Кичево
Машинско чистење на теписи со „Clean Home“ – Кичево
Нашите партнери „Clean Home“ се вистинското решение за вашиот дом.
Машинското перење нуди и сушење на теписи со најсовремени машини, како и најквалитетни еко-детергени и тоа за неверојатни 24 часа.
„Clean Home“ веќе 3 години работи со дејноста која вие неопходна за вашиот дом и како сервис кичевчани имаат висока оценка, бидејќи покрај квалитетните услуги ви нуди и транспорт на вашиот продукт од и до вашиот дом.
Треба да се знае дека со нашето професионално перење и грижа на теписи ќе се намали акумулирањето на бактериите кои се создаваат со тек на времето.
Телефонскиот број 078/909-992 е отворен за вас, закажете термин и не чекајте, пролетта започнете ја со свежина во вашиот дом – преку современите машини на „Clean Home“
Кичево
(ВИДЕО) Конечно во етер „Spring Waltz“ на Лука Лазарески од Кичево, големиот виртуоз на пијано за кој допрва времето доаѓа..
После солистичкиот концерт на 22.12.2023 со мотото „Stars without a Sky“, тимот на Лука Лазарески продолжува со макотрпна работа, сега со креирање на аудио и видео записи. Во агендата ова е прво видео, додека на плејадата се токму 8.
Овој млад виртуоз кој ја има поддршката речиси од сите, се разбира и од нас како медиумски покровители, несомнено ќе биде еден од истакнатите ликови кој Македонија ќе се гордее кога е во прашање пијаното, така што додека неговата работа ја следат токму сите светски и реномирани компании, вредно е преку нашиот веб простор да им се заблагодариме во име на тимот на Лука, а тоа се: „iStyle Premium, Atlantic Grupa, „ATVA“ Residence, Маркети „АТВА“ и останати“
Сега, ве препуштаме да уживате во одличниот видео запис и прекрасната „Spring Waltz“, отсвирена на 8-ми мај 2022 година во чест на Владиката Партениј, Игумен на Бигорската обител, на големиот Велигденски концерт во Кичево – „На многаја лета, Владико на нашите срца!“
Повеќе за неговиот концерт ќе најдете на официјалниот линк ТУКА
Кичево
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
Мнистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на Одделението за внатрешни работи Кичево и Полициските одделенија Зајас и Осломеј кои се во негов состав.
Во рамки на посетите министерот Тошковски одржа состаноци со раководствата на организациските единици и беше запознаен со структурата, тековните активности, движењето на криминалитетот и состојбата со човечки ресурси и техничка опременост.
– „Генерално на територијата на ОВР Кичево каде живеат повеќе од 50 илјади жители има стабилна безбедносна состојба и има над 50% реализација на кривични дела и покрај фактот што има ниска пополнетост со полициски службеници и стари возила. Што се однесува до Полициските одделенија Зајас и Осломеј се забележува намалување во делот на евидентирани нарушувања на јавниот ред и мир, а во делот на човечки ресурси и материјално-технички средства состојбата е како и во најголемиот дел од организациските единици“, за медиумите истакна министерот Тошковски.
ФОТО:
Извор: Министерство за внатрешни работи
Кичево
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
Кичевското осново училиште Д-р „Владимир Полежиноски“ оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска во рамките на проектот „Размислувам, избирам, учествувам, Ученикот како активен граѓанин.“
Утре петок, 19.04.2024, со почеток од 11:00 до 13:00 часот во училиштето ке се одржи „Safe Spot Festival“ со тема – Интернет безбедност, така што колегиумот упатува покануваме до сите, да присуствуваат на овој настан, ќе биде забавно.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (19 април)
-
Кичево1 ден
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
-
Култура14 часа
Кичевчанецот Зоран Стефаноски го претстави својот нов соло проект наречен Fly Above
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
-
Балкан4 часа
Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во нејзиниот стан, жалната вест силно одекна во Србија, колегите и блиските се простуваат од неа
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за сабота (20 април)
-
Кичево4 часа
(ВИДЕО) Конечно во етер „Spring Waltz“ на Лука Лазарески од Кичево, големиот виртуоз на пијано за кој допрва времето доаѓа..
-
Хроника2 дена
Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.