Живот Забава

Сигурно сте се запрашале „Што сонуваат бебињата?“

Сигурно до сега сте се запрашале, што се наоѓа во бебешката глава?

Во таквите размислувања, нe сте eдинствени! Многу малку истражувања се направени, а не е ни чудно, со оглед на тоа дека тие не се нешто посебно комнуникативни.

Сепак оние кои се занимаваат со ваквите испитувања како Др. Edward Kulich, педијатар и специјалист за навики за спиење кај децата и автор на книгата The Best Baby Sleep Book,-  Имаат некакви претпоставки. Со оглед дека знаеме дека и бебињата поминуваат низ РЕМ фазата, во  фазата поврзана со соновите се мисли дека бебето ги асимилира дневните искуства. А тоа може да биде и тема на сонот.

Хранење, мириси, топлина и лагодности, глад или досадување…

Извор на инспирација, им се нивните родители, а соништата им се исполнети со нивни слики. Понекогаш соновите се пријатни, но понекогаш и наликуваат на ноќни мори. Можеби поради, чувство на болка, глад или осаменост, а се што може да биде вредно за солзи, може да се појави и во сонот.

Сепак, повеќето стручњаци, велат дека не може со сигурност да се утврди за што сонуваат бебињата, затоа што не можат да се изразуваат.

Leave a Comment

Close