Следете не

Спорт

Ангеловски: Задоволен сум од тест натпреварот вчера, продолжуваме да ги следиме играчите во иднина

Објавено пред

на

Селекторот на нашата македонска фудбалска репрезентација Игор Ангеловски е практично задоволен од прикажаното на вчерашниот тест наторевар против Работнички. Составот на нашиот национален „А“ тим во кој беа повикани играчи од домашниот шампионат и неколку странци, оствари победа од 2:0 со головите на Дориев и Исмаили.

„Сакам да им се заблагодарам на фудбалерите, што ги одработија овие три тренинзи, и на клубовите што ги ослободија од обврските, бидејќи ова не беше ФИФА термин, благодарност и на Работнички што ни излегоа во пресрет да одиграме тренинг натпревар.

– Резултатот беше во втор план, целта беше фудбалерите да имаат можност да се запознаат со методите и принципите на работа во А-репрезентацијата, некои од нив веќе имаа такво искуство, но другите што немаа, имаа можност за тоа, а ние имавме можност уште подобро да се запознаеме со нивните квалитети и можности.

– Задоволен сум од тоа што го одработија овие три дена, нормално дека ќе ги следиме во иднина, и во зависност од нивната форма и потребите на репрезентацијата ќе ги носиме следните одлуки“ – изјави селекторот, Ангеловски.

 

Спорт

(ФОТО) ФФМ и ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ втор пат по ред организираа инклузивен фудбалски турнир

Објавено пред

на

ФФМ

На тренинг центарот „Петар Милошевски”, втора година по ред Фудбалската федерација на Македонија во соработка со ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“, организираше инклузивен фудбалски турнир со цел заеднички да испратиме порака дека е важен пристапот и вклученоста на лицата со попреченост на спортските терени.

На турнирот освен учениците на Св. Наум Охридски, учествуваа и следните училишта:

-ООУ „Ванчо Прке“ – Штип  – со една машка и една женска екипа

-ООУ „Марко Цепенков“  – Скопје со една женска екипа

-ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје со машка екипа

– ДСУ „Искра“ – Штип со една  машка и една женска екипа

– ДСУ „ Св. Наум Охридски“ – Скопје со две машки екипи и една женска екипа

– ОУРЦ „Маца Овчарова“ – Велес со една машка екипа

Mенаџерот на секторот „Поддршка” во рамките на Фудбалската федерација на Македонија, Горанчо Костовски, заедно со претставникот на училиштето „Св. Наум Охридски“, Станислав Мирчевски го отворија денешниот турнир и им додели симболични награди и признанија на учесниците.

„Почитувани фудбалери и почитувани присутни,особено ми е драго што веќе втора година ФФМ го поддржува  фудбалскиот проект на училиштето Свети Наум Охридски и по втор пат сме покровители на Инклузивниот фудбалски турнир. Со овој проект се покажува дека фудбалот покрај спортскиот и натпреварувачкиот дел, служи и како интегративна алатка која го обогатува животот на нашите фудбалери.Ви посакувам да се гледаме почесто.” – за медиумите, преку ФФМА изјави Горанчо Костовски.

Официјална фотогалерија од ФФМ, од самиот настан:

Прочитај повеќе...

Спорт

Младата женска фудбалска репрезентација учествува на турнир во БиХ ќе одиграат мечеви со Словенија, Украина и домаќинот БиХ

Објавено пред

на

©ФФМ

Младата женска репрезентација на Македонија до 16 години во периодот од 16 до 24 април учествува на меѓународниот Уефа развоен турнир што се одржува во Босна и Херцеговина, така што нашите млади фудбалерки ќе одиграат три натпревари, а за противници ќе ги имаат селекциите на Словенија, Украина и домаќинот БиХ.

Првиот натпревар го играме против домаќинот на турнирот, селекцијата на БиХ. Во втората пресметка ќе се соочиме со Украина. Во последното коло играме против селекцијата на Словенија.

