Временска прогноза
Обновено: Циклонот кој носи многу дожд, грмежи и снег доаѓа во Сабота

Под влијание на изразениот циклон АЛЕН кој ќе пристигне во Македонија оваа сабота ќе услови значителна промена на временската состојба кај нас и големо дестабилизирање на атмосферата. Ќе има зголемување на облачност и во сабота доцна попладне и навечер од запад ќе започнат врнежи од дожд кој во текот на ноќта кон недела и во недела ќе се прошират насекаде и локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ а исто така ќе започне да дува и јужен ветер кој повремено ќе засилува по интензитет.
Локално се очекува и развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за поинтензивни процеси во форма на невреме со појава на град. Веќе во понеделник доцна попладне и навечер кон вторник ќе започне да дува засилен ветер од северен правец со што од север ќе се спушти значително постуден воздух па така поради значителниот пад на температурите на воздухот на планините врнежите од дожд ќе поминат во врнежи од снег со што има услови да дојде и до формирање на нова снежна покривка. Локално се очекува позначително количество на воден талог (над 20 л.м2).
Инаку ширум регионот овој викенд се очекуваат доста интензивни врнежи кој локално ќе бидат проследени со грмежи а има услови и за град, се очекува да наврне и значително количество на воден талог со што има услови и за локални поплавување. Исто така поради студениот воздух на повисоките и планинските места повторно се очекуваат поинтензивни снежни врнежи и формирање на нова снежна покривка која понекаде на високите места може да достигне и над 20 сантиметри.
Подготви: Славчо Попоски /1tv.mk
Временска прогноза
Попоски: Рана најава за снежни врнежи, дали февруари ќе биде снежен месец?

Следува период на ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО и променливо време со сончеви периоди. Повремено ќе има услови за локално и слабо провејување на СНЕГ. Исто така повремено ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец.
Минималните температури НАСЕКАДЕ ќе се спуштаат под нулата, и истите понекаде ќе се спуштат и до близу -10 степени. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.
Во Скопје ќе имаме слично време.
РАНА НАЈАВА: Барем одсега гледано уште постуден воздушен бран од север и снежен бран нашата територија ќе ја зафатат од четврток. Ова ќе биде проследено и со СИЛЕН ветер од северен правец. Ако нема промени во нумеричките модели, наскоро следува детална и вонредна метео анализа
За Порта пишува Славчо Попоски
Временска прогноза
Засилен северен ветер, наутро ниски температури под нулата, ова е најновата метео анализа

Вечерва како и утре и тоа особено Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец.
Наутро температурите насекаде ќе се спуштаат под нулата, особено за време на викендот како и во првите денови од следната недела. Истите тогаш ќе се спуштаат во интервалот од -9 до -2 степени а на високите планинските места температурите ќе се спуштаат и под -10 степени.
Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 9 степени, што значи студено ќе биде и преку ден.
Во Скопскиот регион исто така има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег. Денес попладне и навечер како и утре ќе дува северен ветер и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу –2 и 1 степен, додека максималната ќе се искачува до околу 5 степени.
За нашиот медиум пишува Славчо Попоски од метеоаларм.
Временска прогноза
Продор на влажен бран ќе ги зачести дождовите, како и снегот на планинските места – ова се последните метео вести..

Во втората половина од претстојната ноќ према утринските часови кон утрешниот ден, како и утре поради продор на влажен бран од југ во присуство на студен воздух од север на повеќе места ќе има врнежи од снег. Повремено врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, особено во јужната и источната половина од државава. Ќе дојде до зголемување на снежната покривка за 10 до 15 цм и тоа на повисоките и планинските места каде што веќе ја има, локално и до 20 цм.
На пониските места од истокот и од југот ќе се формира снежна покривка и на пониските места (локално од 5 до 10 цм снег). Барем според сегашните анализи најмалку снег, или ни малку ќе добијат централниот дел од Македонија, како и Охридско – Струшкиот регион, иако и таму има помали услови за малку да побеле.
Во Скопје дожд, повремено дожд и снег или мокар снег и без некоја снежна покривка.
НАПОМЕНА: На пониските места понекаде ќе има појава на лапавица (дожд и снег).
Што се однесува до претстојната ноќ према утринските часови од утрешниот ден од Медитеранот на повеќе места ќе има нови врнежи од дожд и снег на пониските места (градовите) и само снег на повисоките места и на планините, каде снежната покривка дополнително ќе се зголеми. Овој пат појава на мокар снег понекаде ќе има и во градовите, особено во јужниот, западниот и источниот дел од Македонија и таму се очекува формирање на мала снежна покривка (локално од 5 до 10 цм).
Врнежите ќе продолжат и утре, како и во петок, а посуво време барем одсега гледано ќе има за време на викендот.
Температурите наутро ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 2 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени.
Постудено особено наутро ќе биде за време на викендот и тогаш минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата, а понекаде ќе се спуштат до околу -10 степени, на планинските места и под -10 степени.
Во Скопје ќе има врнежи од дожд со овој нов влажен Медитерански бран, но не се исклучува можноста повремено да има и појава на дожд и снег во делови од котлината, особено во повисоките предели. На околните планини ќе врне само снег.
За порта.мк истакна Славчо Попоски.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (28 јануари)
-
Скопје19 часа
Кичевчанка во Скопје пријавила дека таксист недолично се однесувал и ја допирал по телото
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за недела (29 јануари)
-
Временска прогноза19 часа
Попоски: Рана најава за снежни врнежи, дали февруари ќе биде снежен месец?
-
Временска прогноза2 дена
Засилен северен ветер, наутро ниски температури под нулата, ова е најновата метео анализа
-
Магазин2 дена
Netflix го завршува споделувањето на сметките до март 2023 година
-
Здравје и убавина23 часа
Истражување покажало дека трчањето го продолжува животот
-
Магазин2 дена
Големи отпуштања во Amazon: Одделот за испорака на беспилотни летала на Prime Air е на пат