Македонија

Од ноќеска големо намалување на цената на горивата!

Во првата рекалкулација на цените на горивата во оваа година, Регулаторната Комисија за Енергетика ги намали цените за 2.5 односно 3 денари!

Во согласност со методологијата за пресметка на цените, малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 5.51 проценти. Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за 2.5 денари, па еден литар од овие горива ќе чини 58.50, односно 60.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 3 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 55 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.