Спорт
F1: Ботас бесен на прекарот кој го доби од Мерцедес: Таквиот став боли, ќе мора да разговараме за ова (ВИДЕО)
Валтери Ботас имаше исклучително значајна улога во рутинската победа која ја оствари Луис Хамилтон на денешната трка во Унгарија, од едноставна причина што Финецот му овозможи на својот тимски колега да си направи голема предност со самото тоа што ги стопираше болидите на Ферари, а особено Фетел од 40-от до пред самиот финиш на трката.
Ботас на крајот заврши петти откако попуштија неговите пневматици, но она што не му се допадна на Финецот беа зборовите кои ги упати шефот на Мерцедес, Тото Волф. Директорот на Мерцедес истакна дека Ботас денеска имал една улога на „заштитник“ на Хамилтон, а ваквиот епитет воопшто не му се допадна на Валтери кој при давањето интервју, побара состанок со Волф околу неговиот статус во тимот.
– Пред се, зборот заштитник навистина боли. Второ, јас не гледам ништо добро за мене во трката, сакав подобар резултат. Застанавме порано во бокс отколку што сакавме поради Кими, моравме да го покриеме. На 20 круга пред крајот, чувството беше добро, можев да го контролирам темпото и позицијата, но потоа задните гуми почнаа да попуштаат. Се обидов да се одбранам најдобро што можам, најагресивно што можам, но на крајот заврши со хаос и скршено предно крило, – истакна Ботас кој додаде дека ќе мора да разговара со шефот Волф.
– Мислам дека мора да зборуваме после оваа трка. Ние сме на средина на сезоната и разликата во поени е голема. Сигурно тимот ќе мора да донесе одлука во еден момент, – порача разочараниот Ботас.
Natalie: “Your boss has just called you a sensational wingman.”
Bottas: “Wingman hurts.”
📺 Sky Go: https://t.co/fxH1316WnM #SkyF1 #F1 #HungarianGP pic.twitter.com/pDWLddDec9— Sky Sports F1 (@SkySportsF1) July 29, 2018
Спорт
Нова победа на македонската репрезентација до 18 години на силниот меѓународен турнир „Анталија Куп 2024″
Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на силниот меѓународен турнир „Анталија Куп 2024″.
Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ, по победата над Естонија зеблежаа нов убедлив триумф со 3:0 над ФК Анталиаспор.
Нашите млади фудбалери одиграа феноменално прво полувреме надигрувајќи го противникот во секој сегмент од играта. Во првите 30. минута успеавме да постигнеме три погодоци и многу рано да го решиме прашањето на победникот на оваа средба.
На самиот старт на средбата, Силјановски постигнува гол за водство на Македонија. Три минути подоцна Гаштаров ја зголемува нашата предност. Матески во 30. минута се запишува во листата на стрелците и ги поставува конечните 3:0.
МАКЕДОНИЈА: Амар Хаџибулиќ, Андреј Љубевски, Габриел Крстевски, Нуман Ајетовиќ, Милот Синани, Адриан Незир, Давид Ристовски, Никола Манојлов, Давид Матески, Матеј Гаштаров, Андреј Силјаноски;
Селектор: Вујадин Станојковиќ.
Во претходното коло, Македонија забележа убедлива победа над Естонија со 3:0.
Во воведното коло од силниот меѓународен турнир во турска Анталија, нашите млади фудбалери незаслужено беа поразени од Молдавија со минимални 1:0.
Спорт
Репрезентацијата на Македонија во фудбал до 19 и 21 година одиграа мечеви против Летонија односно против Шведска
Младата репрезентација на Македонија до 19 години одигра нерешено 1:1 против соодветната селекција на Летонија во рамките на третото коло од мини квалификацискиот турнир (Елитна фаза) за пласман на Европско првенство.
Избраниците на селекторот Тони Јакимовски беа подобар противник од самиот старт на овој натпревар, но на крајот не успеаа да ја остварат првата победа во овој квалификациски циклус што се одржа во Скопје.
Ѓоргиевски и Зенделовски ги имаа првите прилика за Македонија на оваа средба, но без реализација. Величковски ја имаше најсериозната можност во првото полувреме.
На почетокот на второто полувреме, Летонија погодува за предност од 1:0. Межсаргс беше стрелец на погодокот за противникот.
