Околу 20.000 пензионери кои имаа сметки во Еуростандард банка нема да добијат на време пензија, јавуваат дел од медиумите.

Тие беа информирани да отворат сметка во друга бакна, а рокот истече вчера.

Сите кои не отворија нова сметка, ќе треба тоа да го направат до седми, 14 или 25 септември, што значи августовската пензија ќе ја добијат по тој рок.

Од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување велат дека тие ќе имаат можност да го сторат тоа подоцна, посочувајќи дека ќе има вонредни исплати во текот на цел септември, но апелираат граѓаните да извадат нова трансакциска сметка што е можно побрзо.

До вчера, кога беше рокот да го сторат тоа, околу 30.000 пензионери кои што земале пензија преку Македонска пошта, отвориле сметка во друга банка, па поради тоа ќе можат да ја подигнуваат својата пензија.