Кичево Култура Музика

Кичево гордо на своите музички имиња: Даниел плени со својот саксофон, нов спот за своето второ оро (ВИДЕО+ФОТО)

Нашиот град од секогаш бил горд на младите музички имиња кои создаваат музички дела, кои творат, кои вложуваат во своите музички квалитети..

Младиот саксофонист Даниел Божиноски од Кичево член на познатиот музички состав НОТА Бенд, студент на Факултетот за музичка уметност во Скопје е еден од нив, кој гордо чекори во порите на музиката и дувачките инструменти.

После „Алтано оро“ денес во соработка со ИН Продукција излезе во етер неговото второ музичко дело под наслов „Дандо Са Са“ кое беше на огромно задоволство прифатено од Македонските музички изведувачи.

🎼Комплетниот аранжман е дело на маестро Златко Миладиноски, за мелодијата сите заслуги се на фолк пеачот од Кичево – Спасен Сиљаноски, додека видео едит и графика на Ване Петкоски (IN Tv) / дрон Давор & Ване.

Ве препуштаме да уживате во ова прекрасно музичко дело: