Следете не

Култура

Честит именден: Денес се слави Св.Архиѓакон и Стефан кој бил каменуван оти проповедал дека во Исус не веруваат само лошите луѓе

Објавено пред

на

(Именден празнуваат: Стефан, Стефанка, Стефанија, Фанија, Фанка, Стојан, Стојанка, Стојмен, Стоичко…)

На третиот ден од празникот Божик светата православна црква го празнува споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан. Тој е наречен првомаченик затоа што тој прв настрадал за Христовата вера. Веднаш по слегувањето на Светиот Дух во Ерусалим била формирана христијанска општина, биле избрани седум ѓакони да се грижат за сиромасите, за болните, старите, вдовиците и да ги делат подароците што христијаните ги давале на црквата. Најстар во тие седум ѓакони бил Стефан поради што бил наречен архиѓакон.

Еднаш мноштво Евреи, фарисеи и садукеи се расправале за Исус Христос. Едни тврделе дека е вистински син Божји, други дека е пророк, трети дека е измамник. Тогаш се замешал Стефан кој инспиративно зборувал за Исус Христос напомнувајќи дека во него не веруваат само лошите луѓе. Посрамотените противници што не можеле на Стефан да му се спротивстават со факти веднаш го наклеветиле пред насобраниот народ дека ги навредувал Мојсиевите закони.

Разгневениот народ поверувал на лажните обвиненија и на лажните сведоштва. Го изнесле Стефана надвор од градот и го каменувале. Умирајќи тој се молел на Бога за себе си, но и за тие што го убиле. Во претсмртниот час извикал: „Господе, не земај им го ова за грев.“ Народот што го каменувал Стефана му ја соблекол белата облека и му ја дал на едно момче по име Савле да ја чува. Тоа момче, во тоа време жесток противник и прогонувач на христијаните, подоцна со името Павле, станало најголем приврзаник и афирматор на христијанството. Христијаните го зеле телото на Стефана и достојно го погребале во близината на Ерусалим.

Култот на св. Стефан е стар колку и самата Христова црква, зашто тој е почитуван исто колку и апостолите. Уште светиот апостол Павле него го нарекува маченик Христов. Култот особено пораснал по наоѓањето на неговите мошти и нивното пренесување во Цариград. Преданието вели дека пренесувањето на моштите на св. Стефан во Цариград било за време на владеењето на Константин Велики и за време на патријархот Митрофан. Животните што ја влечеле колата во кои биле моштите на св. Стефан на едно место одеднаш застанале и со човечки глас рекле:

„Зошто нè тепате? Светецот треба да биде поставен овде!“ Царот веднаш на тоа место подигнал црква посветена на првомаченикот.

И во црковните песни и проповеди св. Стефан се нарекува: прв, врв на мачеништвото, почеток на мачеништвото, прв во маченичката фаланга итн.

Народот го празнува Свети Стефан на 9. I./27 XII, а тоа е третиот ден од празникот Божик. Тогаш се оди на именден кај Стефановци, но сите песни, верувања и обичаи што се изведуваат на овој ден се поврзани со Божик.

Тропар
Свети првомаченик и архиѓакон Стефан

Првомаченику Христов и апостолу, со добар подвиг си се подвизавал и си го изобличил безбоштвото на мачителите. Бидејќи со камења беше убиен од рацете на беззакониците, прими венец од Десницата што е во височините, а на Бога Му се молеше, извикувајќи: Господи, не замај им го ова за грев! (Подготви Марко Китевски)

Култура

Чистиот Понеделник – почеток на „Четириесетдневната пролет“ на покајанието

Објавено пред

на

©bigorski.org.mk

Влеговме во светата и блажена Велика Четириесетница, во ова духовно патување што ни е дадено како лек за нашата душа, како можност за обновување, како враќање кон светлината Божествена. Бигорската Обител денеска е озарена од мистичната атмосфера на Чистиот Понеделник, денот кога зачекоруваме на патот на очистувањето, на покајанието, на преобразувањето во Христовата милост.

Во ова прво пустинско деноноќие, кога срцето веќе ја вкусува сладоста на подвижничкиот подвиг, во Манастирот тивко се разлева звукот на долгочасовните богослужби, кои како поток на благодатта течат во душите на оние што пристапуваат кон постот со ревност и со љубов. Гласовите на браќата се издигнуваат во псалмопеења, во пророчки читања, во светоотечки посланија; сè сведочи за светата тајна на покајанието, кое не е ништо друго, туку враќање во домот на Отецот небесен.

„Дојдете луѓе, дарот на постот денес да го примиме, како од Бога дарувано време за покајание, и во него Спасителот да Го смилостивиме“.

Особено трогателен е Великиот Покаен Канон на Свети Андреј Критски – таа молитвена исповед, што го наведува срцето на самопрегледување, на покајнички плач, на длабока внатрешна потресеност. Нашиот возљубен Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, ги читаше неговите чудесно вдахновени стихови со посебно умиление, со глас полн со сериозност и љубов, со глас што го повикува секој присутен да се соочи со својата душа, да се сретне со себе самиот, да ги согледа сопствените слабости, но и да положи надеж во бездната на милосрдието Божјо.

„Душо моја, душо моја, стани, зошто спиеш? Крајот се приближува и ќе се смутиш. Разбуди се, за да се смилува Христос Бог, Кој е насекаде и сè исполнува“.

Во овој ден на исихија и молитва, во квечерината што го покрива светот, од светите сводови на Манастирот се издигнаа и првите песнопенија на Великото Повечерие.

„Со нас е Бог! Разберете, народи, и покорете се, зашто со нас е Бог!“

Чистиот Понеделник е дар. Тој е почеток на патувањето кон Пасхата, кон Воскресението. Не како некоја надворешна дисциплина, не како обична жртва, туку како откровение за тоа кои сме, каде сме и каде треба да одиме. Затоа, овој пост да не биде само воздржување од храна, туку отворање на срцето за дејствително покајание, за прошка, за добрина, за љубов.

„Да постиме со пост пријатен, благоугоден на Господа, а вистински пост е: бегање од злото, воздржување на јазикот, отфрлање на гневот, на похотите, на озборувањето, на лагата, на прекршување на дадено ветување. Ако овие нешта ги оставите, постот е вистински и благопријатен“.

„На покајанието отвори ми двери, Жизнодавче, зашто утренува духот мој кон светиот храм Твој, храмот носејќи го телесен сиот осквернавен; но, како сожалив очисти ме, според благоутробната Ти милост!“ – повикува душата. А Бог, со неискажлива милост, ни ги отвора тие двери. Нè чека. Нè повикува. Да не Го оставаме да чека, истакна Бигорскиот Манастир, повеќе фотографии прегледајте на официјалниот линк ТУКА

Прочитај повеќе...

Култура

Добитници на Оскар 2025: „Anora“ е големиот победник на вечерта

Објавено пред

на

Синоќа, во театарот Долби во Лос Анџелес, се одржа 97-то доделување на Оскарите.

Филмови со најмногу номинации

  • Мјузиклот “Emilia Pérez” предводеше со 13 номинации – рекорден број оваа година.
  • По него следуваа “Wicked” и “The Brutalist” со по 10 номинации.

Големата победа на “Anora”

Филмот “Anora”, во режија на Sean Baker, беше најголемиот победник на вечерта. Освои пет награди, вклучувајќи ги Оскарите за најдобар филм и најдобра актерка, пренесува CNN.

Церемонијата во знакот на Конан О’Брајан

  • Конан О’Брајан за првпат беше водител на доделувањето на Оскарите.
  • Настанот започна со специјален филмски сегмент посветен на Лос Анџелес, кој оваа година беше погоден од пожари.
  • Вечерта ја разубавија и Ariana Grande и Cynthia Erivo, со релаксирачка музичка изведба од “Wicked”.

Други забележителни моменти

  • “The Brutalist” ја заврши вечерта со три награди, вклучувајќи и Оскар за најдобар актер за Adrien Brody.
  • “Wicked” и “Emilia Pérez” освоија по две награди.
  • Најголемото изненадување беше филмот “A Complete Unknown”, кој иако имаше осум номинации, не освои ниту една награда.

Победници на Оскар 2025

Најдобар филмAnora

Номинирани за најдобар филм:

  • Anora
  • The Brutalist
  • A Complete Unknown
  • Conclave
  • Dune: Part Two
  • Emilia Pérez
  • I’m Still Here
  • Nickel Boys
  • The Substance
  • Wicked

Најдобар актерAdrien Brody (The Brutalist)

Најдобра актеркаMikey Madison (Anora)

Најдобар режисерSean Baker (Anora)

Најдобра споредна женска улогаZoe Saldaña

Најдобра споредна машка улогаKieran Culkin

Најдобра филмска музикаThe Brutalist

Најдобра монтажаAnora

Најдобар филм на странски јазикI’m Still Here

Најдобро адаптирано сценариоConclave

Најдобро оригинално сценариоAnora

Прочитај повеќе...

