Следете не

Спорт

Касиљас не издржа, повторно се враќа на терените

Објавено пред

на

Шпанскиот голман Икер Касилјас, на социјалните мрежи се пофали дека после шест месеци и три дена повторно облекол копачки.

Фудбалската 39-годишна легенда, кој на тренинг на португалскиот клуб Порто, на 1 мај годинава имаше срцев удар, и после тој миокарден инфаркт, кој за среќа го преживеа, никогаш не кажа дека дефинитивно ја завршува кариерата. Дека има намера да продолжи да брани на официјални мечеви, тој докажа денеска.

„Шест месеци и три дена бевте во кутија“ – напиша Икер, објавувајќи фотографија од неговите копачки, и најавувајќи дека се враќа на фудбалските терени. Касилјас доби дозвола од лекарите да почне со тренинзи, откако ги мина деталните прегледи.

Спорт

Женската репрезентација на Македонија до 19 години несреќно поразена од Романија на првиот контролен меч

Објавено пред

на

Младата женска репрезентација на Македонија до 19 година загуби минимално со 1:0 од соодветната селекција на Романија во рамките на првиот контролен дуел одигран меѓу овие две селекции.
Нашата млада репрезентација предводена од селекторот Астрит Мерко може да жали за претрпениот пораз, со оглед на добрата игра на Македонија и неколкуте добри можности за постигнување гол. Единствениот погодок на средбата беше дело на Ботолеј во 75. минута од средбата.

Вториот контролен натпревар е закажан утре со почеток во 17:00 часот.

Астрит Мерко, предводник на женската репрезентација на Македонија до 19 години.

-Не заслуживме да изгубиме на овој натпревар, но тоа е фудбалот. Пропуштивме неколку изгледни шанси, а противникот имаше голема среќа при постигнувањето на голот. Одигравме добро, борбено, девојките покажаа голема желба за надигрување и натпреварувачки дух. Со ваква игра и со играта од последниот контролен тест против Бугарија, можеме да се надеваме на успешно претставување на претстојниот квалификациски турнир во Белорусија.

Македонија: Берна Кабакчи, Анида Идризи, Едина Сулејмани, Ана Милцеска, Викторија Недева, Ера Стеблева, Теа Божиновска, Теодора Николовска, Оливера Цоклеска, Радица Велкова, Кристина Мојсоска;

Резерви: Александра Јовановска, Емира Мета, Јана Луба Зврлеска, Ангела Зафироска, Миа Головска, Бојана Петкова, Брикена Шаќири, Александра Станисављевска, Сара Евтинџиоска, Стефанија Ристова, Дајана Ристовска;

Селектор: Астрит Мерко

Прочитај повеќе...

Спорт

Шкупи во Чаир се врати на реновираниот стадион од ФФМ

Објавено пред

на

Шкупи по една година повторно се врати на стадионот во Чаир. Од денес стадионот има две модерни трибини, додека свечено го отвори претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, градоначалниците на град Скопје и општина Чаир и останати функционери.

Шкупи на теренот беше доминантен против Борец и оствари триумф од 3-0.

Фото/Текст: Makfudbal.mk

Прочитај повеќе...

Спорт

(ВО ЖИВО) Следете го ракометниот натпревар на РК Кичево против РК Астраион

Објавено пред

на

Моментално нашиот кичевски ракометен клуб “Кичево” игра против екипата на Астраион од првата ракометна лига.

Натпреваров во живо го овозможија нашите партнери од LiveStream.mk & 2С Студио

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогнозаПред 52 минути

Топло време денес, од утре вистинска зима со можен снег на планините, во четврток стабилизација

Денес времето во Македонија ќе се задржи сончево и натпросечно топло со умерена локална облачност и со умерен, повремено засилен...

На денешен денПред 7 часа

Светот на денешен ден (20 септември)

480 п.н.е – Во поморската битка кај островот Саламин во Егејското Море, Грците, под команда на атинскиот генерал Темистокле ги...

ХороскопПред 9 часа

Хороскоп за денес (20 септември) понеделник

ОВЕН Колку и да се согласува човек денес со вас и идеите што ги имате, подеднакво ќе изрази незадоволство, ќе...

СпортПред 9 часа

Женската репрезентација на Македонија до 19 години несреќно поразена од Романија на првиот контролен меч

Младата женска репрезентација на Македонија до 19 година загуби минимално со 1:0 од соодветната селекција на Романија во рамките на...

МакедонијаПред 13 часа

Денес 365 нови случаи на Ковид-19, починале 23 лица

Во последните 24 часа се направени 4.015 тестирања, а регистрирани се 365 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 183...

СпортПред 14 часа

Шкупи во Чаир се врати на реновираниот стадион од ФФМ

Шкупи по една година повторно се врати на стадионот во Чаир. Од денес стадионот има две модерни трибини, додека свечено...

СпортПред 16 часа

(ВО ЖИВО) Следете го ракометниот натпревар на РК Кичево против РК Астраион

Моментално нашиот кичевски ракометен клуб “Кичево” игра против екипата на Астраион од првата ракометна лига. Натпреваров во живо го овозможија...

МакедонијаПред 19 часа

ДПИ затвори угостителски објект во Гостивар, додека сопственикот бил приведен – затекнати биле гости без сертификат за вакцинација

Вчерa на (18.09.2021) во 21:35 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од...

КичевоПред 20 часа

ЕВН Кичево: село Пополжани, Бржани, Свињиште, Козица, Белица, Добреноец, Подвис – Утре без електрична енергија

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре 20.09.2021 година – понеделник, ЕВН Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување...

Временска прогнозаПред 20 часа

Времето ќе биде променливо облачно и денес, во вторник се очекува по студено време

Во останатиот дел од викендот повторно ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. До понеделник ќе продолжи да...

НАЈЧИТАНИ