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 16 години Катерина Милеска, за развојниот турнир, се одлучи да ги повика следните фудбалерки:

ГОЛМАНИ:

Теа Сапунџиев Истатов

Евгенија Вењановска Скопје

ОДБРАНА:

Арба Мерко Ас Јунајтед

Јована Јованоска Цевитана

Андреа Коловска Љуботен

Искра Смилевска Скопје

Михаела Марковска Топ Гол

Теодора Јоновска Топ Гол

Ема Нановска Истатов

Лина Луканова Ас Јунајтед

СРЕДЕН РЕД:

Леонтина Пржолева Тиверија

Теона Галабовска Тиверија

Ева Величковска Љуботен

Блехана Алиевска Топ Гол

Теодора Настова Скопје

НАПАД:

Настасја Накова Скопје

Розита Пецева Тиверија

Уна Јосевска Скопје

Меланија Грозданова Скопје

Ана Марија Цветкова Лангус, Холандија

Прочитај повеќе...

Спорт

Кралскиот клуб по „пенал рулетот“ обезбеди полуфинале, Начо: „Магична ноќ, за ова се живее“

Објавено пред

на

По 3:3 дома и 1:1 во Манчестер, Кралскиот клуб играше продолженија со Сити на „Етихад“, но бидејќи и по 120 минути немаше победник, решија пенали, а Реал победи со 4:3. Така Реал успеа да ја продолжи одличната серија и по шести пат успеа да се избори за победа во нокаут фазата против бранителот на титулата.

Начо Фернандеш брилијантно го чуваше најопасниот играч на Сити, Ерлинг Халанд.

– „Страдавме многу затоа што многу те притискаа, но ние сме Реал и се бориме до крај, најважно е што сме во полуфинале. Не сме навикнати на притисок, обично сме тие што го туркаат противникот, сепак, и покажавме на другата страна, дека знаеме да се браниме спектакуларно, тој средно-низок блок ни направи неверојатна работа“, смета дефанзивецот на Реал.

Халанд едноставно немаше решенија во дуелите со него.

„Бевме добри во дефанзива, исто така и на индивидуален план. Ова се магични ноќи, само од се станувам посилен, ова е она за што сонувавте како дете. Лошо ја започнавме сезоната, но свртевме сè, овој тим е неверојатно горд што сè уште сум во борба“. По нив следува Ел Класико. Мора да го славиме ова, а од утре размислуваме само за Ел Класико и се што не очекува во лигата“, заклучи Нацо.

Извор: b92.net

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево2 часа

(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас

Мнистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на Одделението за внатрешни работи Кичево и Полициските одделенија...

Спорт3 часа

(ФОТО) ФФМ и ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ втор пат по ред организираа инклузивен фудбалски турнир

На тренинг центарот „Петар Милошевски”, втора година по ред Фудбалската федерација на Македонија во соработка со ДСУ за рехабилитација и...

Кичево4 часа

ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“

Кичевското осново училиште Д-р „Владимир Полежиноски“ оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска во рамките на...

Хроника6 часа

Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

На 17.04.2024 во 19.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Скопје, кај с.Ново Село,...

Lifestyle7 часа

Растение кое ќе ги растера инсектите од вашиот дом – од молци до смрдливи бубачки

Лавандата ги одбива инсектите во сите форми, од култивирано растение до сушено цвеќе и есенцијално масло. Лавандата е украсно растение...

Магазин7 часа

Три причини зошто роботите наскоро ќе станат значително покорисни

Намалувањето на цените на роботите им овозможува на истражувачите полесно да пристапат до напредната технологија Роботиката е на прагот на...

Магазин7 часа

Telegram наскоро ќе има повеќе од една милијарда корисници

Основачот на платформата, Павел Дуров, признава дека некои влади се обиделе да извршат притисок врз него, но тврди дека апликацијата...

Магазин7 часа

Microsoft објави крај на поддршката за Office 2016 и Office 2019

Ако сè уште користите Office 2016 или Office 2019, можеби е време да размислите за нивна замена. Microsoft потсети дека...

Спорт18 часа

Младата женска фудбалска репрезентација учествува на турнир во БиХ ќе одиграат мечеви со Словенија, Украина и домаќинот БиХ

Младата женска репрезентација на Македонија до 16 години во периодот од 16 до 24 април учествува на меѓународниот Уефа развоен...

Спорт19 часа

Кралскиот клуб по „пенал рулетот“ обезбеди полуфинале, Начо: „Магична ноќ, за ова се живее“

По 3:3 дома и 1:1 во Манчестер, Кралскиот клуб играше продолженија со Сити на „Етихад“, но бидејќи и по 120...

НАЈЧИТАНИ