Следете не

Спорт

Барса продолжува да тоне, но Меси го собори клупскиот рекорд на Чави по број на натпревари – денешниот меч е 506-ти за него

Објавено пред

на

Фудбалерите на Барселона уште еднаш ги разочараа навивачите освојувајќи само еден бо против Кадиз. Иако водеа до 89. минута од натпреварот од 24. коло во Примера Лига, Каталонците им дозволија на гостите да израмнат од белата точка. По еден центаршут на Кадиз во 88-та минута, Ленгле реагираше целосно несфатливо и наместо со глава, тој започна да интервенира со ногата, што го фати противничкиот играч и го сокри пеналот.

Фернандез беше сигурен од белата точка во 89-та минута.

Претходно Барса поведе од пенал со голот на Лео Меси, за кого ова беше реализиран 73. пенал. Со тоа Аргентинецот го престигна вечниот ривал Кристијано Роналдо, кој 72 пати изведуваше најстрога казна во дресот на Реал Мадрид.

Покрај тоа, Меси го собори клупскиот рекорд на Чави Хернандез по бројот на игри во црвено-синиот дрес, а против Кадиз истрча на теренот по 506-ти пат.

Спорт

Женската млада селекција на Македонија до 19 години славеше против Грузија, следен предизвик е за два дена против Белорусија!

Објавено пред

на

Женската млада селекција на Македонија до 19 години славеше минимална победа со 1:0 над репрезентацијата на Грузија во рамките на првиот натпревар од квалификацискиот турнир за пласман на Европско првенство 2023 година.

Македонија издвојуваше многу битна победа против домаќинот на квалификацискиот турнир. Стрелец на единствениот погодок беше Симона Ребека Маијер во 64. минута.

Во вториот натпревар од квалификацискиот турнир играме против Белорусија на 7. октомври.

Македонија: Берна Кабачки, Едина Сулејмани, Кристина Мојсовска, Миа Головска, Лора Сулејмани, Ера Стеблева, Веса Села, Ајна Исејни, Радица Велкова, Матеа Блажевска, Симона Ребека Мајер;

Прочитај повеќе...

Спорт

Скендеровски го објави списокот на репрезентативните футсал фудбалери за квалификациските мечеви против Шведска и Италија

Објавено пред

на

Футсал репрезентацијата на Македонија на почетокот на октомври ги започнува европските квалификации за пласман на Светското првенство 2024 година.

Македонија се наоѓа во групата 10 заедно со селекциите на Италија и Шведска.

Првиот натпревар го играме против Шведска на 7. октомври во Алингсас со почеток во 17. часот. Пет дена подоцна во Скопје ја пречекуваме футсал селекцијата на Италија. Натпреварот Македонија-Италија ќе се одигра во спортскиот центар „Јане Сандаски” со почеток во 19.часот.

Селекторот на футсал репрезентацијата на Македонија, Васко Скендеровски за претстојните квалификации се одлучи да ги повика следните фудбалери:

Голмани: Иван Стојановски (Арбен Бајрами), Антонио Петровски (Проект);

Фудбалери: Зоран Левевски (Шкупи), Таулант Исмаили (Арбен Бајрами), Иван Крстевски (Врање, Србија), Цека Исмет (Шкупи), Игор Леовски (Мимел- луценец, Словачка), Дарко Ранготов (Проект), Драган Петровиќ (Врање, Србија), Јакуп Рамадани (Лигени), Даниел Марињо Де Соуза (Лозница, Србија), Џокица Арсовски (Хохенштајн Ернштал, Германија), Еркан Сефери (Шкупи)

Прочитај повеќе...

Спорт

Судиска анализа за натпреварите од првата македонска фудбалска лига, потврдени неправилности кон Брегалница, Шкендија и Воска

Објавено пред

на

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти и ги донесе следните заклучоци за 9-то коло од ПРВА МФЛ за сезона 2022/23:

На натпреварот  ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П – ФК СТРУГА ТРИМ ЉУМ одигран на 01.10.2022 година, анализирани се ситуаците од 74. и 83. минута.

Главен судија: Александар Ставрев; Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески;

74. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (доделен втор жолт – ЦРВЕН картон)

Играч од домашната екипа на средина на терен го повлече од зад грб играчот од екипата на гостите правејќи прекршок, играчот имаше отворен простор пред себе и беше во ветувачка акција.

