурите и тоа поради продор на ТОПЛА воздушна маса од југ ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени.

Во Скопје и околината уште денес ќе има нешто повеќе облачност, потоа од утре па натаму ќе ма МНОГУ ПОВЕЌЕ сончеви периоди, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 16 и 17 степени.

Барем одсега гледано, нова промена на времето, врнежи, како и пад на температурите на воздухот повторно се очекува од следниот викенд, а до тогаш ќе можете да уживате во неколку денови со прекрасно, сончево и ТОПЛО време, и секако убавото време ќе можете слободно да го искористете за прошетка во природа, или пак за правење на зимница и тоа доколку сеуште не сте ја направиле истата.

Автор: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

СпортПред 13 минути

Познати четвртфиналистите во Купот на Македонија во фудбал

Вчера беа одиграни натпреварите од 1/8 финалето од Купот на Македонија. Вардар, Македонија Ѓ.П, Пелистер и Струга Трим Љум по...

КичевоПред 16 минути

Кичевски улици, бул. Ослободување, магистрален пат и автобуска станица – Денес со прекин на електрична енергија

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа денес 21.10.2021 година – четврток, ЕВН Кичево ќе работи на терен, така што прекини во...

ЗанимливостиПред 19 минути

Кралска Тотал ТВ понуда: Крунисај го твојот дом со квалитетна и најбарана ТВ програма било каде во Македонија

TOTAL TV EXTRA & TOTAL TV PREMIUM – 50% попуст на претплата во првите 9 месеци! Сите претплатници кои ќе...

ХороскопПред 11 часа

Дневен Хороскоп (21 октомври) четврток

ОВЕН Расположението на денот е чиста среќа, драги наши Овни! Уживате во плодовите на вашиот труд. Beе можете да се...

СпортПред 13 часа

(ФОТО) Нашите млади фудбалерки славеа против Фарски Острови

Македонската женска репрезентација до 19 години со триумф против Фарски Острови ги започна квалификациите за пласман во Елитна фаза за...

КичевоПред 16 часа

🎵 La Casa: Иван Илиев и Антонио Пејоски викендов со свирка во живо

Кичевскиот комплекс La Casa продолжува со најдобрите забави во градот. Оваа викенд агенда ќе има дефинитивно романтичен стил. Петок: Иван...

Временска прогнозаПред 1 ден

Најнови метео вести, викендов следува промена на времето

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер...

МакедонијаПред 1 ден

Предмалку регистриран земјотрес во западниот дел од државата

Предмалку почувствуван земјотрес во југо-западниот дел од Македонија. Според ЕМСЦ информациите говорат дека потресот е со јачина од 3.2 степени...

ХороскопПред 1 ден

Хороскоп за денес (20 октомври) среда

ОВЕН Ве очекува подобрување на полето на заработка. Може да се надевате на пресврти на ова поле. Можна е прилика...

КичевоПред 1 ден

Најдобрите омекшувачи за алишта сега достапни по акциска цена во АТВА Маркети – Кичево!

Најдобро покажаните омекшувачи за алишта сега достапни по акциска цена само во АТВА Маркети – Кичево, посетете ги веднаш и...

НАЈЧИТАНИ