Следете не

Кичево

(ВИДЕО+ГАЛЕРИЈА) с. Белица и „Белички Средби 2019“ низ видео и фотографии преку нашиот објектив, нека е вечна традицијата!

Објавено пред

на

[sg_popup id=”25223″ event=”onLoad”][/sg_popup]Пред неколку дена по деветти пат во село Белица – Кичевско се одржаа традиционалните „Белички средби – 2019“. Годинешната манифестација беше збогатена со учество на голем број познати естрадни ѕвезди, фолклорни ансамбли, поетско читање од веќе докажаните маестрални љубители на пишаниот збор, а за вистинските обожаватели на добра храна беа приготвени и вкусни специјалитети благодарение на кичевските мајстори и гурмани од ресторан „Цвет-Кај Веле“.

Целокупната програма се одвиваше во кругот на реновираната црква „Свети Ѓоргија“, каде што за вакви пригоди е изграден и специјален амфитеатар. Покрај постојаните жители, дојдоа и граѓаните што водат потекло од овој крај од Македонија и од странство, бидејќи овој крај е надалеку познат по своите печалбари во Европа, Америка и во Австралија.

Присутните ги забавуваа естрадните уметници, Елена Јовческа, Снеже Радическа, група Тренд, Орце Богданоски, Николче Талески, Ташко Каранфилоски..

Благодарност до нашите пријатели од најдоброто кичевско радио „Акорд“ за соработката..

Дел од амбиентот уловен од нашиот објектив заедно со официјалното видео што успеавме да го направиме во рамките на можноста!

 

Кичево

Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди

Објавено пред

на

©porta.mk

Возљубени наши пријатели, на наша чест, преку нашиот медиум ве информираме дека на ден 27.04.2024г. (сабота), по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во нашиот град Кичево ќе се одржи свечена поворка за објава на Лазаревото Воскресение, а воедно и подготовка за претстојните празници на Влегувањето Христово во Ерусалим (Цветници) и најголемиот христијански празник на Воскресението Христово (Пасха).

Свечената Литија ќе започне од градскиот плоштад, во 11:00ч. и ќе се движи преку Булеварот „Ослободување“, до храмот на светите апостоли „Петар и Павле“, проследена од псалти, музичари на традиционални музички инструменти и верниот народ.

Ве покануваме сите кои сакаат да земат учество да се вклучат да ја возобновиме оваа древна традиција на радост заради Воскресението Лазарево и нетрпеливо очекување на Христовото Воскресение свечено носејќи врбови гранчиња испратени со традиционални пенија, т.н. каланди.

Датум: 27.04.2024г.
Почеток: 11:00ч на градскиот плоштад во Кичево.

Ве очекуваме низ дружба и песна да го прославиме овој серадосен настан!

Еве како си поминавме пред 1 година, кликнете ТУКА

Прочитај повеќе...

Кичево

Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда

Објавено пред

на

©porta.mk

На 23.04.2024 во 21.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.А.(60) од Куманово, удрило во бетонска преграда од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка М.Ш.(36) од Куманово, констатирани во Медицински центар Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево, за медиумите информираат од МВР.

Прочитај повеќе...

Кичево

Кичевчани дел од најпознатата „ATM Chiptuning Performance“ тјунинг куќа, најдоброто решение за вашиот автомобил, сега достапно и кај нас!..

Објавено пред

на

©porta.mk

Веќе нешто повеќе од една година ултра популарниот „ATM Chiptuning Performance“, инаку светски позната тјунинг куќа која е синоним за квалитет и експертиза, во својот тим има млади и талентирани луѓе, сертифицирани професионалци кои 2023-та година ја одбележаа со над 500 тјунирани возила. За среќа на сите љубители на модифицираните возила, тие се од нашиот град Кичево, односно Илија Божиноски и неговиот партнер Костадин Крстески со нивната „Car Coding Pro“ под закрила на „ATM Chiptuning Performance“ од Црна Гора се веќе дел од големото „ATM“ семејство.

Оваа реномирана куќа обезбедувајќи врвни услуги во софтверска модификација на автомобили носи нова перспектива и иновативен пристап во тјунинг индустријата. Нивната работа одразува високо ниво на стручност и посветеност.

„Car Coding Pro“ ви ги нуди сите специјализирани софтверски модификации како што е „Chiptuning“ (Stage 1/Stage 2/Stage 3), обезбедувајќи на возилата зголемена моќност на моторот и намалена потрошувачка на гориво. Со овие искусни експерти, ветуваат целосна трансформација на вашиот автомобил.

Покрај тоа, „Car Coding Pro“ преку „ATM“ ви нуди решенија за вообичаените проблеми на поновите возила, како што се „EGR OFF, DPF OFF, AdBlue OFF“ и други.

Рејтингот на ваков модел на модифицирање на вашето возило, кажуваат и бројните задоволни клиенти кои непристрасно возат возила кои достигнуваат извонредни резултати со услугите на оваа тјунинг компанија. Нивната прецизност и внимание на деталите ги прават едни од најдобрите во автомобилската/софтверската индустрија.

Закажете термин на 071/331-894 или 071/506-400 и контактирајте ги за повеќе информации, додека со сите новости може да бидете во тек доколку ги заследите на нивните социјални мрежи на фејсбук ТУКА и инстаграм ТУКА

Мал дел од задоволните клиенти:

 

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин1 час

Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери

Qualcomm ги промовира двата чипсети како врвни решенија за вештачка интелигенција, нагласувајќи дека тие ги имаат најбрзите NPU за лаптопи...

Кичево4 часа

Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди

Возљубени наши пријатели, на наша чест, преку нашиот медиум ве информираме дека на ден 27.04.2024г. (сабота), по повод празникот на...

Автомобили5 часа

Електрични возила и губење на вредноста

Размислувате за купување на електрично возило, но не сте сигурни за неговата препродажна вредност? Новото истражување открива дека додека постарите...

Автомобили5 часа

Кои автомобили се најевтини за одржување во САД?

Првично, трошоците за одржување беа ниски и слични за повеќето брендови. Consumer Reports подетално ги разгледа трошоците за одржување на...

Хороскоп17 часа

Хороскоп за четврток (25 април)

ОВЕН Можеби се запрашувате какви обврски ве очекуваат на работно поле. Не ви е лесно да дојдете до извесност кога...

Временска прогноза23 часа

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите...

Кичево1 ден

Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда

На 23.04.2024 во 21.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „фолксваген голф“ со...

Свет1 ден

Кина докажа зошто Конгресот сака да го забрани „TikTok“

Кина ја докажа поентата на законот за забрана на TikTok преку Конгресот. Претставници на кинеската амбасада неодамна лобираа против нацрт-законот...

Спорт1 ден

Ѓоковиќ: Српскиот „ас“ силно го посакува 25-иот „Грен слем“ и мисли само на победа, ништо друго.

Новак Ѓоковиќ, најдобриот светски тенисер силно ја посакува 25-тата. Грен слем титула во кариерата и тоа не го крие. Српскиот...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за среда (24 април)

ОВЕН Многу сте незадоволни и загрижени со ситуацијата на финансиско поле. Со своето однесување уште повеќе го поттикнувате партнерот да...

НАЈЧИТАНИ