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за влечење и спречување ветувачка акција и доделен жолт картон за играчот од екипата на домаќините. Бидејќи тоа беше втор жолт картон, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.

83. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден удар од 11 метри)

Во шеснаесетникот на гостите, играч од одбраната на гостите ја одби топката со глава, истата дојде до негов соиграч кој играше невнимателно и  ја удри топката со рака.

Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри за игра со рака на играчот од одбраната на гостите.

На натпреварот ФК Брегалница – ФК Работнички одигран на 01.10.2022 година, анализирани  се ситуациите од 12, 23, 58 и 62 минута.

Главен судија: Александар Грујоски; Помошни судии: Куштрим Лика и Зоран Јанкуловски;

12. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден удар од 11 метри)

Центрирана топка во шеснаесетникот на гостите, топката дојде до играч од нападот на домаќините кој ја удри со глава и помина покрај голот. Меѓутоа откако напаѓачот ја удри топката со глава, пред топката да напушти гол линијата, дојде до невнимателен дуел (тело со тело) со играч од одбраната на гостите.

Исправна одлука на главниот судија што досуди удар од гол, бидејќи играчот од екипата на домаќините  ја упати топката кон голот на гостите и отпосле дојде до невнимателен дуел со играч од одбраната на домаќините, кој е недоволен за да се досуди удар од 11 метри.

23. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА И СОРАБОТКА НА ГЛАВНИОТ И ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досуден удар од 11 метри)

Центрирана топка во шеснаесетникот на домаќините, играч од нападот на гостите со глава ја удри топката кон голот на домаќините, удрената топка од напаѓачот удира во главата на одбранбениот играч од домаќините и се одбива во рака на соиграч која е во природна положба.

Погрешна одлука на главниот судија што досуди удар од 11 метри. Во оваа ситуација вториот помошен судија му дава на главниот судија погрешна информација, т.е. да се досуди удар од 11 метри за игра со рака.

58. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на домаќините ја имаше во посед топката и влезе во шеснаесетникот на гостите, на него стартуваше (препнување) играч од одбраната на гостите и направи прекршок.

Исправна проценка на главниот судија што досуди удар од 11 метри, бидејќи играчот од одбраната на гостите направи прекршок (препнување) без да има шанса да игра со топката.

62. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (не досудено офсајд позиција)

Центрирана топка во шеснаесетникот на гостите, играч од нападот на домаќините ја удри топката со глава, која се одби од гредата и дојде до соиграч на напаѓачот кој постигна гол.

Исправна одлука на вториот помошен судија голот е регуларен, бидејќи во моментот кога играчот на домаќините ја удри топката кон голот, неговиот соиграч што го постигна гол се наоѓаше во линија со претпоследниот играч од одбраната на гостите.

На натпреварот  ФК ПОБЕДА – ФК ШКЕНДИЈА одигран на 02.10.2022 година, анализирана е ситуацијата од 20. минута.

Главен судија: Стојан Трпчевски; Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов;

20. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на гостите прими топка централно (на 10 метри) од голот на домаќините и шутираше кон голот. Играч од одбраната на домаќините го блокираше шутот со рака која беше широко одвоена од телото и во неприродна положба.

Погрешна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, требаше да се досуди удар од 11 метри и да се додели жолт картон за играчот од одбраната на домаќините, бидејки шутот беше кон голот и раката на одбранбениот играч беше во неприродна положба, т.е широко одвоена од телото.

Исто така, не сме задоволни од судењето на вториот помошен судија, кој во неколку наврати имаше погрешни проценки за офсајд позиција.

На натпреварите ФК ШКУПИ – ФК СИЛЕКС и ФК ТИКВЕШ – ФК. СКОПЈЕ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Судиска анализа за 6. коло од ВТОРА МФЛ за сезона 2022/23

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 6. коло на ВТОРА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот ФК ПЕЛИСТЕР – ФК ВОСКА одигран на 01.10.2022 година анализирани се ситуациите од 37, 81 и 87 минута.

Главен судија: Марјан Младеновски; Помошен судија: Бранко Путилин и Слаѓан Марковски;

37. минута: ДОБРА ПРОЦЕНА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досудено офсајд позиција)

Играч од нападот на гостите центрираше топка во шеснаесетникот на домаќините, топката дојде до негов соиграч кој постигна гол.

