Балкан
Полека но сигурно белиот облак кој носи снег, го покрива Балканот
Во следните часови над Јадранот ќе се формира секундарен но плиток циклонски систем кој во следните денови во најголем дел од Балканскиот Полуостров ќе условува поинтензивни снежни врнежи со што речиси насекад еќе дојде до формирање на позначителна снежна покривка.
На пониските места ќе се формира снежна покривка од 10 до 30 сантиметри, на некои места и повеќе додека на планинските дури до околу 50 сантиметри – локално и повеќе.
Поради ваквата ситуација гражаните доколку овие денови планираат да патуваат во регионот да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и задолжително со себе да си понесат зимска опрема, оние пак кој се љубители на зимскиот спорт следните денови тоа можат да го направат на скијачките центри низ регионот.
Што се однесува пак до снегот во Македонија, засега во значителни количества не го очекуваме освен во вид на провејување како што и најавивме уште пред неколку денови и ќе го има во вид на локално провејување денес (четврток) попладне и навечер како и утре (петок) особено претпладнето.
Подготви: Славчо Попоски / 1tv.mk
Балкан
Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во нејзиниот стан, жалната вест силно одекна во Србија, колегите и блиските се простуваат од неа
Водителката Бојана Јанковиќ (поранешен Николиќ), која се прослави како водителка на култното шоу на Пинк „Град“, е пронајдена мртва во стан во Белград. Телото на Бојана е пронајдено вечерва околу 19 часот и испратено на обдукција.
Семејството на Бојана Јанковиќ ја потврди нејзината ненадејна смрт.
Инаку, Бојана беше во брак со пејачот на групата „Белградски синдикат“ и имаше сестра близначка Ивана, која исто така беше водителка.
Извор: blic.rs
Балкан
Царинската управа во Србија спречи криумчарење на поголема сума пари, пронајдена во детска чанта и пелени, кажале нема што да пријават..
Царинските службеници на граничниот премин „Градина“ спречија обид за криумчарење на 130.000 евра и 5.500 долари скриени во пакување бебешки пелени, соопшти Царинската управа.
Како што се наведува, девизниот прекршок бил откриен во возило „Киа“ со странски регистарски таблички што го користело тричлено семејство кое патувало од Австрија кон Бугарија.
Брачен пар кој патувал со двегодишно дете им потврдил на надлежните дека немаат што да пријават, но при детална проверка на багажот било откриено дека има торба со 130.000 евра, како и плик со 5.500 долари пронајден во чантата со детски работи меѓу пелените.
Со оглед на тоа што парите не се пријавени на влез во државата, на патниците веднаш им се вратени по 10.000 евра по лице, а остатокот од парите е задржан до завршување на прекршочната постапка.
Царинската управа уште еднаш потсети дека сите патници, вклучително и оние кои штотуку минуваат низ Србија, треба на влез да пријават која било сума поголема од 10.000 евра, известува Danas.rs
Извор: Danas.rs
Балкан
(ВИДЕО) Свештеникот кој долго ќе се памети за големиот празник „Водици“, ја освети водата и потоа направи гест кој го нема никој до сега направено..
Откако ги изговори молитвите и даде знак на учесниците да тргнат, свештеникот за здравје скокна во осветените води. За сега се уште не се знае од кој дел на Балканот потекнува ова видео, но ги заслужува сите почести.
За многу години, Бог се јави!
Бог се јави!
Ако неко зна у ком месту се ово догодило, нека јави. pic.twitter.com/gVikyMD4bO
— Ледени Гале (@LedeniG) January 19, 2024
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (24 април)
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за четврток (25 април)
-
Кичево16 часа
Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда
-
Временска прогноза10 часа
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-
Магазин2 дена
iPhone 16 може да остане без физички копчиња
-
Магазин2 дена
Meta се затвора во Турција
-
Спорт1 ден
КМФ „Форца 2015“ е освојувач на Купот на Македонија во футсал
-
Спорт19 часа
Ѓоковиќ: Српскиот „ас“ силно го посакува 25-иот „Грен слем“ и мисли само на победа, ништо друго.