Следете не

Македонија

Центар за управување со кризи – Состојбата по региони

Објавено пред

на

Состојба во земјата по врнежи од снег до 08:30 ч. 16.02.2021 г.

Скопски регион
Од Град Скопје известуваат дека ЈП Улици и Патишта – зимската служба на град Скопје од 07:00 часот изутрина на ден 15.02. па се до 07:00 часот на ден 16.02.2021 година интензивно се вклучени во расчистувањето на снегот од главните сообраќајници на трети ленти, подвозници, надвозници, мостови и критични места во градот, и при тоа се употребени 95 тони сол.

Битолски регион
Во општина Новаци сите патни правци во рамничарските населени места се проодни во зимски услови, а во моментот целата расположлива механизација на ЈП Комунална Хигиена работи на расчистување на патниот правец кон мариовските села Старавина, Градешница, Будимирци, Зовиќ и Груниште и истиот ќе биде завршен во текот на денот.

Во општина Демир Хисар, патот кон с.Мало Илино ќе се чисти во текот на денешниот ден.
Во општина Ресен проодни се сите магистрални и регионални патни правци со остатоци од снег на планинските превои Ѓавато и Буково.

Во општина Прилеп во с.Вепрчани поради непродност на локалниот пат поради високите снежни врнежи во координирана акција од ПО РЦУК Прилеп, граничната полиција, ЕЛС Прилеп и ТППЕ Прилеп успешно е завршена евакуацијата со теренски возила на 6 завеани лица од Кавадрци.

Сообраќајот на регионалниот пат Р 107 Прилеп -Витолиште е можен само со теренско возило.
Во викенд населбата на Црна река кај Расимбегов мост – Мариово останати се 10 лица кои бараат чистење на регионалниот пат Р 107 Прилеп – Витолиште за да можат да се вратат во Прилеп.

Во селата во Мариовскиот регион – Бонче, Крушевица, Чаниште, Кален, Дуње, Вепрчани, Пештани, Кокре, Манастир, Бешиште и Полчиште, локалните патишта ќе се чистат по расчистувањето на регионалниот пат Прилеп – Витолиште. Сообраќај е можен само со теренско возило.

Тетовски регион
Во тетовскиот регион целосно се дорасчистуваат локалните патишта и тротоари, додека отежнато е движењето во повисоките планински села каде се препорачува употреба на зимска опрема и без поголема потреба да не се напуштаат домовите. Висината на снежната покривка во пониските делови е околу 20 сантиметри, додека на повисоките места е до 65 сантиметри.

Во Гостиварскиот регион се дорасчистуваат подалечните села.

Во Мавровскиот регион се уште не е исчистен патот до селата Дуф, Леуново, Сенце, Никифорово , Мистрово и еден дел од Врбен, поради лошата конфигурација висината и земјениот пат до село Мистрово каде треба за чистење да се употреби багер.

Охридски регион
Локалните патни правци во општините Охрид и Дебрца се проодни во зимски услови ,нема отсечени села.

Во општина Струга непроодни се патните правци до населените места во Малесија – Присовјани, Збажди, Ржаново, Локов, Селце и Буринец, како и селата Вишни и Горна Белица.

Во општините Дебар и Центар Жупа нема отсечени села.
Во општина Кичево непроодни се патните правци кон селата Душегубица, Кленоец, Попоец.

Во општина Македонски Брод непроодни се патните правци кон селата: Бенче, Битово, Волче, Заград и Ботушје.

Велешки регион
Во Велешкиот регион се расчистува патниот правец Велес-с.Раштани-с.Бузалково. Се врши посолување на патниот правец с.Отовица-с.Сујаклари и с.Мамутчево-с.Иванковци, како и улиците во повисоките делови од градот.

Во општина Демир Капија се расчистува патот кон с.Челевец, додека патот кон с.Барово е непрооден.

Во општините Свети Николе и Лозово непроодни се патните правци за селата Малино, Крушица, Алакинци, Патетино, Орел и Павлешенци каде се работи на расчистување.

Штипски регион
Во Штипскиот регион меѓуградските патни правци се проодни за сите видови на возила. Само во ридско планинските села во општините Штип и Карбинци патиштата сеуште не се исчистени и се оди со теренски возила. Екипи на ЈП од истите општини се на терен. Исто така на патните правци Виница – Берово и Берово – Струмица има остатоци од кашест снег.

Кумановски регион
На подрачјето на општина Куманово се работи на оспособување на сите патни правци кон селата согласно планот-динамиката за трета фаза на приоритети. На 195 добиено е известување дека патниот правец Брзак – Агино село и патниот правец Косматац – Мургаш кон Новосељане се непроодни и на истиот има наноси од снег и до 80 сантиметри.
Во општина Старо Нагоричане непроодни се патните правци кон селата: Длабочица, Арбанашко, Дејловце, Малотино, Мгленце, Буковљане, Бајловце кон Цветишница, Цвиланце, Жељувино и Дренак.
Од општина Липково известуваат дека регионалните и локални патни правци во општината во поголем дел се делумно проодни во зимски услуви, додека во планинскиот дел селата кои се на повисоките места снежната покривка е поголема и се непроодни. Непроодни се локалните патни правци кон селата: Глажња, Лукаре, Гошинце, Думановце, Извор, Ранковце, Руница, Стража и Стрима во општина Липково, но голем дел од селата се без население (викенд куќички);
Во општина Крива Палaнка регионалните патни правци Крива Паланка-село Огут и Крива Паланка-село Луке се исчистени и се проодни по влажен коловоз.
Регионалниот патен правец Ранковце–село Герман е непрооден поради висина на снег на патот се чисти со возило – трактор. Отсечени се селата: Герман, Пклиште, Станча, Гулинце.
Регионалниот патен правец Ранковце–село Крилатица во општина Кратово е непрооден поради изместени пропусти на Крива Река во село Крилатица.Локалните патни правци во општина Ранковце се проодни во зимски услови.
Од утринските часови интервенирано е на чистење на улиците и патиштата во селата: Опила, Одрено, Псача, Петралица и Гиновце.
Локалните (земјени) патишта с.Петралица–с.Баратлија, с.Радибуш–с.Криви Камен, патот кон село Милутинце, кон село Отошница (повисокиот дел) се проодни само со теренско возило.

