Свет Случувања

Човекот се обиде да прегрне лав, па се случи чудо (ВИДЕО)

Кевин со децении се занимава со истражување на овие големи мачки  од Јужна Африка кои живеат во Савана …

Кога би слушнале од некој дека сака да се обиде да прегрне лав, најверојатно би го советувале да не го прави тоа, за ова животно од околу 400 килограми да не го повреди. Но овде станува збор за јужноафриканскиот зоолог Кевин Ричардсон.

Со децении, Кевин ги истражува овие големи јужноафрикански мачки кои живеат во Савана. Ако некој друг се обиде да прегрне лав, веројатно не би завршил добро, но кога Кевин ќе се обиде, ова навидум опасно животно ќе му возврати со иста мера.

Сигурно никогаш нема да видите ваква прегратка во вашиот живот! Кога џиновското животно ќе ги смести своите шепи околу Кевин, не може да не почувствувате љубов и почит. Кевин, својата врска со животните ја користи за да му каже на светот со какви проблеми се соочуваат животните во Јужна Африка.