Култура

Денеска е „Прочка“ ова се верувањата и обичаите за овој голем ден

Објавено пред

на

Прочка или Велики поклади, е ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост. Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на седум недели пред Велигден.

„Прости ми, да ти простам“ со овие зборови денес верниците, на големиот празник, ќе забораваат на кавгите, на проблемите, на недоразбирањето и со чиста совест и душа ќе ги започнат велигденските пости.

За овој наш христијански празник Прочка семејството би требало да го поминат во пријатна и топла атмосфера во богата трпеза. Помладите членови од семејството треба да побараат прочка од постарите членови со зборовите „прости ми“, а постариот член одговара „простено да ти е од мене и од Бога“.

Обичаи – амкање и простување

На овој ден се изведуваат богати обичаи како што се проштевањето, оттука и празникот го добил името, потоа амкањето, обредните огнови, богатата трпеза, гатањето за живот и среќа, обичаите за очистувањето од болви, вошки и други штетници. Обичаите се стари и македонски, кои се пренесеуваат од колено на колено меѓу генерациите.

Мора да се напомене, дека од верски аспект, само простувањето како обичај има христијанска основа, додека други се остатоци од претхристијанските пролетни празнувања.

Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни продукти или сукани пити. Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца.

Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда.

Еден од главните елементи на Прочка е маскирањето и преоблекувањето. Според обичајот, за Велики поклади порано се маскирале само мажите, а маските требало да бидат што пострашни и посмешни.

Затоа денес заборавте на сите недоразбирања и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Технологија2 часа

Шокантна измама во „Google Maps“: 10.000 лажни профили „демнеле“ жртви

Гугл откри шокантна измама на својата популарна апликација „Google Maps“, во која се вклучени повеќе од 10.000 лажни деловни профили....

Македонија5 часа

Министерството за здравство: „Ги следиме потребите на локалното население во Кочани, зајакнати се медицинските тимови и се на терен“

Министерството за здравство е во постојана комуникација со кочанската болница и ги става на располагање сите расположливи ресурси според потребите...

Автомобили6 часа

Новата „Alfa Romeo“ покрај бензинските мотори за моделите „Stelvio“ и „Giulia“ пристигнува и хибридниот погон

Новата генерација на „Stelvio“ ќе има стандардни бензински варијанти, како и целосно електрична верзија. Пред неколку години, Стелантис рече дека...

Скопје7 часа

(ФОТО) На „Бит Пазар“ пронајдени и одземени 10,000 пиротехнички средства наменети за продажба

Денеска (20.03.2025), полициски службеници од СВР Скопје на подрачје на Бит Пазар го лишија од слобода Б.Д. (53) од Скопје....

Хроника8 часа

Странските медиуми со траорни фотографии и директни преноси известуваат од Кочани и покрај најострата и недвосмислена осуда на Владата!

Истакнатиот безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од трагедијата во Кочани денес сепак беше забележано...

Хроника10 часа

МВР ги овјави имињата на трагично загинатите во Кочани

Не постои збор со кои можеме да ја искажеме болката и тагата која ја чувствуваме за прерано изгубените животи во...

Македонија11 часа

ЗНМ со уште еден апел до колегите новинари кои известуваат од Кочани

ЗНМ потсетува дека известувањето од денешниот погреб мора да биде во согласност со претходно утврдениот протокол и со основните принципи...

Кичево13 часа

В сабота во нашиот храм Св. Петар и Павле – Кичево, ќе се богослужи Заупокоена Литургија, поради смртта на трагично загинатите во Кочани

Поради смртта на трагично загинатите во пожарот во Кочани, во сабота ќе се богослужи Заупокоена Литургија со почеток од 08:00...

Хроника13 часа

Ана Костадиновска за прв пат се огласи на фејсбук и прости од своето второ семејство

За прв пат после катастрофата во Кочани се огласи Ана Костадиновска, која е на домашно лекување, член на бендот и...

Скопје14 часа

МВР експресно ги лиши од слобода лицата кои правеа огномет синоќа во Скопје

На 19.03.2025 околу 21.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во градскиот парк во Скопје има огномет и не...

НАЈЧИТАНИ