Следете не

Кичево

Кичевско: До 15:00 часот без електрична енергија овие села

Објавено пред

на

ЕВН Македонија известува дека поради планирани зафати на електро дистрибутивната мрежа денес без напојување со електрична енергија ќе останат:

Од 09:00 до 15:00 часот корисниците од селата Модриште, Калуѓерец, Лаѓ, Моѓилец, Инче, Могилечка Река, Манастир Св.Богоридица и Киска Космофон (опш.Кичево);

Кичево

Во петок сите патишта водат на хуманитарниот концерт за Владо Симјановски, бидете дел и уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост на дело!

Објавено пред

на

©porta.mk

На ден 05.04.2024 петок со почеток од 19:00 фолклорниот оддел на Државното Музичко училиште од Струга ќе одржи хуманитарен концерт за нашиот сограѓанин Владо Симјановски, за кој како што знаеме сеуште збираме донации за неговото лекување во болницата „Меморијал“ – Република Турција.

Концертот е закажан да се одржи во Дом на Култура „Кочо Рацин“ – Кичево, бидете дел и конечно да ја направиме оваа вечер финална за нашиот кичевчанец кој е на чекор до излекување на тешката болест!

Сите се добредојдени, да играме и да пееме за нашиот Владо, а воедно и да ги поддржиме нашите млади таленти. Исто така оваа прилика преку нашиот медиум кој како што знаете секогаш е на страната на хуманоста – ја користиме можноста да се заблагодариме на г-дин Мазлам Османи, директор на НЦУК „Кочо Рацин“ и институцијата, хотел „Куќа на Уметноста“, Печатница „Лик“ и КУД „Младост“ кои несебично придонесоа за реализација на овој проект.

Додека ја читате оваа вест, одложете го вашето кафе и донирајте 100 денари преку македонските оператори

Донации повици преку мрежата на „Телеком“ и „А1 Македонија“ , еден повик – „100 денари

Телеком ☎️: 143 – 414

А1 ☎️: 143 – 666

Донации преку трансакциска сметка за Македонија

Име на банка: Комерцијална Банка АД Скопје
Број: 300017025428784
Име/Презиме: Владо Симјановски

Донации преку девизна сметка за странство

Fist Name/Last name: Slavica Avramoska
Address: s.Tuin – Kichevo
Acc no: 0230706863422
IBAN Code: MK07300307068634267
BIC/SWIFT Code: KOBSMK2XOHB
Bank name: Komercijalna Banka AD Skopje

Прочитај повеќе...

Кичево

МВР: Вкупно 15 кичевски возила-јавни превозници вчера биле пратени на вонреден технички преглед

Објавено пред

на

porta.mk

На 27.03.2024 на подрачјето на СВР Охрид извршена е контрола на возилата кои вршат јавен превоз на патници – автобуси и такси возила.

Притоа, контролирани се вкупно 101 возило  (Охрид-68, Струга-11, Кичево-15, Дебар-07), од кои кај едно возило во Охрид и едно во Струга, констатирана е техничка неисправност на системот за сопирање.

NПо целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави, истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Кичево

„Преку глава ми е од корупцијата“: Караванот доаѓа во Кичево, овој петок на градскиот плоштад граѓаните ќе се сретнат со различни активности во борба против корупцијата

Објавено пред

на

ФОТО: mcms.mk | Граѓаните против корупцијата

Граѓаните против корупцијата во рамките на програмата овој петок на 29-ти март во Кичево потточно пред Музеј на „НОБ Запад“ на градскиот плоштад со почеток од 14:00 часот ќе продолжи со караванот со настани насловени Преку глава ми е од корупцијата што се организираат и во Штип, Гостивар и Крива Паланка.

Граѓаните на овие средби ќе имаат можност да се информираат како активно да се вклучат во борбата против корупцијата преку различни активности. На настаните граѓаните ќе можат да разговараат и да се едуцираат за препознавање на злоупотреби и можностите за пријавување на корупција. Покрај претставниците од граѓанските организации МЦМС, ИДСЦС и ЦГК ќе присуствуваат и медиумските партнери од ИРЛ, 360 степени и БИРН Македонија.

За младите ќе бидат организирани отворени дискусии на тема корупција, а дел од нив ќе можат да го проследат форум театарот посветен на истата тема. Медиумските партнери од програмата исто така ќе ги информираат граѓаните за важноста на споделувањето информации и пријавувањето на потенцијалните случаи на корупција со цел да помогнат во медиумските истражувања, додека

Стопанската комора на Македонија ќе организира средби со локалните претставници од приватниот сектор.

/ПР

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево22 минути

Во петок сите патишта водат на хуманитарниот концерт за Владо Симјановски, бидете дел и уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост на дело!

На ден 05.04.2024 петок со почеток од 19:00 фолклорниот оддел на Државното Музичко училиште од Струга ќе одржи хуманитарен концерт...

Кичево7 часа

МВР: Вкупно 15 кичевски возила-јавни превозници вчера биле пратени на вонреден технички преглед

На 27.03.2024 на подрачјето на СВР Охрид извршена е контрола на возилата кои вршат јавен превоз на патници – автобуси...

Магазин8 часа

Рендерите на Google Pixel 9 откриваат промени во дизајнот на претстојниот телефон

Во новите CAD-слики или рендери, Google Pixel 9 има ново, ревидирано куќиште на камерата што сега има овална форма, без...

Магазин8 часа

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI доаѓа на избрани Galaxy уреди денес

Новото ажурирање One UI 6.1 ја носи револуционерната мобилна вештачка интелигенција Galaxy AI на уште повеќе корисници на уреди Samsung...

Хороскоп21 час

Хороскоп за четврток (28 март)

ОВЕН Некој ве иритира со своето однесување и ја нарушува вашата концентрација. Бидете сталожени, не ви е потребен дополнителен проблем....

Кичево22 часа

„Преку глава ми е од корупцијата“: Караванот доаѓа во Кичево, овој петок на градскиот плоштад граѓаните ќе се сретнат со различни активности во борба против корупцијата

Граѓаните против корупцијата во рамките на програмата овој петок на 29-ти март во Кичево потточно пред Музеј на „НОБ Запад“...

Lifestyle1 ден

Дали знаете што значи WC?

Дали некогаш сте застанале да размислите за значењето на буквите „WC“ на знакот за јавен тоалет? Иако е вообичаена глетка...

Кичево1 ден

ССНМ во Кичево организира работен состанок со новинари од локални медиуми

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници организира работен состанок во Кичево кој ќе се одржи на 3-ти април (среда)...

Автомобили1 ден

Гигантот оди во заслужена „пензија“: Audi R8 повеќе нема да се произведува

Во ноември минатата година Audi го прекина производството на моделот ТТ по 26 години и произведени над 660.000 примероци, а...

Магазин1 ден

Драмата продолжува: TikTok под истрага, му се заканува тужба

Американската Федерална трговска комисија (FED) го истражува TikTok за наводно кршење на приватноста и безбедноста на податоците на корисниците. Доколку...

НАЈЧИТАНИ