Кичево
(ФОТО) Конечно „ATVA Residence Hotel & Spa“ официјално отворен, уникатен модерен хотелски комплекс, уреден според највисоки светски стандарди
Вчера, со свечен настан исполнет со емоции и големна гордост, беше означен официјалниот старт на гламурозниот „Atva Residence Hotel & Spa“ – модерен хотелски комплекс уреден според највисоки светски стандарди. Со своите 31 врвно опремени соби, елегантниот „Atva Kitchen&Bar“ а ла карт ресторан, современата конгресна сала и салата за состаноци, како и комплетниот СПА центар, фитнес сала, затворена игротека и обезбеден паркинг, хотелот претставува нова димензија на престој и уживање.
– „Оваа вечер беше навистина посебна, заокруживме 7 години јубилеј на „Atva Residence Hotel“, 7 години исполнети со посветеност, визија и многу реализирани соништа. Приказна што зборува сама за себе. Што се однесува до нашите новитети, секако дека нашата цел отсекогаш била Кичево да го ставиме на туристичката мапа. Спа туризмот е еден од најразвиените во Европа, а ние верувавме дека и нашиот град заслужува нешто модерно, нешто светско. Нашиот „rooftop“ СПА центар е изграден со најсовремен стил и технологија, место каде гостите ќе се опуштат, ќе се наполнат со енергија и ќе почувствуваат вистински луксуз. Ја користам оваа прилика преку вашиот медиум да упатам благодарност до сите кои ни честитаа за успешен старт на нашата заедничка мисија, добредојдени сте сите!“ – за Порта.мк истакна менаџерот Томче Филипоски
Почитувани кичевчани, ова е ново поглавје, нова визија и доказ дека кога се работи со срце, границите исчезнуваат. Кичево од денес блеска со нов сјај кој мора да го видите одблиску.
Порта.мк исто така упатува честитки за грандиозното отворање на комплексот кој значи многу за Кичево и кичевчани, воедно благодарност за поканата да бидеме дел од ова ново руво за заедницата.
Мини галерија преку нашиот објектив:
Кичево
(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка
Во рамки на денешниот ден заврши и предновогодишното украсување на училиштето. Благодарение на наставниот колегиум и директорот, ова училишно катче навистина изгледа преубаво, на голема радост на дечињата.
– Кога се работи за нашите ученици, ама баш не претставува никаква тешкотија да се украсат училниците, главниот ходник и училишниот двор. Заедно со наставниот кадар кој морам да ги пофалам за нивната креативност успеавме да направиме едно вистинско новогодишно катче во пресрет на новата 2026-та година и божиќните празници. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите кои придонесоа секако и на родителите кои се тука и постојано ни ја даваат максималната поддршка, на кратко истакна директорот на ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“, г-дин Бошко Лазаровски
Во прилог ви го презентираме нивниот краток видео запис и некоја фотографија која ни испратија:
Кичево
Вчера вечер во кичевски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка на четворица жители на град Кичево
На 11.12.2025 во 23:00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во угостителски објект, на ул. „Маршал Тито“ во Кичево бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.А. (34), С.А. (25), од една страна и Х.Џ. (22) и О.М. (42), од друга страна.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, за јавноста соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
Финишираат подготовките за овогодинешниот Хуманитарен „Божиќен Базар“ во Кичево, период на многу забава, радост и среќа
Месец јануари ќе започне долгоочекуваниот „Божиќен Базар“ 2026, кој функционира долго време поради неговиот карактер и хуманитарна мисија. Предмалку побаравме информација од организаторите на оваа величевствена манифестација која ќе трае од 2-ри јануари до 11-ти јануари, со исклучок на најголемите христијански празници Бадник и Божиќ.
Од она што сигурно се знае, оваа година распоредот ќе биде доста по комплетен за разлика од претходно, имено метежот до вашите сакани намирници нема да го има.
Влезот на просторот каде ќе се одржува Базарот ќе ве пречека гламурозна импровизирана и украсена Порта која ќе даде посебна магија на новогодишните и божиќните празници.
Покрај тоа, исто така и оваа година градскиот плоштад ќе ја краси најубавата 🎄 елка и најубавиот Божиќен украс „Витлеемската Пештера“ украси кои одамна ги красат овие најубави денови во нашиот град, а ќе имаме одлична програма и многу забава.
Благодарение на група граѓани кои несебично помагаат и допринесуваат и оваа година ќе блесне најдобриот спектакл во нашиот град, овој пат збогатен со многу изненадувања и богата трпеза, истакнаа организаторите преку нашиот медиум.
Повеќе информации околу базарот имавме објавено пред околу еден месец ТУКА
-
Кичево9 часаВчера вечер во кичевски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка на четворица жители на град Кичево
-
Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (11 декември)
-
Кичево13 часаФинишираат подготовките за овогодинешниот Хуманитарен „Божиќен Базар“ во Кичево, период на многу забава, радост и среќа
-
Хороскоп24 часаХороскоп за петок (12 декември)
-
Кичево2 часа(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка
-
Временска прогноза2 денаСнег нема ни на повидок, продолжува периодот под влијание на Антициклон во Македонија
-
Македонија2 денаПриведен навивач од Словачка, на 10 други не им беше дозволен влез во државата поради агресивно и недолично однесување во авион за време на лет и по слетувањето
-
Магазин1 денГрешка што многумина ја прават: Лошите навики при полнење ја уништуваат батеријата на телефонот