Локалните патни правци во општина Крива Паланка се проодни во зимски услови.
Од утринските часови интервенирано е на чистење на улиците во градот Крива Паланка и локалниот пат кон манастирот во село Варовиште.

Локалниот пат с.Огут–с.Нерав, е непрооден поради висина на снег и локалниот (земјен) пат с.Дурачка Река–Дренак е непрооден поради висина на снег, отсечено е с.Дренак.
Локалниот (земјен) пат с.Мождивњак-с.Борово е непрооден поради висина на снег, отсечено е с.Борово. Останатите локални патишта кои водат кон селата во општината се проодни , но само со теренско возило.

На териоторијата на општина Кратово по обилните врнежи во изминатиот период локалниот патен правец Кратово-с.Каврак во планинскиот дел е под снежна покривка од 35 цм и сообраќајот не се одвива. Локалните патни правци во низинскиот дел се одвиваат со теренски возила до с.Коњух. Патниот правец с.Сакулица-с.Татомир е во прекин поради снежна покривка од 30 цм.

Патниот правец с.Крилатица-с.Ранковце е во прекин поради однесен премин преку К.Река, Којково, Крилатица, Куново, Нижилово, Мушково, Луково, Талашманци, Татомир и Тополовиќ.

Извор: ЦУК

Македонија

Од предмалку сообраќајот е во прекин кај „Новоселски мост“ превој „Стража“ поради случена сообраќајка

Објавено пред

на

Од 11:00 ч. сообраќајот е во прекин на маг. пат Гостивар-Стража кај „Новоселски мост“ поради случена сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ, додека детали за случената сообраќајка до сега немаме.

Прочитај повеќе...

Македонија

Ќерка повредила мајка: Старица од село во Македонски Брод била повредена од остар предмет

Објавено пред

на

На 01.04.2024 во 19:40 часот во Пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом Македонски Брод било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод.

Според пријавеното, таа била повредена од нејзината ќерка.

Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува МВР.

Прочитај повеќе...

Македонија

Од ноќеска дизелот ќе биде со намалена цена, додека бензинот минимално се покачува

Објавено пред

на

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 85,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 25.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 87,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.03.2024 година и со тоа
малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 76,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 75,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,683 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот
М-1 НС изнесува 45,459 ден/кг, известува РКЕ.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт4 часа

ФФМ денес одржува редовно генерално собрание, каде свое обраќање имаа претставници на УЕФА кои ја пофалија досегашната работа и залагање за фудбалскиот развој

Фудбалската федерација на Македонија го одржува своето Редовно генерално Собрание. На Собранието пред присутните 58 од вкупно делегати, свое обраќање...

Спорт7 часа

Олимписките федерации против паричните награди за освојувачите на златни медали на „ОИ“ во Париз

Олимписките спортски организации вчера ја критикуваа Светската атлетика која на спортистите им вети по 50.000 долари за секој освоен златен...

Спорт14 часа

Бугарскиот тениски судија Павел Атанасов трајно суспендиран да суди и да присуствува на тениски настани организирани од ИТИА

Бугарскиот тениски судија Павел Атанасов е доживотно суспендиран поради 21 прекршувања на тениската антикорупциска програма (TACP), извести вчера Меѓународната агенција...

Временска прогноза14 часа

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи

Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд...

Хороскоп17 часа

Хороскоп за сабота (20 април)

ОВЕН Се чувствувате одлично и ќе треба да го споделите вашиот оптимизам со другите, но исто така и финансиите. Само...

Балкан17 часа

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во нејзиниот стан, жалната вест силно одекна во Србија, колегите и блиските се простуваат од неа

Водителката Бојана Јанковиќ (поранешен Николиќ), која се прослави како водителка на култното шоу на Пинк „Град“, е пронајдена мртва во...

Кичево18 часа

(ВИДЕО) Конечно во етер „Spring Waltz“ на Лука Лазарески од Кичево, големиот виртуоз на пијано за кој допрва времето доаѓа..

После солистичкиот концерт на 22.12.2023 со мотото „Stars without a Sky“, тимот на Лука Лазарески продолжува со макотрпна работа, сега...

Спорт1 ден

Во недела град Велес е домаќин на футсал финале во рамките на „Купот на Македонија“, за трофејот ќе се борат „Клими“ и „Форца 2015“

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македонија. Финалната пресметка...

Гејминг1 ден

World of Warcraft доаѓа на конзоли?

Идејата дека World of Warcraft би можел да дојде до конзолите е пуштена безброј пати, а изгледа дека Blizzard конечно...

Култура1 ден

Кичевчанецот Зоран Стефаноски го претстави својот нов соло проект наречен Fly Above

Неговиот седми музички проект „Fly Above“ штотуку е објавен на Youtube, зад себе има уште шест музички проекти наречени “The...

НАЈЧИТАНИ