Следете не

Кичево

Кичевчани упатија апел до ЕВН поради честите прекини на струја во нашиот регион

Објавено пред

на

Населението од северно- источниот дел на општина Кичево денеска организираше протест против ЕВН-Македонија, поради честите прекини на електричната енергија. Жителите се жалат дека при секое мало невреме или слаб дожд, остануваат без струја четири до пет часови.

Делегација од девет месни заедници од овој регион денеска достави протесно барање до ЕВН-Македонија подружница во Кичево.

„На ваков чекор се одлучивме, бидеќи ова стана неиздржливо. При секој прекин на струјата имаме големи последици по куќните апарати“, вели Иса Незири, претседател на месната заедница во село Србица.

Тој истакна дека протесното барање е предупредување, бидеќе ако не се преземат мерки да се подобри ситуацијата со снабдувањето на електрична енергија на регионот, кој има над 90 проценти редовна наплата, ќе бидат преземени мерки.

Превземено: Макпрес.мк

Кичево

Вчера во Кичево била пријавена физичка пресметка помеѓу малолетници, додека едно лице настрадало од куче скитник

Објавено пред

на

Вчера на 02.07.2022 година во 22:50 часот, во ОВР  Кичево пријавена е физичка пресметка на улицата „Веле Змејкоски“ во Кичево, помеѓу две малолетни деца.

Притоа, едното се здобило со  повреди и било пренесено во болница за укажување лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Истиот ден на 02.07.2022 година во 19:30 часот, С.К.(51) од Кичево, во полициска станица пријави дека, на булеварот „Ослободување“ во Кичево бил каснат од куче скитник, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Прочитај повеќе...

Кичево

Ноќеска на магистралниот пат во Кичево се случила страшна сообраќајна несреќа со жртва

Објавено пред

на

На 03.07.2022 во 01.30 часот во Плициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Д.(23) од кичевското село Горно Строгомиште, излетало од патот.

Возачот и сопатникот Л.Р.(24) од Кичево биле пренесени во Општата болница во Кичево, а потоа во приватна болница во Скопје, каде на здобиените повреди подлегнал  сопатникот Л.Р., а возачот бил задржан на лекување со тешки телесни повреди.

Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција. На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Прочитај повеќе...

Кичево

(ФОТО+ВИДЕО) Најавеното невреме носи сè пред себе, кон с.Извор се лее кал по регионалниот пат

Објавено пред

на

Најавеното невреме за попладневните часови очигледно носи сè пред себе.

Пред неколку минути нашата екипа патуваше кон Кичево од Охрид, па во отежнати временски услови со ограничена брзина можеше да се забележат остатоци од кал и камења на регионалниот пат во близина на с.Извор – кичевско.

Апел до сите учесници во сообраќајот внимателно да движат преку овој патен правец, поради можни свлечишта и остатоци од карпи и камења, додека надлежните органи го санираат проблемот кој за сега не претставува пречка но може да биде од сериозен обем доколку невремето заземе поголем интензитет.

Видео од силен град охридско-кичевски регион предмалку:

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен ден4 часа

4 јули – На денешен ден

1190.- Англискиот крал Ричард Лавовското срце (Ричард) и францускиот крал Филип II (Филип) ја започнале Третата крстоносна војна. Во таа...

Хороскоп6 часа

Дневен Хороскоп (4 јули) – понеделник

ОВЕН Во првиот дел од викедот сте порезервирани, несигурни како да постапите во одредени ситуации. Во попладневните и вечерните часови...

Свет10 часа

Уште една жена загинала како последица на напад од ајкула во јужна Хургада

Египетското Министерство за заштита на животната средина денеска соопшти дека уште една жена загинала како последица на напад на ајкула...

Кичево13 часа

Вчера во Кичево била пријавена физичка пресметка помеѓу малолетници, додека едно лице настрадало од куче скитник

Вчера на 02.07.2022 година во 22:50 часот, во ОВР  Кичево пријавена е физичка пресметка на улицата „Веле Змејкоски“ во Кичево,...

Временска прогноза15 часа

Многу топло цела седмица, додека во попладневните часови ќе има активна дестабилизација

За време на овој викенд, како и во текот на следната седмица продолжува периодот на многу топло и сончево време....

Кичево16 часа

Ноќеска на магистралниот пат во Кичево се случила страшна сообраќајна несреќа со жртва

На 03.07.2022 во 01.30 часот во Плициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, патничко возило „бмв“ со...

Автомобили17 часа

BMW се префрла на Android Automotive од следната година

Повеќето возачи со телефони со Android се потпираат на Android Auto во нивните автомобили, се разбира ако е Android Auto...

Магазин17 часа

WhatsApp ќе ви овозможи да ги скриете статусите „Last seen“ и „Online“.

Еден од популарните веб-страници за инсајдери на WhatsApp, WABetaInfo открива дека една од најпопуларните апликации за пораки наскоро ќе воведе...

На денешен ден1 ден

3 јули – На денешен ден

321 – Римскиот император Константин II, христијанин, ја прогласи неделата за ден на одмор и верски обреди. 1423.- Роден е...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за недела (3 јули)

ОВЕН Ќе бидете склони да се за inубите оваа недела. Важно е да ја оставите гордоста настрана и да и...

НАЈЧИТАНИ