Исправна одлука на првиот помошен судија што го поништи голот и досуди офсајд позиција, бидејќи во моментот на центаршутот играчот од нападот на гостите беше понапред од претпоследниот играч од одбраната на домаќините.

81. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досудено офсајд позиција)

Во шеснаесетникот на домаќините играч од нападот на гостите додаде топка до свој соиграч кој постигна гол.

Погрешна одлука на вториот помошен судија што досуди офсајд позиција, бидејќи во моментот на додавање на топката од својот соиграч, играчот на гостите се наоѓаше во линија со претпоследниот играч од одбраната на домаќините.

87. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досудено офсајд позиција)

Играч од екипата на гостите центрираше топка во шеснаесетникот на домаќините, на неа скокнаа двајца противнички играчи, домашниот одбранбен ја удри топката со глава која потоа се одби од главата на играчот од нападот на гостите и дојде до негов соиграч кој постигна гол.

Погрешна одлука на вториот помошен судија што сигнализираше офсајд позиција, голот е регуларен, бидејќи во моментот кога играчот од нападот на гостите играше со глава, неговиот соиграч се наоѓаше во линија со претпоследниот играч од одбраната на домаќините.

На натпреварот ФК Беласица – ФК Беса одигран на 01.10.2022 година, анализирана е ситуацијата од 90. минута.

Главен судија: Спире Арсов; Помошен судија: Богданчо Ѓорѓиев и Јордан Ѓорѓиев;

90. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНА И СОРАБОТКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН И ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досудено офсајд позиција)

Играч од нападот на домаќините странично од голот на гостите даде долга топка, на неа тргна негов соиграч кој беше во офсајд позиција, но не играше со топката, туку истиот играч што ја даде топката продолжи да игра со неа.

Погрешна одлука на асистентот судија што досуди офсајд позиција, требаше да сочека да види и процени кој ќе игра со топката, исто така во оваа ситуација мора и главниот судија да донесе правилна одлука, т.е. да дозволи играта да продолжи, бидејќи јасно ја гледа цела ситуација.

На останатите натпревари од 2 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен ден6 часа

7 октомври – На денешен ден

1571.- Шпанската и венецијанската морнарица ја поразиле турската флота кај Лепанто во југозападна Грција. Во најголемата поморска битка по битката...

Хороскоп9 часа

Хороскоп за петок (7 октомври)

ОВЕН Сите напори кои ги вложувате за да успеете во некоја работа ќе бидат успешни. Ќе бидете понапред од вашите...

Временска прогноза11 часа

Попоски официјално истакна какво време ќе имаме во месец октомври

Септември не беше на наша страна и имавме постудено време отколку што очекувавме. Топлото време ни доаѓа во месец октомври,...

Автомобили12 часа

Порше стана највреден произведувач на автомобили во Европа

Порше денеска ја турна матичната компанија Фолксваген од тронот и стана највредниот производител на автомобили во Европа. Новокотираните акции на...

Култура19 часа

Денес се одбележуваат 79 години од најкрвавата битка кај с.Кленоец кичевско, додека на денешен ден загинал и Јосиф Јосифовски-Свештарот

Денес се одбележува 79 годишнината од една од најкрвавите битки во Втората светска војна што се одиграла во Македонија, наречена...

Кичево23 часа

DJ GOCE SAF @ Република 96250

Хип Хоп Сабота во Република 96250! Ви го претставуваме човекот кој е задолжен за најдобрите Хип Хоп забави на овие...

На денешен ден1 ден

6 октомври – На денешен ден

1014.- Почина императорот Самуило, кој во 976 година кренал востание против Рим (Византија) и ја основал Македонската империја. Неговата империја...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток [6 октомври]

ОВЕН Не се откажувајте или согласувајте се на површни решенија. Продолжете да барате сè додека не најдете одговори или методи...

Македонија1 ден

Серија поскапувања на Дизелот, вечерва со нова покачена цена за литар, додека бензините остануваат непроменети

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се зголемува за 2,00 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство...

Македонија1 ден

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против скопјанец, се сомничи дека употребил лажни пари при купување земјоделски производ

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против О.И.(39) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“....

НАЈЧИТАНИ