Македонија Случувања

Од ноќеска цените на горивата се намалуваат за денар, односно денар и половина!

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – од вечерва на полноќ цените на бензините и дизелот се намалуваат.

Во согласност со методологијата за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 1.96%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за по 1 денар, и од вечерва на полноќ бензините ќе чинат 71.00, односно 73.00 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 1.50 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 62.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.