Следете не

Култура

Богослужба за празникот „Митровден“ во црквата „Св. Димитрија“ во село Кнежино

Avatar

Објавено пред

на

На ден 08.11.2019 година (петок) во црквата „Свети Димитрија“ во с.Кнежино по повод големиот христијански празник посветен на „Свети Великомаченик Димитрија“ чие име го носи и нашата селска црква изградена во 1911 година, традиционално како и секоја година, ќе се одржи света утринска литургија со свештени лица од Кичевската парохија.

Службата ќе започне во 08:00 часот и предвидено е да трае до 09:30 часот.

Ги повикуваме сите верници од Кичево и с.Кнежино, како и тие што го слават овој верски празник, во што поголем број да присуствуваат на оваа богослужба, при што по завршувањето на службата ќе можат да извршат и осветување на лебовите.

Извор: Knezino.mk

Музика

Кичевчанецот Мирослав Мирчески е победник на „Гоце Фест“ 2020

Avatar

Објавено пред

на

Костадин Крстески (лево), Мирослав Мирчески (средина), Кристијан Јовановиќ (десно)

Младиот кичевчанец Мирослав Мирчески со неговата песна „Македонски Гордо Оди“ е овогодинешниот победник на „Гоце Фест“ 2020 година.

31-то издание понуди нови родољубиви и патриотски песни со фолклорна мелоритмика од богатото историско минато на македонскиот народ.

Учество на фестивалот имаа врвни македонски музички имиња од фолк сцената, како и млади интерпретатори, меѓу нив ќе ги споменеме: Круме Спасовски, Виданка Ѓоргиевска, Ѓоко Дончев, Славка Младеновска, Серафина Фантаузо, Ванчо Тарабунов, Јулија, кичевчаните Дарко Стојаноски и Мирослав Мирчески, Рени, Кристијан Демјански и др.

Како што е познато Фестивалот „Гоце Фест“ започна во 1990 година, во чест на денот на раѓањето на големиот македонски патриот Гоце Делчев, 4-ти февруари.

Организатор на фестивалот е Ансамблот на народни песни и ора “Гоце Делчев”, а директор е Пеце Здравковски.

Прочитај повеќе...

Култура

Утрена богослужба и Света Божествена Литургија во храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ – Кичево

Avatar

Објавено пред

на

На ден 15.02.2020 (сабота). Богородичен празник – Сретение Господово ќе се отслужи Утрена богослужба и Света Божествена Литургија во храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ – Кичево.

Светите отци велат дека Сретение е денот за средба со Христа од каде што ја црпиме среќата. Затоа среќата е заедница со ближните и Бога, а таа заедница е токму во Литургијата.

Тоа ќе го направиме ако бидеме сите заедно на богослужбата која почнува во 7:30 часот, а Литургијата од 8:30 часот

Стои во објавата на Кичевската Парохија

Прочитај повеќе...

Култура

Втора ревија на македонски филмови „Златна рамка“

Avatar

Објавено пред

на

Дваесет и два филма од минатата година ќе бидат прикажани на второто издание на ревијата на македонски филмови „Златна рамка“, која под мотото „Во наш филм“ ќе се одржува од денеска до 16 февруари во Младинскиот културен центар.

Филмовите што ќе бидат прикажани се во три програмски целини – долгометражни, краткометражни и документарни. Публиката ќе има можност да ги проследи заедно со нивните автори и да учествува во дискусиите што се предвидени по проекциите кои се бесплатни.

Организатор на „Златна рамка“ е Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) во соработка со Агенцијата за филм и Младинскиот културен центар.

– „Златна рамка“ е еден вид отчет пред домашната публика, која ќе има можност да ги погледне сите домашни филмови од минатата година, од кои некои не се прикажуваат на редовен репертоар во киносалите. Домашната публика ќе има можност да ги погледне новите остварувања во македонската кинематографија, а филмските работници ќе можат да разменат мислења и искуства за нивната работа, соопшти ДФРМ.

Покрај тридневната ревија на македонскиот филм од изминатата година, на „Златна рамка” ќе бидат одржани и Свечено собрание на ДФРМ, промоција на брошурата „Прирачник за филмаџии“, презентација на МЕДИА Деск Македонија на тема „Како се евалуираат проектите на Медиа?“ и трибина насловена „Жената во македонскиот филм“.

Ќе бидат доделени и почесните награди за филмските професионалци: најдобар филмски автор, филмски актер и филмски работник.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогнозаПред 6 часа

Дожд и ветер преку целиот ден, не излегувајте без потреба надвор!

Времето ќе биде облачно и значително постудено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места...

ХороскопПред 11 час

Хороскоп за денес (27.02) четврток

ОВЕН Ќе оставите многу позитивен впечаток при нов деловен разговор. Може да очекувате поволна фаза на работа. Личност која живее...

Здравје и убавинаПред 13 часа

Лесен и брз лек за имунитет, победете ја брзо настинката

Едноличната исхрана најмногу ја ослабува способноста на организмот да се избори со болестите.Затоа е важно редовно да консумираме овошје и...

МакедонијаПред 15 часа

(ВИДЕО) Д-р Александар Митов: Важни информации за „Корона вирусот“, на кој начин да се заштитиме и што знаеме

Д-р Александар Митов е магистер по јавно здравје и влијанија на животната средина врз здравјето. Во специјално издание докторот изјавува...

ВидеоПред 15 часа

(ВИДЕО) Му го скрши задното стакло, овој со тарабуката му врати со удар, па инструментот извади тон силината

Видеото кое стана вирално на интернет, во прашање е кавга на двајца, но како што гледаме едниот е доста наелектризиран...

МакедонијаПред 18 часа

ОФИЦИЈАЛНО: ПРВ СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА- заразена жена која патувала во Италија

Во Македонија денеска е регистриран првиот случај на коронавирусот, ова во овие моменти го истакна министерот за здравство Венко Филипче....

СпортПред 21 час

Милвоки преку шампионот Торонто до 50. победа оваа сезона во НБА лигата

Тимот на Милвоки бакс ја забележа победата број 50 во тековната НБА сезона, откако ноќеска на гостински терен го совлада...

СлучувањаПред 21 час

МОНСТРУМ ОД СКОПЈЕ: Си го силувал своето 12-годишно дете!

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено дека сторило кривично дело...

МакедонијаПред 21 час

Уште двајца сомнителни пациенти од коронавирус се испитуваат на Клиниката за инфективни болести

Уште двајца сомнителни пациенти со симптоми на грип се тестираат на присуство на коронавирус, дознаваме од извори од Клиниката за...

Временска прогнозаПред 1 ден

Денес ќе имаме засилен ветер, така што од четврток следуваат дождови а некаде и снег

Денес ќе преовладува поладно време со засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови каде на места ќе достигнува...

НАЈЧИТАНИ