Култура
Бред Пит одбил улога од 250 милиони долари

Холивудската starвезда Бред Пит наводно ја одбил главната улога во продолжението на славниот филм „Матрикс“, пренесуваат странските медиуми.
Странските медиуми пишуваат дека понудата за улогата изнесувала неверојатни 250 милиони долари, но дека актерот решил да ја одбие. Причината за тоа е „паузата“ од глумата.
Тој, наводно, сака да и се посвети на својата дваесет и седумгодишна девојка Никол Потуралски и да се одмори од Холивуд.
© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.
Култура
Денес е Стара нова година „Василица“ нека е за многу години, од година да ја испраќаме со василичарски огнови традиционално!

Православните христијани кои се водат според Јулијански календар денес ќе ја пречекаат Православната или Старата нова година.
Голем број македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден.
На Василица верниците кои се водат по овој календар кршат и лепче со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.
Светската пандемија од Ковид-19 ја спречи старата традиција каде старата нова година се испраќа со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги прогонуваат лошите сили.
Инаку, Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.
За многу години!
© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.
Музика
(ВИДЕО) Христијан Тришоски направи прекрасна преработка на песната „Распукај срце ко Шар планина“

Кичевчанецот Христијан Тришоски се враќа во полн сјај на македонската музичка сцена со прекрасна етно преработка на хитот од доајенот на македонската песна Наум Петрески – „Распукај срце ко Шар планина“.
На видеото: Клавијатура – Бојан Кузманоски, Кларинет – Даниел Божиноски, Канон – Филип Михајлоски, микс и мастер – Христијан Ѓорѓиевски
Среќна стара Нова година!
Имајте пријатен ден:
© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.
Култура
Денеска е Свети Стефан, заштитник на болните, старите и сиромашните

Именден празнуваат: Стефан, Стефанка, Стефанија, Фанија, Фанка, Стојан, Стојанка, Стојмен, Стоичко.
На третиот ден од празникот Божиќ светата православна црква го празнува споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан. Тој е наречен првомаченик затоа што тој прв настрадал за Христовата вера.
Веднаш по слегувањето на Светиот Дух во Ерусалим била формирана христијанска општина, биле избрани седум ѓакони да се грижат за сиромасите, за болните, старите, вдовиците и да ги делат подароците што христијаните ги давале на црквата. Најстар во тие седум ѓакони бил Стефан поради што бил наречен архиѓакон.
Еднаш мноштво Евреи, фарисеи и садукеи се расправале за Исус Христос. Едни тврделе дека е вистински син Божји, други дека е пророк, трети дека е измамник. Тогаш се замешал Стефан кој инспиративно зборувал за Исус Христос напомнувајќи дека во него не веруваат само лошите луѓе.
Посрамотените противници што не можеле на Стефан да му се спротивстават со факти веднаш го наклеветиле пред насобраниот народ дека ги навредувал Мојсиевите закони. Разгневениот народ поверувал на лажните обвиненија и на лажните сведоштва. Го изнесле Стефана надвор од градот и го каменувале. Умирајќи тој се молел на Бога за себе си, но и за тие што го убиле. Во претсмртниот час извикал: „Господе, не земај им го ова за грев.“
Народот што го каменувал Стефана му ја соблекол белата облека и му ја дал на едно момче по име Савле да ја чува. Тоа момче, во тоа време жесток противник и прогонувач на христијаните, подоцна со името Павле, станало најголем приврзаник и афирматор на христијанството. Христијаните го зеле телото на Стефана и достојно го погребале во близината на Ерусалим. Култот на св. Стефан е стар колку и самата Христова црква, зашто тој е почитуван исто колку и апостолите. Уште светиот апостол Павле него го нарекува маченик Христов. Култот особено пораснал по наоѓањето на неговите мошти и нивното пренесување во Цариград. Преданието вели дека пренесувањето на моштите на св. Стефан во Цариград било за време на владеењето на Константин Велики и за време на патријархот Митрофан. Животните што ја влечеле колата во кои биле моштите на св. Стефан на едно место одеднаш застанале и со човечки глас рекле: „Зошто нè тепате? Светецот треба да биде поставен овде!“ Царот веднаш на тоа место подигнал црква посветена на првомаченикот.
И во црковните песни и проповеди св. Стефан се нарекува: прв, врв на мачеништвото, почеток на мачеништвото, прв во маченичката фаланга итн.
Народот го празнува Свети Стефан на 9. I./27 XII, а тоа е третиот ден од празникот Божиќ. Тогаш се оди на именден кај Стефановци, но сите песни, верувања и обичаи што се изведуваат на овој ден се поврзани со Божик.
Тропар
Свети првомаченик и архиѓакон Стефан
Првомаченику Христов и апостолу, со добар подвиг си се подвизавал и си го изобличил безбоштвото на мачителите. Бидејќи со камења беше убиен од рацете на беззакониците, прими венец од Десницата што е во височините, а на Бога Му се молеше, извикувајќи: Господи, не замај им го ова за грев! (Подготви Марко Китевски)
/kurir
© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.
-
Музика3 дена
(ВИДЕО) Христијан Тришоски направи прекрасна преработка на песната „Распукај срце ко Шар планина“
-
Кичево12 часа
(ФОТО) Кичевчанка нацрта новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно, хуман гест за почит!
-
Временска прогноза3 дена
Поларниот бран доаѓа од вечерва, за „Василица“ снег и на пониските места
-
Временска прогноза16 часа
Поларна воздушна маса од Сибир се движи кон нашата територија, очекувани температури под -20 степени, детали..
-
Хороскоп2 дена
Дневен Хороскоп (14.01) четврток
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за денес (15.01) петок
-
Македонија3 дена
Денеска 477 нови случаи на Коронавирус во Македонија, починати 10 лица, ова е билансот по градови
-
Кичево20 часа
Вчера во Кичево четири лица пријавиле напад од кучиња скитници