Скопје
При експлозија на боца во скопски локал за мотоцикли има жртва и повредени

На 28.12.2018 година во 12,50 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на улицата „Јордан Мијалков“ во сервис за моторцикли „Тјунинг“, експлодирала плинска боца, при што во моментот на експлозијата, А.Ј.(27) и М.Б.(33) и двајцата од Скопје, кои работеле на сервис на мотор, се здобиле со телесни повреди. Со телесни повреди се здобил и сопственикот на сервисот С.П. (38) од Скопје. Вработениот М.С.(25) од Скопје бил пронајден починат, а смртта била констатирана од лекар од Итната медицинска помош.
На местото на настанот извршен бил увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.
Се работи на целосно расчистување на настанот.
Извор: МВР
Скопје
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 06.02.2023 (понеделник) во официјалана посета на Република Македонија ќе пристгне претседателката на Унгарија, Н.Е. г – ѓа Каталин Новак.
Од тие причини СВР Скопје – Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Скопје
Осум средни училишта од Скопје денеска добиле закана за поставен експлозив

Денеска (03.02.2023) околу 11:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на осум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.
Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, истакнаа од МВР.
Скопје
Кичевчанка во Скопје пријавила дека таксист недолично се однесувал и ја допирал по телото

На 27.01.2023 во 04.33 часот во Полициска станица Аеродром, 19-годишна кичевчанка пријавила дека околу 04.20 часот додека со такси возило се враќала кон нејзиниот дом на подрачјето на скопски Аеродром, такси возачот започнал да се однесува недолично и да ја допира по телото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, истакнаа МВР во дневниот билтен за медиуми.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (8 февруари)
-
Свет14 часа
(ВИДЕО) Сириско момче истакна видео до под урнатините, „незнам дали ќе преживеам или умрам“, страшни снимки од земјотресот во Турција и Сирија
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за четврток (9 февруари)
-
Магазин2 дена
Дали ќе плаќаме за верификација на сметката и за Instagram и за Facebook?
-
Видео14 часа
Кој подобро ја слуша мама? Тиктокерка сними како им дава наредби на синот и кучето, видеото стана хит
-
Магазин2 дена
Продажбата на конзолата PS5 надмина 32 милиони единици
-
Свет2 дена
SpaceX ќе се обиде да го лансира Starship во март
-
Свет1 ден
Бројот на жртви не запира, денеска надмина 6,200 луѓе, додека спасувачите и покрај лошите временски услови се обидуваат да извадат живи луѓе..