Спорт

Борко Ристовски во ТОП 5 одбрани во квaлификациите за ЕП 2018 (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски има една од најдобрите пет одбрани во натпреварите од 3 и 4.коло од квалификациите за ЕП 2018 во Хрватска.

Сопрениот „зицер“ на исландскиот капитен Гудјон Валур Сигурдсон, а на Ристовски му донесе четврто место во Топ 5 одбраните за оваа фаза.

Повратникот во македонскиот национален тим беше еден од клучните играчи на Македонија во двата дуели со Исланд. На првиот меч во Скопје, македонската репрезентација го победи Исланд со 30-25, а на реваншот во Рејкјавик загуби минимално со 30-29.

Првото место во овој избор на ЕХФ му припадна на германскиот голман Андреас Волф за двојната одбрана на двата шута на Словенецот Јуре Доленец.

Погледнете ги Топ 5 одбраните за овие две квалификациски кола:

Leave a Comment