Кичево
Вкусете ги најубавите „Bacardi“ Lounge сендвичи на ваше барање + од денес достава секој ден!
Bacardi Lounge Bar – Кичево поради воведената вонредна состојба на „полициски час“, почитувајќи ги мерките и новите ограничувањата за движење преку викенд на цела територија на нашата држава ги известува своите ценети клиенти дека храна можат да порачуваат на нивниот број 076/599-566, од денес секој ден од 09:00 часот до 21:00 часот / недела 12:00 часот до 21:00 часот со достава до вашата дестинација било каде во Кичево
+ НОВ продукт во екстра вкусното мени, на ваше барање од денес Бакарди започнува со приготвување на сендвичи и тоа
- Хамбургер 120 ден
- Чизбургер 140 ден
- Бакарди Бургер 160 ден
Добар апетит!
#ОстанетеДома #БакардиТим #ПортаМК
Кичево
(ВИДЕО) Конечно во етер „Spring Waltz“ на Лука Лазарески од Кичево, големиот виртуоз на пијано за кој допрва времето доаѓа..
После солистичкиот концерт на 22.12.2023 со мотото „Stars without a Sky“, тимот на Лука Лазарески продолжува со макотрпна работа, сега со креирање на аудио и видео записи. Во агендата ова е прво видео, додека на плејадата се токму 8.
Овој млад виртуоз кој ја има поддршката речиси од сите, се разбира и од нас како медиумски покровители, несомнено ќе биде еден од истакнатите ликови кој Македонија ќе се гордее кога е во прашање пијаното, така што додека неговата работа ја следат токму сите светски и реномирани компании, вредно е преку нашиот веб простор да им се заблагодариме во име на тимот на Лука, а тоа се: „iStyle Premium, Atlantic Grupa, „ATVA“ Residence, Маркети „АТВА“ и останати“
Сега, ве препуштаме да уживате во одличниот видео запис и прекрасната „Spring Waltz“, отсвирена на 8-ми мај 2022 година во чест на Владиката Партениј, Игумен на Бигорската обител, на големиот Велигденски концерт во Кичево – „На многаја лета, Владико на нашите срца!“
Повеќе за неговиот концерт ќе најдете на официјалниот линк ТУКА
Кичево
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
Мнистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на Одделението за внатрешни работи Кичево и Полициските одделенија Зајас и Осломеј кои се во негов состав.
Во рамки на посетите министерот Тошковски одржа состаноци со раководствата на организациските единици и беше запознаен со структурата, тековните активности, движењето на криминалитетот и состојбата со човечки ресурси и техничка опременост.
– „Генерално на територијата на ОВР Кичево каде живеат повеќе од 50 илјади жители има стабилна безбедносна состојба и има над 50% реализација на кривични дела и покрај фактот што има ниска пополнетост со полициски службеници и стари возила. Што се однесува до Полициските одделенија Зајас и Осломеј се забележува намалување во делот на евидентирани нарушувања на јавниот ред и мир, а во делот на човечки ресурси и материјално-технички средства состојбата е како и во најголемиот дел од организациските единици“, за медиумите истакна министерот Тошковски.
ФОТО:
Извор: Министерство за внатрешни работи
Кичево
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
Кичевското осново училиште Д-р „Владимир Полежиноски“ оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска во рамките на проектот „Размислувам, избирам, учествувам, Ученикот како активен граѓанин.“
Утре петок, 19.04.2024, со почеток од 11:00 до 13:00 часот во училиштето ке се одржи „Safe Spot Festival“ со тема – Интернет безбедност, така што колегиумот упатува покануваме до сите, да присуствуваат на овој настан, ќе биде забавно.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (19 април)
-
Кичево2 дена
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
-
Култура19 часа
Кичевчанецот Зоран Стефаноски го претстави својот нов соло проект наречен Fly Above
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за сабота (20 април)
-
Балкан9 часа
Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во нејзиниот стан, жалната вест силно одекна во Србија, колегите и блиските се простуваат од неа
-
Кичево2 дена
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
-
Кичево10 часа
(ВИДЕО) Конечно во етер „Spring Waltz“ на Лука Лазарески од Кичево, големиот виртуоз на пијано за кој допрва времето доаѓа..
-
Хроника2 дена
Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.