Спорт
Цела NBA во шок поради играчот на Мајами кој одби да клекне за време на интонирањето на химната

Кошаркарот на Мајами, Мејерс Леонард, додека неговите соиграчи клекнаа тој одби да клекне за време на интонирањето на американската химна на мечот против Бостон, само стоеше мирно и ја слушаше химната на неговата земја.
Неговиот гест изненади и разбесни многумина, бидејќи тие веруваат дека кошаркарот на Хита одби да пружи поддршка во борбата против расизмот. Сепак, по натпреварот, Леонард го објасни својот потег.
„Јас стојам! Јас се залагам за мажи и жени, како и за мојот брат кој и служеше на оваа земја. Јас стојам против насилството и немирите во Вашингтон. Стојам во име на солидарност со моите соиграчи и браќа. Јас се спротивставувам на фанатизмот, расизмот и омразата. Се залагам за надеж деканашата земја еден ден ќе престане да ги користи разликите за да не раздели и да види дека нашите срца можат да не обединат. Јас стојам со љубов во моето срце за сите“, напиша тој на Твитер..
I STAND.
.
I STAND FOR the men and women, like my brother who have served this country.
.
I STAND AGAINST the violence and riots in DC.
.
I STAND in solidarity with my teammates and brothers.
.
I STAND AGAINST bigotry, racism, and hate. pic.twitter.com/cw6CNNbjB9— Meyers Leonard (@MeyersLeonard) January 7, 2021
Спорт
Сејдини: На клубовите им се заканувале со ваучери

Во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска беше одржана прес-конференција на која зборуваше првиот човек Муамед Сејдини.
Сејдини повика прес-конференција по вчерашното соопштение од Агенцијата за млади и спорт (АМС).
„Во текот на вчерашниот ден, и до мене стигнаа шпекулации дека одредени претставници на клубовите од македонската лига се повикувани во државни институции, присилувани да потпишуваат некаква поддршка за бојкот на Генералното Изборно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија, уценувани со поделбата на ваучерите. Шпекулациите одеа дотаму што на големо се споменуваше и името на Премиерот на нашата држава..
Одбивав да верувам во таквите ‘игри без граници” сѐ додека не го прочитав соопштението од Агенцијата за млади и спорт објавено на нивната официјална страна“, вели Сејдини.
Повеќе ќе прочитате ТУКА
Спорт
(ВО ЖИВО) Проследете ги утакмиците за eEuro2021 во ProEvolution Soccer 2021

Групите за предквалификациите за eEuro2021 во ProEvolution Soccer 2021 се формирани и веќе се играат утакмиците почнувајќи од 20 часот. Како што веќе најавивме најдобрите четворица продолжуваат во 1/4 финалето кое ќе се одигра во сабота во Арена Еспорт Клубот!
Натпреварите во живо проследете ги ТУКА
Спорт
Футсал репрезентација: Селекторот Скендеровски го објави списокот на повикани играчи за квалификациските мечеви против БиХ и Романија