Димитар Данев во 76. минута погоди за израмнување на резултатот и поставување на конечните 1:1. За Македонија настапија:
Македонија: Џеков, Аризанкоски, Стојилевски, Џеков, Велков, Нухија, Зенделовски, Ѓоргиевски, Цаноски, Величковски, Назифи;
Селектор: Тони Јакимовски
Додека пак репрезентацијата на Македонија до 21 година загуби со 2:0 од Шведска во натпревар од квалификациите за пласман на Европско првенство кое ќе се одржи во Словачка 2025 година.
Избраниците на селекторот Драги Канатларовски речиси цело второ полувреме играа со играч помалку. Десниот бек Михаил Димитриевски во 47. минута заработи директен црвен картон откако невнимателно и остро стартуваше врз противнички играч.
Противникот успеа да го скрши нашиот отпор и во 67. минута го постигна првиот погодок. Розенгард со доза на среќа успеа да ја затресе нашата мрежа. Вихелмсон во последните моменти од средбата ги постави конечните 2:0.
Македонија и со играч помалку одигра добар натпревар, особено во дефанзивниот дел, но не можеше ништо повеќе со играч помалку. Марио Илиевски и Хамза Рамани ги имаа двете најдобри можности на оваа средба за постигнување на погодок.
Швеѓаните со оваа победа се вратија во трката за пласман на Европското првенство. Македонија во досегашниот тек од квалификациите има забележано две победи и четири порази.
Македонија – Шведска 0:2 (0:1)
МАКЕДОНИЈА: Марко Алчевски, Михаил Димитриевски, Андреј Стојчевски, Решат Рамадани, Стефан Деспотовски, Иван Николов, Марио Илиевски, Лука Станковски, Имран Фетси, Алекс Златков, Хамза Рамани;
Резерви: Стефан Митрев, Берат Калкан, Џемиљ Јахји, Матеј Ангелов, Ардијан Цилафи, Луан Абази, Ване Крстевски, Шабавн Зенку, Еркан Семовски;
Селектор: Тони Јакимовски
Извор: ФФМ
Спорт
Македонската А селекција загуби од Црна Гора на контролниот меч во Анталија
Македонската А репрезентација загуви со 1:0 од Црна Гора на контролниот натпревар. Првото полувреме на стадионот „Мардан“ во Анталија мина во наша доминација, но за жал во завршницата на полувремето попушти концентрацијата.
Првата закана по црногорскиот гол ја упати Миовски во 6. минута. Продолжи добрата игра на нашиот тим. Од околу дваесеттина метри се обиде Елмас, изнудувајќи интервенција на црногорскиот голман. Елмас до полувремето имаше уште два обида. Црногорците упатија еден удар од далечина преку Чамај.
Енис Барди имаше опасен обид од слободен удар, меѓутоа биеше крај голот на Црна Гора. Пред паузата, Црна Гора имаше два корнери и ги опомена нашите фудбалери, меѓутоа ударите завршија во блокот и над пречката. Црногорците не казнија за неефикасноста во финишот на полувремето. Водечки погодок постигна Стеван Јоветиќ кој во 45. минута со глава по корнер го матира Димитриевски.
Многу замени беа направени во вториот дел. Трајковски влезе на местото од Елмас. Нашата деветка веднаш се најде во позиција да го загрози противничкиот гол, но тоа го направи непрецизно.
Шанса во второто полувреме добија Ристовски, Димоски, Митровски, Серафимов и Ќамили, но немавме посериозна прилика да го израмниме резултатот.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (27 март)
-
Хороскоп15 часа
Хороскоп за четврток (28 март)
-
Култура2 дена
В сабота во Манастирот Св. Великомаченик Георгиј Победоносец во с. Рајчица ќе пристигне икона на Светиот Георгиј Победоносец, покана до сите верници да присуствуваат на духовното славје
-
Македонија1 ден
Викендов започнува летното сметање на време, ноќта во недела стрелките на часовникот ги поместуваме еден час по напред
-
Кичево1 ден
ССНМ во Кичево организира работен состанок со новинари од локални медиуми
-
Спорт1 ден
Нова победа на македонската репрезентација до 18 години на силниот меѓународен турнир „Анталија Куп 2024″
-
Lifestyle1 ден
Дали знаете што значи WC?
-
Мобилни уреди2 дена
На голема врата со 4G поддршка се враќа легендарниот „Nokia 3210“