Кичево
Во сабота на Китино Кале, „Биди нејзиниот глас“, настан наменет за превенција на домашното насилство и зајакнување на жените во организација на „Саншајн Кидс“

Некои приказни не се раскажуваат. Некои лица никогаш не врескаат. Но насилството не бара бучава за да уништи. Токму затоа, здружението „Саншајн Кидс“ – Кичево го спроведе проектот „Be Her Voice“– гласот што зборува во име на сите жени што молчат зад затворени врати, зад телефон без пораки, зад поглед што премногу трпи.
Во време кога сè уште е тешко да се зборува за интимното партнерско насилство (IPV), без разлика на годините, оваа иницијатива направи чекор напред – со образование, пристап, храброст и акција. Преку работилници, интерактивни сесии и лични разговори, тие научија да го препознаат насилството, но и да зборуваат за него.
Алатка што може да спаси живот
Централниот производ на овој проект е нешто што досега го немавме, а е изработен од тимот на Саншајн Кидс: практичен и разбирлив IPV Toolkit – алатка за секојдневна
употреба, насочена кон жените, нивните другарки, наставнички, мајки и соседки. Овој водич нуди:
• Како да се препознае психолошко, емоционално и физичко насилство
• Кои се првите чекори кога не знаеш кому да се обратиш
• Каде да побараш помош, без осуда
• Како да помогнеш некому што страда, а не зборува
На финалниот настан кој ќе се одржи оваа сабота во 12 часот, Китино Кале овој Toolkit ќе биде официјално промовиран. Преку QR код поставен низ целиот простор, посетителите ќе можат веднаш да го преземат и – што е најважно – да го споделат на своите социјални мрежи под хаштаговите:
👉🏻 #BeHerVoice #BreakTheSilence #SheIsNotAlone
🎤 Настан што не се гледа – туку се чувствува
Финалниот настан нема да биде класична презентација. Тоа ќе биде искуство – комбинација од сведоштва, симболика, разговори и дигитална акција. Панел-дискусијата ќе вклучи експерти, наставници и институционалнни претставници. Ќе се зборува за се што се молчи и сцени што се повторуваат во илјадници домови.
– „Секоја жена заслужува живот без страв. А секој од нас има одговорност да не гледа настрана“– велат од Саншајн Кидс.
Институциите се клучот
Настанот е отворен за јавноста и граѓаните претставници од образованието, социјалните служби, здравствени установи, полицијата и локалната самоуправа. Нашата улога не е само да присуствуваме – туку да се вклучиме, да слушаме и да почнеме да дејствуваме.
Затоа: Не чекај. Не молчи.
Биди нејзиниот глас.
📍Китино Кале / 31 мај / 12:00ч
Контакт 📧: [email protected]
Facebook настан: ТУКА
/ПР
Кичево
Утре на стрелиштето во с.Осој ќе се спроведе Боево гаѓање на кичевската Полиција

На ден 18.06.2025 со почеток од 08:00 часот редовниот состав полициски службеници од полициската станица од општа надлежност и од станицата за безбедност во патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Охрид, на армиското стрелиштето кај селото „Осој“ во близина на Кичево, ќе спроведат вежбовна активност за боево гаѓање. Оваа активност се реализира по претходен договор и известување до стрелиштето, ЈЗУ „Општа Болница” Кичево и урбаната заедница од селото Осој.
– Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи преземаат безбесносни мерки, вршат теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето со цел, оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинското обезбедување на боевото гаѓање ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Општа болница“ – Кичево.
Апелираме, граѓаните кои се движат кон стрелиштето, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници, за Порта.мк и јавноста истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
(ФОТО) Денес по пријава ТППЕ Кичево безбедно отстрани змија од возило

Во рамки на денешниот ден во ТППЕ Кичево бевме сведоци на една спасувачка акција по пријава на приватна компанија до надлежната против пожарна единица.
Имено, по претходна пријава на реномирана приватна компанија дека во нивното возило е приметена змија, веднаш интервенираше ТППЕ Кичево.
– Не е прв пат да добиеме пријава на граѓани за ваков или сличен настан. Пред неполна седмица исто така отстранивме змија. Во денешниот случај за два часа безбедно ја завршивме работата и влекачот кој беше долг околу 120см го пуштивме во природа, онаму каде му е местото, за Порта.мк истакна еден од вработените на дежурната екипа од ТППЕ Кичево.
Кичево
(ФОТО) Од понеделник во Кичево започнува наплата на зонско паркирање во три зони

Во град Кичево по булевар „Ослободување“ започнува зонско паркирање кое според постапката е започнато уште во 2015 година, тогаш со речиси завршени сите консултации со сите релевантни чинители кои се надлежни во оваа процедура дури сега се превземаат активности околу неговата конечна реализација.
Како што наведуваат од „ЈП Комуналец“ – Кичево, стартот со работа се очекува да биде овој понеделник, односно 16.06.2025 г, додека градското подрачје ќе биде поделено во три зони, „Зона А, Б и Ц“ (K11 до К34)
Според приказот објавен на претпријатието сите инструкции за наплата ќе бидат на самите таблички, а бројот за смс пораки ќе биде 144144.
Според информациите, наплатата ќе биде до 30 денари, односно 20 или 10 денари од час, од 07:00 до 22:00 часот
– Претходно кичевчани во јавноста беа со поделено мислење, некои од нив додаваа дека тоа е нов удар по нивниот џеб, некои пак се конечно задоволни што колку-толку ќе се реши сообраќајниот хаос во шпицот на сезоната во паркинг секторот.
Во секој случај, ваквиот пристап го има речиси во сите градови во Македонија и поголемиот дел од граѓаните веќе ги користат услугите на платен и обезбеден паркинг простор.
-
Lifestyle23 часа
Кичево овој викенд добива ново место за ноќен живот, добредојде за „Клиника Клуб“, официјално отворање со Катарина Грујиќ во живо!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (18 јуни)
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за четврток (19 јуни)
-
Македонија4 часа
Полнете гориво, дизелот значително поскапува од ноќеска
-
Македонија1 ден
Во Скопје лице со остар предмет се обидел да нападне полицаец, бил веднаш лишен од слобода
-
Скопје23 часа
МВР: Расчистен вчерашниот инцидент во Чаир, поднесена кривична пријава против едно лице
-
Скопје2 часа
Во училиште на подрачјето на населба Ѓорче Петров, жена со стол фрлила по вработена во училиштето, МВР го расчистува случајот
-
Lifestyle8 часа
Природен летен пијалок што го чисти телото и ги топи мастите – потребни се само две состојки