Селекторот на македонската футсал репрезентација, Васко Скендеровски го објави списокот на играчи за квалификациските натпревари против Босна и Херцеговина и Романија од циклусот за пласман на Европско првенство. За пресметката на гостински терен во Зеница (28. јануари) и домашната против Романија (3. февруари), селекторот Скендеровски ќе смета на следните 19 играчи:
ГОЛМАНИ: ПЕТРОВСКИ Антонио (СК Проект Цико), ПЕТРОВСКИ Влатко (Арбен Бајрами), СТОЈАНОВСКИ Иван (Шкупи);
ОДБРАНА: СУЛЕЈМАНИ Реџеп (Шкупи), ИСМАИЛИ Таулант (Арбен Бајрами), ПЕТРОВИЌ Драган (Шкупи), Даниел ДЕ СОУЗА (Славија Прага, Чешка), Џокица Џо АРСОВСКИ (Штутгардер);
НАПАД: КРСТЕВСКИ Иван (СК Проект Цико), ГЛИГОРОВ Александар (Шкупи), ЛЕОВСКИ Игор (Славија Прага, Чешка), МИЦЕВСКИ Адријан (Бетон Бојс, Германија), КОСТАДИНОВ Марјан (СК Проект Цико), РАНГОТОВ Дарко (СК Проект Цико), ТОДОРОВСКИ Мартин (СК Проект Цико), АНДОВ Димче (СК Проект Цико), СЕФЕРИ Еркан (Шкупи), ЈОВАНОВ Јосиф (СК Проект Цико);
– Започнуваме нов квалификациски циклус и ќе се обидеме да оставиме силен впечаток.Се разбира, доколку ни се укаже шанса и да оствариме пласман на континеталниот собир 2022. година.
Македонскиот репрезентативен футсал е на една голема пресвртница и мораме да започнеме со етапна фаза на подмладување на репрезентацијата. Тоа што веројатно требаше да се направи пред две или три години, сега се чини е неизбежност. Имавме две опции, или да се направи инстант решение со натурализирање на неколку Бразилци, како што селекцијата на Романија го реши начинот на смена на генерацијата, или да одиме по потешкиот, но според мене посладок пат, а тоа е да почнеме со вклучување на наши помлади играчи во овој циклус. Го одбравме вториот начин, ќе биде сигурно многу потешко затоа што вклучуваме играчи кои ќе бидат дебитанти и тоа токму на натпревари кои се исклучително важни за пласманот на ЕП.
– За овие први два натпревари повикав двајца дебитанти Костадинов и Јованов, но веќе на следните два натпревари во март против Србија ќе бидат повикани дополнителни двајца дебитанти на местото на некои повозрасни играчи кои долго време се во репрезентацијата. Планоте овие квалификации да ги завршиме со неколкумина дебитанти (6-7) кои ќе бидат силна поддршка на оваа репрезентација во следниот циклус за пласман за СП.
Што однесува до подготовките, ги започнуваме на 23-ти, а веќе првиот натпревар го играме против БиХ на 28- ми овој месец во Зеница. Искрено, нашиот најголем хендикеп е фактот дека ова е нашиот прв собир по пауза од една година. Ситуацијата со корона кризата и неиграњето на баражот со Англија, направи да немаме ниту еден пријателски или официјален натпреавр веќе една година.
Ќе биде навистина многу тешко, посебно на првите два натпревари со оглед на фактот дека кај нас веќе е во полн ек паузата на домашното првенство и многумина од играчите се надвор од натпреварувачка форма.
Играме против две силни репрезентации БиХ и Романија. БиХ е репрезентација која што е исклучително незгоден противник на домашен терен, репрезентација против која се мачеле многу посилини репрезентации од нас. Романија е репрезентација, која како што реков смената на генерациите ја реши со натурализирање на дури четворица Бразилци, па мислам дека љубителите на футсалот имаат престава за каква репрезентација се работи. Но, ќе одиме чекор по чекор, сега интензивно ќе се подготвуваме за првиот натпревар со БиХ, а па враќањето од Зеница ќе размислуваме за нашиот следен противник Романија, натпревар кој го играме на домашен терен на 3. февруари.
Се надевам дека со сите расположливи сили ќе влеземе во овие два натпревари, освен неиграњето на стандардниот Зибери кој поради проблемите со корона кризата нѐ доби дозвола од неговиот клуб во Италија, изјави селекторот на репрезентацијата, Васко Скендеровски.
-
Кичево20 часа
СВР Охрид: Вчера во Кичево извршени се 40 контроли на угостителски објекти
-
Временска прогноза2 дена
Најава за нови снежни врнежи од понеделник, ова се деталите..
-
Временска прогноза3 дена
Нов циклон кој носи промена на времето се приближува кон нашата држава
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за денес [21.01] четврток
-
Случувања3 дена
Прогноза: Како ќе изгледа ковид 19 во иднина
-
Хороскоп1 ден
Дневен Хороскоп (22.01) петок
-
Видео2 дена
(ВИДЕО) Си крадеше вино во продавница, па вработениот го сецна..
-
Македонија21 час
Од ноќеска горивата поевтинуваат, ова е новата цена